1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облеката при одење во црква

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    daylight напиша:
    Меѓутоа на женомрзците кои ја составувале црковната теологија тоа го превиделе па ја казниле само жената.
    Во реалноста пред Бога се сите рамноправни а разновидните мисловни желби па и оние телесните не можат да се затскријат и отстранат со надворешни „маски„.

    ако е само маска надворешна тогаш зашто е облеката, зошто не се оди голи? секаде треба пристојно да се оди особено во божји храм.
     
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Серафима браво! Доста поучно!
     
    На sweet10 и Serafima им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Учењето на црквите во врска со жената е она кое е навредливо!
    Јас само ја кажав вистината, луѓето кои такви нешта барале и бараат од жената се тоа.
    Ако не е така, нека свикаат вселенски собир и ватикански концил па нека ги поништат лудостите кои нивните претходници ги изјавувале низ библиите и другите теолошки списи. Женскиот род треба да биде рехабилитиран од страна на црковните институции - истите оние поради кои толку многу жената пострада низ вековите.
    Aко е така, тогаш и мажите би требало да ја покриваат главата кога влегуваат во црквата. Но црквата преку библијата го истакнува тоа само кај жените.
    Забележав низ форумов радо се критикуваат муслиманките зошто нивната вера и традиција им ги кратела правата во ова или она, а кога ќе се погледне подобро, ниту црковната традиција не е многу поразлична. Престанете слепо да ја оправдувате по секоја цена таквата теологија само затоа што е тоа дел од некаква традиција или мнение на теолозите. Дајте луѓе, па 21. век сме веќе...
     
    На Lolo5 и andromedae им се допаѓа ова.
  4. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Daylight да, 21 век сме, а и атеизмот се помеша со анти-христијанството!
    Не е слепо оправдување, јас сум така учена од мајка ми, мајка ми од баба ми и така поколенија наназад. Кој не сака да верува, не е приморан, ама тие што сакаат да си веруваат, оставете ги на раат. Право на избор секој си има, ако ти сакаш во лаптопот да веруваш, јас ќе го почитувам тоа и нема да те разубедувам зошто не треба итн.
    А за споредба на права кои ги имаат жени христијанки или муслиманки, нема споредба!
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Простете за оф топик.

    ^^Ни оние што ги нарече „женомрзци’’ нема да се навредат, а пак ни јас конкретно. Несвесно ти на нив не упати нешто лошо, туку напротив, нив и сите нас православните, не закити со уште еден венец. Зашто Господ од самиот почеток кажа, дека кога Него не го сакаа, што преостанува за нас.
    Но она што го кажа и постојано кажуваш, остава длабок белег и карактеристика на една личност.

    Сум била во дискусија и со верници на исламот, со атеисти, со ... , но ни во еден дел од мојата дискусија со нив, не сум употребила некој невкусен епитет кон нив. Слободно прочитај ги сите мои постови и самиот ќе го утврдиш тоа. Но за разлика од тоа, постојат мноштво на „епитети’’ кои беа наменети кон мене или воопшто кон православието. Не дека сум злопамтило и дека се сеќавам на тоа и не сум простила, но на нив искрено јас им благодарам од срце, па дури и ден денес некои спомнувам во своите скромни молитви. Зашто тие личности мене ме направиле посилна, ми подариле други очи со кои би се видела и на тој начин би се променила кон подобро.
    Но сепак, и денес сум истата.
    Образот и совеста ми се чисти.
    Тоа го научив од верата и негативното да го претворам во позитивно, да простам и пак да сакам од срце како ништо и да не се случило.

    За мене верата не значи само учење и размислување, таа за мене е живот. Она што го научив од верата е дека треба да се љубат сите, без разлика на своето размислување и определба на верата. Во нив не ги гледам негативностите, туку позитвиното и превенствено го гледам Бог во нив. Затоа се трудам да ги сакам сите како себе си, да им упатам некој топол и убав збор, за да се стопли и нивното срце. И не пишувам овде колку само да напишам, зашто она што го пишувам, го живеам и го покажувам преку својот живот.

    Господ Исус Христос еднаш посочи дека сите по своите зборови ќе бидеме осудени или ќе бидеме оправдани. Го напомена и тоа дека оној што ќе рече за некој дека е глупав ќе биде одговорен за на суд, но тешко на оној кој на некој ќе рече дека е будала, зашто ќе биде суден уште потешко.
    Поуката што Бог сакал да ја каже е љубовта кон сите, дека никој не треба така да го наречеме и именуваме.

    Но, нажалост и покрај твојата силна вера, тоа јас во тебе не го гледам никаде. Да не цитарам и да не читам повторно твои постови, но наидов на плеада на невкусни епитети, пред се упатени кон православните.
    И затоа навистина немам повеќе за што да дискутирам. Само постави си го прашањето:
    - Која љубов ја имаш во себе и која љубов ја делиш?

    Иако имаме различни мислења за верата и ти, и сите, поинаку размислуваме, не значи дека треба да се навредуваме. Да се побиваме со факти и дускусии, тоа да, да докажуваме и покажуваме за својата вера, и тоа да, но некој да навредуваме зошто така размислувал, тоа е веќе сосем нешто друго. Ние на тој начин им го наметнуваме нашето мислење.
    И затоа од срце те замолувам, дискутирај, цитирај, но без навреди. Тоа потткнува само на нечие негативно мислење и тензија.
    Но, како што сакаш.

    Он топик.

    Жената никогаш не била потисната или опишана на тој начин на кој си ја сфатил ти. Сепак како и мажот и таа има своја слободна волја, преку која може да одлучи што и е својствено на нејзината душа, во што да верува, па и на крај на краиштата, како да се облекува.
    Она што не си го сфатил во православието и што не сакаш очигледно да го видиш, е дека жената по своја слободна волја, ги следи стапките на Господ.
    Зашто Господ за сите рече ( и мажи и жени, без да дели некој), да се поучиме од Него на неговото смирение и кротост. Со тоа истакна дека Љубовта е онаа која победува се, која е долготрпелива и полна со добрина, таа не завидува, не се превоснесува, не мисли ништо неприлично, не мисли зло... љубовта е смирение и кротост на душата. Она што секој човек треба да го стекне во своето срце и дури тогаш ќе бидеме совршени.
    Тоа е она што жената е во православието. Преку своето доброволно отсекување на својата слободна волја, исто онака како што Господ Исус Христос постапувал во земниот живот, да го стекне совршенството, кое Бог ни го даде како заповед на сите. На сите мажи и на сите жени.
    Вклучувајќи ја и послушноста кон надворешноста, да не се украсува телото, туку душата. Па на тој начин да не предизвикува соблазна од нејзиното убаво тело.

    И колку за информација.
    Никогаш не сум адресирала нешто против муслинакните и нивниот физички изглед. Напротив.
    Од срце им се восхитувам, зашто се облекуваат така :) .
    Но искрено, да не биде за фалба пред Господ и пред сите, туку го кажувам ова искрено, од срце. На сличен начин се носам и јас. Долга облека и марама на глава.
    И воопшто не мислам дека сум уназадена и потисната од верата, туку како жена, сум воздигната :) . Па макар бил ова и 21 век.
    Господ е ист и вчера и утре и во векови.
     
    На hermosa, душленце, sweet10 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    :bow:
    Не само за верата, за се во животот. Тажно е колку личности/карактери се градат газејќи врз другите луѓе. Многу е лесно да се упатат зборови, да се оцени некого според своите постапки. Ни недостасува разбирање. Не можеме сите исти да бидеме, и не треба да сме. Ама да се почитуваме, своите верувања, своите размислувања, да не ги набиваме на другите, па ако треба и јазикот некогаш да си го прегриземе. Тешко е понекогаш, човечно е, избрзуваме, ама барем да се потрудиме. Зашто само наши два збора, некому рана му прават за цел живот..
    Споменав веќе еднаш дека не сум религиозна, јас само вака сум воспитана. Светот е поубав со љубов, животот посреќен кога од љубов се гради.
     
    На hermosa, friendy, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Драго ми е што не си се навредила, мене воопшто не ми беше намерата некого да навредам особено не тебе лично. Но незнам зошто воопшто ти и би се навредила кога ионака тоа не беше упатено до тебе?!

    Прашањето за кое велиш дека јас треба себе си да го поставам всушност треба да си го поставиш преформулирано токму ти до себе: Зошто те тангираат моите постови? Зошто се идентификуваш со некогашните теолози? Ти рече низ другите теми дека не веруваш во реинкарнација, значи ни теоретски не си можела да бидеш меѓу нив во тоа време.
    Јас не те ословив тебе во моите постови туку некогашните црковни теолози кои составиле збирка на мненија поради која жената но и мажот, пред сè од обичниот народ, честопати страдаа (на пр. во блиската Хрватска) а и ден денес страдаат, можеби во поинаква и помала форма.
    Така е! Јас никого не ни именував.
    Не е вистина. Кога и каде? Повели цитирај.
    Јас никого не навредив. Ти си таа што сметаше дека е потребно да ми реплицира. Не велам дека немаш право да реплицираш, па на форум сме. Ти си го кажуваш своето мислење, јас си го кажувам моето без наметнување.
    Но ако некој (не мора ти, зборам општо - било кој) се препознае во сето тоа тогаш самиот треба себе си да се преиспита зошто е тоа така, а не да ми реплицира мене.
    Никогаш не ни напишав дека конкретно ти си адресирала такво нешто.
    Господ е непроменлив да, но црковната теологија се менува според потребите на свештенството на разни концили, вселенски собири и тн. И ова не го велам за да те навредам тебе или некого, тоа едноставно било така низ историјата и денес.
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Дискусија за облека...хм...
    Пораснав во фамилија која беше апсолутно комунистичка и атеистичка.Но,црквата како божји храм беше и сега е почитувана.А мислам дека верата и љубовта божја се носи во себе а не на себе.А самото тоа што во црквата си поблиску до Бога ,си наметнува непишано правило како треба да се облечеш .Кога одам в црква не носам мини сукња,до колена да.Или фармерки.Марама ставам (но не секогаш)зашто јас така мислам дека треба.И не мислам дека со тоа сум потчинета.А ако некој дошол в црква да запали свеќа,да се помоли, а во меѓувреме да гледа во мојот задник ,да ми простите, тоа е негов проблем а не мој.Гол грб или рамења никако.И не сакам да се сложам со тоа дека сите носителки на марами и долги сукњи,кога одат в црква, се покорни,вистински вернички а другите испаѓаат неимформирани и дрчни.
     
    На La.Reina.Del.Sur, kravce, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Па така треба секаде да биде. Не само таму !
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Глупости. Јас имам одено кај една жена, таа со цркви е поврзана, оди таму преспива, и таа самата ми има кажано, нема врска како си облечена, се дур влагаш со чисто срце, на Господ не му пречи :)
    Е сега, сепак не можеш па и во црква да влезеш со минич до п*ч или деколте до папок.
    Јас лично Сум била и со фармерка уз тело, со штикла итн, нашминкана, па не можам да кажам дека тоа е некој грев :^) .
    Никогаш не се знае кога ќе те натера тоа од внатре да влезеш во црква :)
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Татко ми е голем верник, па јас од мала сум учена дека жените треба да одат со долги сукњи во црква. Имам една од лесен материјал(како во Св. Јован црквата што има) и секогаш кога одам ја ставам во ташна и ја облекувам пред црквата.
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Serafima немој да се навредиш , но од пусто лубопитство сакам да прашам дали мислиш на облека за црква , или марама и долга облека носиш и секојдневно , бидејки немам видено православна да носи марама :?:
    Онтопик , во црква гледам да се облечам пристојно долга суќна( под колена ) и палто , и за свадба што спомнавте бев на септемвриска свадба или октомври не паметам точно но топло беше , во кола ставив мантилче под колената и си го облеков во црква бев со штикли огромни да ,ама битно се покрив . За туристичките места сум се нашла случајно летно време посебно и во шорц , а повеќето манаститри си имаат суќни и не гледам некој проблем да ја облечам , а да не се правеле проблеми како си облечен таму многу и така си влегуваа.
    Мое убедување е дека Бог не гледа на такви тривијални работи , како си облечен , кога се бањаш или пак што јадеш , битно е да имаш чиста душа и да водиш правичен живот . Но сепак е пожелно пристојност па има и возрасни луѓе таму , глупаво е со минич и шорц . Дури и кога знам дека ќе одам на некое место каде што ќе има повозрасни луѓе гледам попристојно да се облечам а не па во црква .
     
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Облека при одење во црква колку што јас знам не треба да биде премногу кратка сукња,шорц или нешто сл но и да не биде некоја ептен отворена маица и сл барем така имам читано во Библијата и така ми има кажувано мајка ми затоа што сепак тоа е црква место каде што се молиш а не да одиш да си истакнуваш нозе или некои атрибути од телото.Лично што се однесува до мене одам во најнормална облека под која подразбирам фармерки или потколенки доколку се работи во летен период а горе блуза или кратка маица.
     
  14. Sar4etooBe

    Sar4etooBe Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Во повекето манастири надвор од државата во кој имама одено женските не ги пуштаат да влезат внатре без долга суќна и пред вратата има кутија со долѓи сукни ако некој не носи долга суќна да облече од тие инаку кај нас тоа го имам видено кај Лесновскиот манастир и манастирот Св. Рајчица во другите мислам дека нема инаку не ми е во ред да отидам на црква како за на кафе обично кога одам на црква облекувам фармерки некако не ми е убаво кога ке видам некој со куси панталони на црква :)
     
  15. katyimpossible

    katyimpossible Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Во Русија во црквите жените одат со долги сукњи и марами. А марамите колку што сум информирана ги ставаат бидејќи нели Ева го направила првиот грев. И затоа само жените ставаат марами.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Вчера бев во црква, и баш заприметив доста млади жени со марами. Кога си излегоа од црква ги извадија. :)
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    јас колку што знам треба со марама и долга сукна да се оди на црква....или евентуално панталони долги и марама...за вртењето на велигден секогаш носам фармерки и марама..а не како за на излегување минич и деколте..па тоа е црква си треба малку почит....
     
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Кога бевме на екскурзија пред некоја година,јас си бев со ГНР маица у црква :tmi:
    Али сега кога одиме,облекувам фармерки,обична маичка и патики.
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Kолку интересна тема :) .Jас колку што знам во библијата пишува оти не треба непристојно да се облекуваме ,да бидеме нашминкани дури и жената да не зборува во црква само мажот а ако сака нешто да праша мажот да и каже кога ќе си одат дома.Mора да се почитуваме меѓусебно,инаку по мое мислење колку што сфатив џабе е ако се оди пристојно во црква и се ако нема христијанство во самиот човек или жена,не е вистинска вера тоа треба да се докаже на дела но тоа повеќемина не го почитуваат,надвор од црквата ако не се однесуваме како правилни верници ете тоа е грешката .Jасно дека не се мешат баби и жаби малку офф топик ќе сум ама мора да кажам облеката треба да е пристојна пред се за Gоспод потоа за нас самите оти тоа не отсликува духовно праќа порака на другите какви сме но никако не значи дека ќе нема привлекување лично Tој од горе ни ја всадил желбата за привлекување и вљубување па оттука ако немаме грешни мисли и кон некој кој е оженет,не е страшно :) .
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.818
    Жените и мажите мора да внимаваат како влегуваат во црква, нели Божја куќа.
    Јас одам секогаш во долга суќна (најчесто и преретко во широки панталони) а ако носам нешто на куси ракави, ставам марама преку рамената и сум замоткана. Главата не ја покривам. Носам ниски чевли кои не прават звук кога одам - да не попречам некому во молитвата со звукот.
    Шминка никако. Се сеќавам дека братучека ми му ја бакна раката на еден отец - му остави кармин на раката. Тој и рече, еве зошто треба да влезеш чиста во црква, а не цртана.
    Битно е жената да не привлекува внимание. Не смее да носи панталони бидејќи тоа е машка облека, затоа секаде даваат сукни да облечете на вас. Залепени фармерки се полоши од здолниште до колена.
    А кога одите на свадба, ке си ставите наметка. И невестите се покривааат во црква.
    Црквата не е за прошетка - еднаш ке и се развикав на една која влезе како Бозо во црква плус куси панталончиња од кои задникот и ѕиркаше. Сакав да и речам, ама ај да не си ја грешам душата, нејзин е гревот.
    ЗА нашето непознавање на религијата и однесувањето и облекувањето во црква се виновни родителите кои не ни дале насоки. Мене ме учеше баба ми, која беше голем верник. Моите ич не ги интересира тоа.
    За жал децата немаат веронаука во училиште, нели оние од Уставен сметаа дека не треба да се знае за Бог а таму баш ке научеа дека голи и нашминкани не треба да одат во црква.
    Најверојатно поповите треба да стојат на врата и да викаат кој може а кој не може да влезе во црква. АМа па денес, кога се е излезено од колосек - се борат за педерски бракови, абортуси, полигамија и слично, веројатно си викаат, бар нека влезат у црква, да видат барем една икона.
    Жално е кај отидовме и имаме алишта за на лекар, а немаме алишта за во црква.
    И чудно, ако треба христијака да влезе во џамија, не и е проблем боса да оди, ама кога ќе треба да влезе во хрисријанска црква - епа тешко и е да купи една долга суќна.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.