И да и не...затоа што кога ќе се облечеш дотераш ако тоа не го правиш често одма се забележува како друг човек да си....но ако ти си расипан човек можеш да се облечеш во најскапиот фустан џабе ти е тоа...
не е така човекот ако е убав не е битно како е облечен се гледа какво му е срцето а не облеката или убавината
Ако грд човек облече убава облека нема да му стои не го прави убав но убавиот човек сеедно каква облека има на него тој секогаш е убав но секако сите ние сакаме да бидеме убаво облечени тоа ни ја зголемува самодовербата и кога сакаме да бидеме во центар на внимание или понекогаш сакаме да освоиме нечиј поглед. Но сеедно надворешната убавина не е најважна... Најважна е внатрешната убавина нашиот карактер, особини, ставот.. Но сепак ние самодовербата и самопочитта не треба да ја градиме врз тоа како изгледаме надворешно треба да се запрашаме кои навистина ние сме во себе дали навистина сме добри дали заслузуваме почит разбирањје
Како прво треба да знаеш да ја носиш убавата облека а второ ако не блескаш од внатрешна убавина во комбинација со харизма џабе ти е и најскапото парче облека. Облеката знае да биде и маска за човекот ама и негов атрибут
Облеката го прави човекот само облечен и ништо повеќе, не може да го направи почовечен. Ако си ти човек ќе бидеш човек и со наједноставни парчиња на тебе и со најскапи и најубави. Може да го направи да изгледа погламурозно или повпечатливо, но не може да го направи внатрешно побогат никого. Колку и да се скапи алиштата ти ако си духовно сиромашен џабе ти се сите партали на тебе.
Да, многу примери ми укажаа на тоа дека облеката го прави човекот. Но навистина треба да знаеш како да ја носиш таа облека што ја имаш на себе. Ако не, пак е залудно
ДА , облеката многу кажува за човекот , стилот е многу важна работа , човек без стил , значи дека нема свое ЈАС мое мислење
НЕ! Облеката не го прави човекот туку карактерот. Може да се облечеш во најскапите парчиња облека но за џабе ако немаш карактер и ред други работи! Мое мислење е дека човекот не треба да се цени според облеката и изгледот.
Руба краси, руба гнаси - што би рекле во нашите краишта. До некаде да, но џабе и најскапиот фустан и најскапата облека ако човек внатре е празен, бездушен, ако ја нема онаа харизма, ако е лош.. Правиот човек што и да носи секогаш ќе биде човек.
се согласувам со дуффи ама не секогаш е така ај ти имај си карактер незнам каков и појави се на деловна средба со најголеми компании ко питач растргнат од кучиња,и така не ја бива. треба да си има сопствен стил по кој кје го препознаваат меѓутоа да биде пристоен стилот.
Вака сега облеката ни кажува многу значи за човекот.Облеката го прави човекот дотеран и ништо повеќе.Облеката ни помага да оставиме што е можно подобар впечаток,но можеме со ена сакајчи да оставиме добар да оставиме лош впечаток. Но, ајде дотеран среден а од внатре празен. што корист има од облеката? ништо! Облеката на еден начин не опишува какви сме од внатре.
Неодамна прочитав една работа која ми остана врежана во глава. Гласеше вака некако - Живееме во суров свет во кој многумина од луѓето мислат дека си на пониско ниво од нив ако не си добро облечен... И да, сакале да признаеме или не тоа е вистина.
Облеката кажува многу за човекот, а како другите ке го протолкуваат тоа.. тоа е веке нешто друго. Пример од каде тоа дека сите кои се облекуваат рокерски, панкерски или незнам ти како, се наркомани? Смешка. Тоа ми беше муабетот. А тоа дека живееме во затуцана држава со close-minded people кои судат според изглед е чиста вистина, сакал некој да признај или не.
Облеката НИКАКО не го прави човекот, многу јасно тоа! Но, за жал денес сите те судат по изгледот,колку ние и да го негираме тој непоборлив факт.Нам сите ни е јасно дека некој има помалку , а некој повеќе пари да се облече.Некој воопшто.Но човештвото , тоа како да не го разбира, што всушност е трагично, дебилно и ограничено...А за стилот, кој го има секоја личност е друга приказна колку етикети може да ни донесе.
Облеката само залажува луѓе...Што дека сум добра,паметна,искрена многу ретко машко ми се пушта и тоа ми се пуштаат пријателите бидејки знаат каква личност сум.А на излегување машките им се пуштаат на моите другарки кои се пицнати,фустанче до под газенце,црвено карминче а јас сум со фустанче до колена и не е тесно туку така пага надолу.Не дека ги потценувам но повеке вредам од нив а сепак тие по нив трчаат. Облеката ги залажува луѓето!
Облеката го прави човекот. Исто и целокупниот физички изглед... Пример, влегува дебело момче во бели панталони и розева кошула... или пак овие влегуваат да седнат на кафе и ви се пуштат Ефтината облека, може и да не и се примети цената.. Но она што отскокнува не иде... Едноставно првата импресија за лугето ја создаваме преку нивниот физички изглед, а таа е многу важна и треба време да се смени. Еве овие типци на сликата можеби се супер, и доколку нивните идни женски побарат од нив да се облекуваат малце по нормално ке прифатат, но еве сега 90% ке ги одбиваат ради тоа, а можеби се принцовите од бајките... Тоа е ако си дебел и недотеран те бришат.. Сурово ама точно..
Начинот на кој што човекот ја носи облеката зборува за него Пример имам познаничка која често и се случува да излезе во град со џебови извадени од фармерки, со неиспеглана (лошо испеглана) блуза, со несредена коса и сл. што веднаш укажува на тоа дека се работи за несмасна личност и личност што воопшто не се труди околу изгледот. Нема секој финансии за да си дозволи многу парчиња облека и безброј комбинации но секој може да се потруди тоа што го има да го носи уредно и чисто. Е сега секако дека луѓето многу повеќе ќе ве забележат ако сте скоцкани, дотерани, облечени во ново и сл. но од друга страна премногу без врска е некој да ве цени само поради убавата облека.