Облеката при одење во црква

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Имам доста заприметено,дека многу девојки одат во црква како на кафе да одат. Зарем до толку немаат грам совест.
    Колку вие внимавате на ова?
     
  2. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Облеката,при одење во црква

    Вистината е дека треба да се облекуваат пристојно, ама исто така е вистина и дека облеката не ја покажува вербата во Бога. Некоја може да се облече најпристојно, а да иде во црква онака затоа што одат другарките или таму ќе види некој (на денешно време со изместениве вредности, ова се случува се почесто). Искрено веќе ретко се изненадувам од однесувањето на луѓето, па и од ова.
    Ретко одам во црква, ама кога одам гледам тоа што го носам да е пристојно и да не е за на кафе.
     
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Облеката,при одење во црква

    Јас секогаш одам или со долг фустан или со пантолони и широка кошула која ми покрива и задник и се...
    Мислам дека е многу убаво тоа што по некои манастири почна задолжително да се носат долги и широки сукњи и жените да ставаат марама на глава... Барем да се надеваме дека ќе стигне свеста кај народов
     
    На meckicka и rak4estip им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Облеката,при одење во црква

    Прашање ван темава, ама ме интересира. Зошто мажите не треба да стават марама на глава? Што е тоа што жените треба да го покријат, а мажите не?
    Ова не во негативен контекст да ме сфатите, само ме интересира :)
     
    На Lolo5, dayla, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Облеката,при одење во црква

    Те сваќам...
    Истово го имам разговарано и со отец и со монахиња.
    Еднаков грев е маж да влезе со капа а жена да влезе во црква без марама...
    (сем многу нормално, монасите, поповите, владиките... кои си ги носат тие капи)

    Мислам дека подобар одговор би ни дала Серафима
    јас толку знам :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Облеката,при одење во црква

    Мене ме интересира зошто во другите манастири дозволуваат да влегуваме како сакаме облечени, а во Лесновскиот Манастир мора во долги суќни, фустани да бидеме? Дури има кај вратата суќни во случај ако некоја дошла со голи нозе.
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Облеката,при одење во црква

    Не толку одамна, ми раскажаа една приказна за тоа како луѓето функционираат и зошто ги прават работите што ги прават, а не знаат зошто ги прават :) Се надевам дека ова правило, жените да носат марами, а не мажите, не опфаќа нешто од темата дека жената има блудни мисли во главата, па да ги покрие (трескам од памет) :)
    Иначе, јас секако се носам пристојно, срам ми е од дома да излезам разголена пред моите, па тек потом пред народот. Во црква не одам, не ми прави разлика што ќе облечам. Не би требало луѓето да ги делиме по физичкиот изглед нели, кога на таа што ете со кратка сукња влегла во црква, можеби душата и е почиста од некој што отишол цел замотан. А во секој случај ќе и биде почиста, од онаа што наместо да се моли, криво ја загледува разголената и за неа лошо зборува и коментира :)
     
    На Angie.sec му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Облеката,при одење во црква

    Што мислите,што ќе прокоментирате за тоа што на пример, Русинките, православни христијанки-жените се скромни, покриени со марама, зрачат со мир, љубов и топлина, многу побожни. Дури има штанд пред некои цркви каде им делат бели марами, и кога излегуваат ги враќаат.
    А низ град, се облечени како и секоја западна девојка.

    Дури имам читано дека Евангелието бара жените да носат шамии.
     
    На hermosa и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Облеката,при одење во црква

    Сноу, мене ме интересира причината. Зошто? Имаш образложение? Појасни ми, искрено ме интересира, не сум читала библија, не сум побожен човек, ме интересира зошто е тоа правило (а објаснението да не биде така треба или така сите прават)
     
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.030
    Облеката,при одење во црква

    јас си одам пристојно облечена по фармерки а по некое правило женските треба да носат сукни колку шо имам слушнато
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.545
    Облеката,при одење во црква

    Мислам дека по физичкиот изглед не можеме да одредеме за каква личност се работи :!: Сепак јас кога одам во црква,панталони,блуза и патики :?:
    Мене искрено малку ме нервира тоа што прочитав,демек жената имала нечесни мисли а мажот не :o |(
     
    На Lolo5 и Angie.sec им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Облеката,при одење во црква

    ^ kravce, еве зошто,...тоа правило е засновано на зборовите на апостол Павле,кога ги поучува христијаните.Меѓу останатото вели: "Секоја жена која гологлава се моли на Бога,ја срами својата глава.Тогаш жената ако не се покрива,нека се ишиша,а ако и е срам да се ишиша тогаш нека се покрива"
    "Сакам да знаете дека, дека на секој маж глава му Христос. А мажот на жената и е глава"...заклучок, ако жената се моли гологлава го срами својот маж,а тој се срами пред господа.Со тоа пред бога се покажува дека нејзината глава т.е. нејзиниот маж се одрекнал од власта над неа,власта која му е поверена од Бога.Со самото откривање на главата при молитва во црква, жената покажува дека сега таа владее со својот маж.
     
    На NikiBastore и hermosa им се допаѓа ова.
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Облеката,при одење во црква

    ^ Која логика еј.. |(

    А еве јас што најдов.

     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Облеката,при одење во црква

    тоа не сум го измислила јас, така пишува....
    но ете се надевам Серафима малку подобро ќе ни објасни.
     
  15. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Не се чудам на твојата логика Сноу туку на тој што го напишал тоа.
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.779
    Пол:
    Женски
    :rofl: Полова дискриминација до бесвест па и плус нелогична, ни логика ни перде.

    Е најди му нзс на ова, сега да се шиша или да не се шиша? :^) Се збуниле самите или погрешно го превеле.
    Сите се еднакви пред Бог и сите еднакво одговараме за своите постапки.

    И зошто се повикувате на Серафима, таа си има свој став (кој и јас и го почитувам, зошто е црвста во тоа), но зар вие не треба сами да размислувате со своја глава? :?:
     
    На Hipster, Anne.B, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    ^Сметам дека Серафима ќе знае да ни го каже точниот одговор,зошто таа знае многу од оваа област.А неа ја познавам лично,и за многу работи што ја имам прашано секогаш знаела да ми каже,верувам во тие работи што ми ги кажала.
    Ете затоа ја спомнав.Зошто вака секоја од нас си знае некоја своја верзија од рекла казала чула недочула...
     
    На sweet10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    28.037
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во Бога, ама во Црква па и не толку многу.Мислам мене ме воодушевуваат со својата градба, мир, кога влезеш во нив, иконите, секако дека одам, но само на празници и понекогаш ако ете така имам потреба.Значи јас си верувам во Бога како оној кој не создал, кој ни го дал животот и има право да ни го земе, но нема да бидам искрена ако кажам дека ги почитувам сите Божии закони, па така и облекувањето на човек, најразлично,не го гледам како грев, според мене со тоа како ќе се облечеш, дали ќе ставиш марама на глава или ќе облечеш суќна, не кажува колку си побожен и безгрешен.Јас за во црква облакам нешто пристојно, фармерки, маичка, блуза или џемпер, зависи, не одам разголена зошто не се чувствувам удобно, сепак има икони, а тие ми се свети и не би да ги бакнувам и прекрстувам пред нив таква.Но, не ги осудувам лиѓето што се облекле поразлично од мене, зошто не им ја знам душата, може се побожни до срж, ама сакаат така да се носат.
    А ова со логиката за марамата ми е жива глупост, малку ми е и простачка теорија, извинете ми.Сноу немој да се навредиш, не се однесува на тебе :)
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Мажот владее со жената, па жената со мажот...Не сме сите исти пред Бога?
    Видете, јас знам дека Серафима добро ќе објасни :) ама еве вие истите што го почитувате ова дело, зарем немате свое објаснение зошто го правите тоа? Како тоа си ја почитувате верата, а истата не ја познавате? Тогаш што почитувате?
    Еве ти Сноу, ја отвори темата и ти ми одговори. Ти се согласуваш со напишаното? Дали тоа би значело дека мажот е поблиску до Исус, оти е маж и тој самиот и дали тоа значи дека мажот е поголем верник и поомилен кај Бога? А што толку срамно има во женската глава па мора да биде понизна пред мажот, а со тоа и пред Бога?
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.779
    Пол:
    Женски
    ^^ Snow-Queen, па и Серафима знае верзија за која што чула или прочитала, никој не може да знае точно. Најдобро е човек да размисли со своја глава и да ја најде логиката во сето тоа. Ако си пиела кафе со неа не значи дека потполно ја знаеш, јас не сум пиела кафе со неа ама знам можеби и повеќе од тебе за неа. И го ценам тоа што си има свое мислење, ама никогаш слепо не се потпирам на туѓите верувања, оставам простор и за своето.