1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облеката при одење во црква

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^Аbеја,никој не рече дека Серафима ќе ни го каже вистинското, туку мое мислење е дека она можеби би знаеала поточно некои работи.
    Точно е дека секогаш треба да оставиме простор и со своја глава да донесеме заклучок-тука си во право.
    А тоа колку ја познавам јас неа,тоа е приватна работа...не коментирам :)
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    На тоа се базира воглавно кај нас верувањето кај луѓето. Од рекла казала муабети што траат децении наназад, измешани со народни приказни, турски адети, бајачки ритуали... Навистина се малку луѓето што вистински си ја познаваат религијата.
    Често се интересирам за некои празници што ги имаме, па ги распрашувам луѓето за значењето и за обичаите што ги прават. Најчесто одговорот е дека така одсекогаш правеле, а всушност нивните постапки никаде не се оправдани во религијата.
    Последен пример ми беше за Успение на Пресвета Богородица, која од 6луѓе забрзани во црква, не добив ниеден точен одговор, што всушност празник е дента.
    зарем не ве интересира зошто?
     
    На La.Reina.Del.Sur и Abeja им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    В црква треба секогаш да се оди пристојно облечен. Замислете си одите на прием кај премиерот или претседателот (или претседателот на вашата партија :) ) дали пред него ќе излезете облечени во тренерки, во хеланки или пак нашминкани како кловнови? Дали ќе облечете миниќ два прсти над папук? Дали ќе излезете пред земниот владетел во маиче на прерамки? Или пак во некое блузиче со некакви непристојни пораки?
    Одговорот е не! Па затоа ни пред Небесниот Цар не треба така да се излегува.
    Е сега и духот на времето си го прави своето, па така некоја облека што сега се носи би била непристојна пред неколку векови, но и облеката што тогаш ја носеле денеска е непристојна (пр. маж во хаљина).
    Непристојно е в црква маж (а не дете) да влезе со капа, куси пантолони, маица без ракави, долга коса или брада подолга од онаа на попот. За жена пак непристојно е да влезе в црква со голи рамења или папук, со длабоко деколте, со облека што и` ја оцртува цела физиономија или пак е проѕирна, или пак со сукња 20 цм над колена.
    Кога сме кај шамијата, тоа зависи од црква, до црква. На пример во Русија, жена не смее да влезе в црква без шамија, а на Балканов, па ретка е појавата жена да стои в црква со шамија, особено ако е помлада. Особено во најправославната држава на Балканот - Грција, таму и бабите ретко се забрадуваат. Во секој случај покривало за главата (шамија, капела итн) мора да се носи кога жена пристапува кон светата Причест.
    Јас(машко) в црква најчесто носам кошула, пантолони или фармерки и чевли или сандалки. Ретко кога сум пошол со блуза без јаки или по патики. Зимно време се трудам шалот да не ми биде врзан како петрафил, или не дај Боже како омофор. :)
    Кога сме кај облекувањето најдлабок впечаток ми оставиле две ситуации:
    - Првата кога во Будва за време на богослужбата влезе една девојка со куси пантолончиња за на плажа (долги дваесетина цм) и маичка на прерамки, ама главата и беше прекриена со крпата за на плажа.
    - Втората кога една сестра облекла бела летна сукња две педи под земја, ама без потсукња...
    Сепак и во препокривањето треба да се внимава да не им стани соблазна на оние кои не доаѓаат редовно в црква. Па така една познаничка која ретко доаѓа в црква ме прашуваше, каде цркварките си ја купувале облеката за в црква, оти такви модели не гледала ни на Бит Пазар ни во Шутка.
     
    На Witchman и hermosa им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    За тоа дека секоја зена треба да стави марама на главата, како и пристојното облекување кога се оди во црква, е само поради почит кон Бога, мајката на Исус носела марама, всушност плашт со кој ја покривала главата, затоа во православните цркви на иконите е така претставена, а кај католичките на ист начин е претставена во скулптура.

    Конкретно, јас кога одам во црква, секогаш внимавам да сум пристојно облечена, само марама не носам на глава додека сум во црква.Според каноните на црквата, зената треба така да е облечена како што пишав погоре, но, од една страна, сепак мислам дека тоа е и индивидуален избор.Но, највазна е почитта, а секако дека треба човек пристојно да биде облечен кога оди во црква.
     
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас обично патики,фармерки и некоја блуза затворена.А и што друго би носела :^)
    А некои девојки за велигден беа облечени во мини фустани и високи штикли.Тоа не е во ред.Непристојно :puke: Па идат и постари луѓе во црква :envy: И од црква ги гледаш право в град,па нека не идат подобро во црква. :fubar:
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    После една случка која ја имав во средно, кога уште не ни знаев како треба или не треба да се облечам во црква, секогаш внимавам на облеката.
    Тогаш бев облечена со кратка сукњичка, и маичка,лето беше, а со мајка ми отдовме на црква. Мене не ми дадоа да влезам, не ми беше јасно зошто но оттогаш знам.
    Сега се трудам да сум пристојно облечена, барем по долги панталони или фустани, рамиња покриени.
    За марама на главата, од тоа јас што знам е дека се става од причина што жената е грешна, имала грешни мисли, а со тоа спречува да излезат од главата. Ете подетално и поопширно од ова незнам да објаснам, така ми е запамтено.
    Јас го практикувам само кога одам на миса во недела наутро, тогаш 90% од жените се со шамии на глава. Вака за преку ден кога сум одела не сум ставала, што мислам дека е грешно, ако земеме да се водиме по тоа како треба и како не треба.
    Едно ми падна во очи и ме замисли, изјавата на кравче „зарем не сме пред Бога сите исти„? Се согласувам и баш поради ова ми се чудни некои поделби поврзани со религијата кои се прават.
     
  7. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Јас како што знам правило е во секој манастир да се носи долга суќна или фустан. пред неколку недели бев во Лесновскиот Манастир и беа дошле едни луѓе меѓу кои имаше и мажи и имаа облечено 3/4 панталони и на нив им дадоа тренерки да облечат. а извини во кои манастири дозволуваат да влезеш облечена како сакаш, затоа што јас како што знам во ниту еден манастир не дозволуваат без суќна да влезеш
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aj сеа сите се изјаснивте дека пристојно одите облечени во црква, ок.
    Aма што е со свадбите? :)
    Нели повеќето си носиме фустанчиња и си влегуваме во црква со нив. Не мора да се под газ и вулгарни, ама речиси сите сме влегле со над колена фустанчиња свечени во црква.
    Тоа не ли е непристојно? :)
    Никогаш не сте размислиле сигурно за дал е прихладно фустанчето за венчавањето во црква, битно убави да сте си.
    Исто е и со црквите во туристичките места, често мажите одат во шорц, ние жените во фустанчиња ил шорцеви, дури реткост е во ваквите цркви да видиш сосема пристојно облечени.

    Значи сепак речиси секој влегол или ќе влезе непристојно облечен во црква, посебно ние жените, реални да сме.
     
    На crazylady, Serafima, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Па јас во сите во кои сум одила, било дозволено како сакаме да влегуваме.
     
  10. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Голем дел од вас ги измешаа лончињата помеѓу одење во црква и манстир. За во црква се многу едноставни правилата а тоа се: Сукната мора да биде долга до под колената обавезно чорапи(хулахопки) и покриени рамена т.е пазуви бидејќи секогаш се употребува тој термин покриени рамење но фсушнос се работи за пазувите кои што се фсушнос дел од тој сексипил на една жена па затоа мора да идат покриени. И како што постоеле многу табуа во минатото така и ова било табу тема па се одело заобиколно се користел терминот да не бидат голи рамената. Исто така многу важно правило е пред одење во црква вечерта т.е претходниот ден да немаш никакви сексуални активности ниту со партнерот ниту сама со себе, по можност и да не мислиш на онаа работа ниту пак на нешто лошо т.е да имаш чисти мисли. И секако ечерта пред одење во црква требада се избаате за да бидете подготвени да одите пред бога. Значи покрај чистиот дух и телото треба да биде чисто пред одење во црква. Секако за овие последн 2 работи неможат свештениците да ве контролираат но ели бог гледа се барем така велат оние кои веруваат и затоа треба да се почитуваат овие правила. Бидејќи одењето во црква не е само како што го сваќаат денешниве млади вечерта ќе бидам со дечкоми а утредента бидејќи имам писмена ќе одам во црква да запалам свеќа. Одењето во црква, е составен од еден цил ритуал кој мора да се почитува доколку се сака да се биде вистински верник а е турист. За, тоа со марами на глава се правила во некои манастири додека во црква тоа правило не постои.
     
    На i-v-a-n-4-e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Јас иам една друга теорија за ова :) Нели, сопствено размислување, да не ме фати некој за збор.
    Во џамија кога се молат, мажите клечат напред во редот, а жените се позади. Кога побарав објаснување од чичкото кој ни ја покажуваше џамијата, рече дека тоа е за да можат мажите да се сконцентрираат на молитвата, а да не бидат деконцентрирани од жената пред или до нив т.е. за да немаат самите тие "грешни" мисли. Па можеби и во христијанството е тоа ист случај, да се покрие жената за да не го привлекува вниманието на мажот кој стои до неа во црква/манастир. Затоа што мажот како и да е облечен, нема да и го привлече вниманието на жената, а полуразголената жена, секако ќе му го привлече вниманието на мажот, па наместо тој да му се посвети на Бога, ќе ја мисли жената.
    Па, можеби донекаде, и во право беше Сноу, за тоа дека ако жената е непокриена, се покажува дека мажот е понизен пред неа. Оти жените се машка слабост :)


    извинете за безобразноста што ја имав, себе си сама да си дадам објаснение, додека не го пронајдам вистинското...
     
    На NikiBastore, Serafima и angelce1 им се допаѓа ова.
  12. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Мислам дека си во право. Имав прочитано за ова на интернет,ако го најдам ке го постирам овде. А затоа е и правилото во црквите жените да стојат на лева,а мажите од десна страна,ако сака жената да направи метанија ( нели да се поклони) за време на молитвата,да не ги наведе мажите на "грешни" мисли.
     
  13. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Знам дека не смее со голи нозе, значи шорцеви, и не смее голи гради големи деколтеа.
     
  14. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Мислам дека малку претеравте со тоа грешни мисли и дали воопшто сте влегле во црква и да видите како се прават тие метании? Какво наведнување какви глупости и нема тоа никаква врска со лева и десна страна, не е тоа како во исламот. И, ги направивте лугево сите сексуални манијаци а застане жена до него одма му се дига. Мислам прво појдете во црква на една неделна литургија па ке видите во што се состои целата литургија. Главно е прекрстуванјето во текон на литургијата во деловите кога свестеникот ке каже Амин, а верувам добар дел од вас незнаат ниту правилно да се прекрстат, Нема никакво кланјанје и наведнуванје, а со длабоко деолте не се оди во црква. Така да изгледа ви се помешаче фајловите во глава што сте ги имале за исламот и за православието па отаму оваа конфузија.
     
  15. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Не грешиш, така и мене ми кажа другарче што студира теологија, се носи марама, да не привлечеш внимание зошто секое машко се возбудува кога гледа убава коса.
    Е како нема никаква врска? Значи поклон во црква да. Бев на неделна литургија на Матка, колку и да беше мало црквичето сите жени беа застанати на лева страна, мажите на десна, така треба ама и не е грешка ако застанеш на десна. Речиси сите кога влегуваа внатре, се поклонуваа пред иконата, пред да ја бакнат. И не е поентата во прекрстувањето, ако сакаш седи дома и цел ден прекрстувај се, треба да го сфатиш она што се пее, да допре до тебе и духот да ти го смири.
    За облекување, треба да си пристојно облечен, што значи панталони или сукња под коленици, да не биде со длабоко деколте, односно да ти бидат сокриени градите и марама е пожелна.
     
  16. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Точно е тоа дека треба да се свати она што се пее но јас зборував деканема клањање во црква туку тоа е благ наклон а при бакнување на иконите(што е сосема погрешно) тоа е друга приказна и тука не игра улога дали се жените на левата, или десната страна бидејќи некои икони како што се на Богородица, Исус Христос... се во средината и како и да е ќе мора таа особа кој сака да се поклони пред иконата да излезе пред останатите учесници во литургијата. а ова бакнувањето на коната проверете си кај свештеник ке ви каже дека е погрешно, иако тоа како о екоја инерција сите го прават. Исто така пантолоните не се баш во тој кодекс бидејќи на тој начин се изразуваат облините на жеата а особено младиве девојки со затегнатие фармерки тоа па ич не е во ред. Најправилно е жената да носи пристојна сукна до над колена.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Која глупост! И жената може да се возбуди кога ќе види згоден маж, па макар било тоа во црква, па уште повеќе ако е облечен како деловен човек (со кравата и во сако) и те како може да и го привлече вниманието. Меѓутоа на женомрзците кои ја составувале црковната теологија тоа го превиделе па ја казниле само жената.
    Во реалноста пред Бога се сите рамноправни а разновидните мисловни желби па и оние телесните не можат да се затскријат и отстранат со надворешни „маски„.
     
    На Lolo5 и Abeja им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Извинете, јас си тргнав од себе :) Не беше муабетот за згоден/незгоден туку за облеката што ја носи (дали е со кратки или долги шорцеви, дали носи маица на прерамки или блуза со долги ракави). Мене барем лично не ме возбудуваат мажи облечени во сако :) Па си земав како компарација, мене не би ми направило разлика мажот да е по шорцеви, нема дополнително да ме возбуди ако не сум заинтересирана за него, но ако жената е облечена во кратка сукња, мислам дека ќе привлече поголемо внимание.
    А и да не привлече, сметам дека на тоа целела црквата. :)
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Кога ќе влеземе во Божјиот храм, сите го гледаме иконостасот на кој се наоѓаат мноштво свети икони. Тие се поставени на строго определени места, како:
    - Иконата на Господ Исус Христос, секогаш стои од десна страна, додека од левата страна на дверите, секогаш стои иконата на Мајката Божја.
    - Секогаш, до иконата на Господ Исус Христос, стои иконата на Св. Јован Крстител, додека од левата страна, до иконата на Мајката Божја, секогаш се поставува иконата на на храмот, чие име го носи.
    Затоа е и поделбата на стоењето на лева и десна страна ( на мажите и жените). И затоа по правило, жените стојат од лева страна (од страната на Мајката Божја), додека мажите стојат секогаш од десна страна ( од страната на Господ Исус Христос).
    Пример.
    [​IMG]

    Најправилно во црквата е иконите од иконостасот да не се целиваат. За таа цел од лево и од десно на дверите, се поставуваат икони. Пред иконата на Господ Исус Христос од иконостасот, стои малечка икона иста таква, која служи за целивање. Истото е и од левата страна, каде стои иконата на Мајката Божја.
    На средниот дел во храмот стои друга икона. Тоа е иконата на храмот, која е поставена за целивање. Додека до неа, претежно стои иконата на празникот кој се слави истиот ден.

    [​IMG]

    Друга причина, зошто жените се одделени од мажите е исто и вниманието и концентрацијата во текот на молитвата.
    Не само кон мажите и нивните мисли, туку и кон жените. Сепак сме телесни битија, кои можеме да бидеме искушани од некоја неубава помисла. Па, затоа е повеќе од потребна е скромната облека на мажите и жените.
    - Жените треба да бидат скромно облечени, по можност со поширока облека, со која не би ги истакнувале своите облини на телото. Во долги сукни и фустани, или евентуално до под колена. Исто да носат и марама.
    Но, истото важи и за мажите. Не шорцови или кратки пантолони, не маички... туку скромно облечени.
    Не кратки здолништа, не маички, не премногу кратки пантолони и не премногу тесни. Затоа во манастирите и во црквите на влезот, ќе видеме табличка каде се наоѓа маж и жена кои се облечени премногу разголено, па затоа се и повикуваат истите кои доаѓаат во манастирот, подобро да не влегуваат, доколку се така облечени.
    Во минатото, во првите векови, на влезот на храмовите стоеле луѓе, па оние жени или мажи кои биле неприлично и соблазнително облечени, истите не биле пуштани во храмот.

    Облеката е повеќе од важна за кога сакаме да присуствуваме во Божјиот храм. Факт е дека со нашата непристојна облека, можеме некој да соблазниме. Со тоа правиме грев, па затоа да го избегнеме тоа, потребно е да бидеме поскромни во облеката.
    Првенствено што треба да се огледаме се светителките и светителите. Секогаш се насликани со долги облеки, без шминка, без фризури, туку покриени со марами.

    Кога сме кај марамата и скромната облека кај жената, да бидеме реални и да признаеме дека нашето тело ги има тие предиспозиции. Можеме многу повеќе да истакнеме ( а со тоа да соблазниме некој), од она што го можат мажите.
    Да бидеме реални и за уште една работа.
    Поклонувањето пред светите икони.
    Каква би била сликата кога би пристигнала девојка со тесни пантолони или фармерки, со длабоко деколте, или пак со мини здолниште и маичка... Искрено да не речам катастрофа.
    Не само за мажите, туку и мене како на жена би ми проструила неубава мисла и тоа еден вид на осудување, зошто таа така се облекла и зошто не можела да биде поскромна? А со тоа си додавам уште еден грев на душата.
    Втор случај.
    Не знам колку сте запознати, но за време на Велигденскиот пост, секоја среда и петок се служи Литургија на Претходноосветени Дарови . На таа Литургија, пред нејзиниот почеток се читаат 1, 3, 6, 9 час Изобразителната и за тоа време се прават метании.
    [​IMG]
    Замислете ја таа позиција на жена која носи сукна над колена :x !
    Затоа е потребна скромноста.
    Од друг агол погледнато, духовно, се поставува прашањето, зошто одиме во храмот? Да бидеме видени како сме дотерани или да се помолиме?
    Светиот Апостол Петар ги советува жените, да не ни биде приоритет надворешното украсување со облеки или други додатоци, туку нашето украсување да се состои во внатрешноста, внатрешниот човек. Сепак надворешниот физички изглед е минлив, но останува внатрешното, украсите на душата.
    Во тоа е суштината на марамата на главата на жената.
    Прво да биде послушна кон Господ и пример на скромност како сите светителки кои носеле марами, во тоа се состои и оној цитат што го напомена Сноу Квин. Марамата ја симболизира и нашата физичка природа. Сепак жената е создадена од телото на мажот, од реброто, па тука е и уште едно од објаснувањата за носењето на марамата и зошто треба да бидеме покриени.

    Манастирите.
    Во манастирот монахот заминал се со цел да се посвети на молитвата и подвигот. Додека некои од луѓето се тоа не го разбираат, па одат во манастирите, иасто како за на пазар, разголени.
    Која ќе биде состојбата на душата на монахот или монахињата?
    Што ако со самата наша појава придонесеме немир во нечие срце и соблазна кај нив?
    Затоа во манастирите (Бигорски, Лесновски, Рајчица (женскиот)...) на вратите се делат облеки и марами се со цел пристојно да се влезе во храмот.

    Те молам, без навреди.
    А она што е кажано во другата реченица не е воопшто така.
    Факт е дека сме рамноправни пред Бог, но не би рекла за преостанатото. Облеката и тоа како ја намалува собразната и невкусната фантазија кај секој. Не е исто да видиш жена со кратка сукничка, а не е исто да видиш жена со долга и широка сукна. Првата ќе те соблазни, но другата не би рекла.
    Истото е и со сите, па и со облеката на мажите.
     
    На душленце, sweet10, sweet-star и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Серафима секоја чест, навистина поучен пост и полн со информации. Не сум го знаела ова за распоредот на иконите, со интересирање те прочитав целосно. :)

    А за облеката, интересен е коментарот и на Росонерка. Стварно, ами на свадба, сите се изнадотерани и со кратки фустани, па никому ништо.

    Јас последниот пат кога бев во црква носев тексас сукња до колена и кошула нагоре. Нит некој нешто ми рече, нит па некако изреагираа. Мажите сите беа со кратки панталони, некои дури и на рамбовки. Жените беа со фустанчиња.

    Не велам дека е правилно, ама понекогаш е побитно зошто одиш во црква и со која намера. Ти можеш и најчесно да бидеш облечен и препокриен, кога душичката ти е клета... џабе е. ;)
     
    На sweet10, crazylady, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.