1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облеката при одење во црква

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Секогаш одам пристојно облечена, само еднаш влегов онака несвесно не е за оправдување знам по ептен кратки панталончиња, таа жената што работи таму ме фати за рака малку како понасилно и ми даде една сукња ,толку се почуствував неубаво, што си ветив дека никогаш нема да ми се повтори да влезам така :devil: се иритирам кога гледам како одат нашминкани и дотерани ко за во кафич ,посебно на големите празници кога има собир од повеќе луѓе, дефгинитивно ни е изгубена свесноста и срамот, и забораваме каде и што ни доликува
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Зашто на жената се гледа како нечиста доколку кога оди во црква носи панталони или капри? Или кога е нашминкана? Само затоа што не било убаво таа да привлекува? И како таа привлекува, со своето физичко присуство, со телото кое и е дадено од Бога?
    Зашто толку фрустрации, бариери и предрасуди?

    Не е убаво кога ќе слушнам дека сеуште има вакви двоења и поделби. И да знаете дека оној кој ќе се осмели да навреди некој најчесто тој има некои нерасчистени долгови кон луѓето, кон себе си и Бога.

    Под пристојна облека за во црква јас подразбирам облека која не открива нешто кое е наше интимно.
     
    На Lolo5 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Не е наше да кажеме како треба, црквата кажува како треба да се облечеме.
    Облеката може не открива интимно нешто (не ти се гледа полов орган или задник или гради) ама е толку залепено, што се е скоро видливо.
    Кога ке се наведне некоја да ја бакне иконата, ке и се гледаат градите од другата страна, ке и пукаат фармерките, ке и се види тангата, со штиклите ке прави звук и ке им смета на другите во молитвите, а со шминката и да не бакне рака на отец, ке бакне икона и ке ја исфлека.
    Со секси облека, се привлекува машкото внимание - затоа и постои таа облека, но не и во божјата куќа. Таму не треба да се привлече ниечие внимание за да не се оттргнат мислите од Бога и од молитвата.
    И ако некој има замерки за нечие однесување или облекување во црква, треба да каже и да поучи - во спротвно тоа е на штета и на другите на кои им смета таквото облекување.
    Јас не мислам дека монасите и монахињите прават грев со тоа што ке не поучат како треба да се облечеме во манастир и црква, тоа е нивна обврска, а наше е да послушаме.Не верувам дека они имаат нешто нерасчитено со Бога. Јас секогаш ги слушам нивните совети, и кога тие ќе ми речат, океј, можеш во Божја куќа да влезеш со куси панталончиња, не е проблем деколте и јас така ке одам. Додека не ми речат, ке одам како што ме воспитала баба ми и како што ме поучиле монахините во манастир - долга сукна непроѕирна, затворена блуза и марама ако сум на куси ракави.
    Марама ми рекле дека не мора, и не ставам, Ако треба, не е проблем 5 минути да не сум облечена како не сакам. Сепак, таму се оди за молитва, не за да се тера мода или мене да ми биде пријатно во алиштата. Пријатно ми е у тренерки, ама не одам така ни на кафе. Затоа, да се внимава како се оди, би било одлично. Оние кое знаат, да поучат.
     
    На worrieddd, Feminka22, A-j-a и 4 други им се допаѓа ова.
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Нешто пристојно и затворено. :)
     
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Се разбира пристојно :)
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мислам дека тука се подразбира облека која не е со длабоки деколтеа и миничи.

    И многу страшно ми е кога на некој голем празник, масовно се оди во некоја Црква и половина од девојчињата ја користат Црквата како модна писта, можност за промовирање, облечени како за во дискотека, со миничи, високи штикли, стегнати и што ли не.
     
    На crazylady, Cka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.587
    Пол:
    Женски
    Секогаш пристојно сум облечена за во црква :)
     
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Како што знаеме и самите, облеката не го прави човекот, но сепак треба да се има некој кодекс на облекување кога се оди во црква. Кога одиш во црква да запалиш свеќа, да се помолиш, не е во ред да одиш со кратка суќна или кратки панталони.
     
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Фармерки-пантолони и маичка или фустан под коленици. :D
     
  10. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш пристојно се облекувам кога одам во црква и не се шминкам воопшто тогаш бидејќи знам дека така е исправно и не сакам воопшто да паѓам во очи кога одам во црква да барам духовно прибежиште! :) :* :inlove:
     
  11. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    13.290
    Пол:
    Женски
    Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!!

    Незнам дали прашањево треба да стои во оваа категорија, ама морав да прашам.Што мислите за носењето на марама преку глава во црква?? Неколку пати имам забележано дека си носат некои постари женички, а во последниов период приметувам дека и млади девојки го практикуваат тоа. Дали и вие можеби носите марами или онака ,,нормално,, си влегувате во црква..?
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!!

    Онака, мое мислење, без нешто да сум читала или слушнала...

    Ако сум пристојно облечена и влегувам со чисти намери в Црква, не гледам причина зошто да си ја покривам главата т.е косата. Колку што знам никое машко не го направило тоа, зошто да важи само за жените ?

    Потоа, имам приметено дека почнаа и некои млади да носат шамија в Црква, од која причина е, не знам, за жал повеќе ми оди накај тренд, лажна слика, отколку дека им е реална потреба тоа.

    Трето, една комшивка на Фб си поставила слика со шамија, сликана в Црква, која потреба и причина ја има за тоа ? А, девојчево иначе има поприлично развратен живот. Лажна духовност изгледа си пропагира. Овие работи ми се смешни и жални истовремено.

    Четврто, секој нека си прави така како што нему му се сака, се додека е во склад на етичкото однесување во самата Црква.
     
    На Baby-bubu и Abeja им се допаѓа ова.
  13. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!!

    Носењето марама на главата во црква има корен во причините против соблазнувањето, одвлекување на вниманието од молитвата, наплив на непотребни и несоодветни чувства итн. Како пример ќе наведам:
    1. Преубава девојка стои на литургија и многумина ја загледуваат и им го одвлекува вниманието, кај некого предизвикува восхит, кај некого завист. Таа самата ги лови погледите врз себе и самата се оддалечува од молитвата.
    Може било кој да предизвикува свртување на внимание кон себе и предизвикување на различни чувства: сожалување, потсмев, одвратност, пријатност, фантазии итн.
    Примери можат да се наведат од различен тип, но суштината им е иста, како што наведов, одвлекување на вниманието по било кој основ.
    Од тој аспект, жените требало порано да одат скромно облечени во црква или манастир и со марама на главата. Денес тоа го прават некои, некои не. Но некои од мода ставаат провидни преубави марами, облечени сексипилно и џабе е марамата.
    Јас во црква одам без марама, не сум научена така, но пристојно и скромно и гледам да стојам позади или некаде каде нема да предизвикам никого по никој основ и си се сконцентрирувам на молитвата.А ако ми речат во некој манастир дека можам да влезам само со марама на глава, веднаш тоа ќе го направам.
     
    На hermosa, <3 pleza4e <3 и Baby-bubu им се допаѓа ова.
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!!

    Јас одам во црква без марама,не влегувам ако не сум пристојно облечена за влагување во црква,секако сакав да прашам свештено лице дали е погрешно или избор на девојката или пак потребно да стави марама да си ја покрие косата?
    Ова го приметувам кај постарите жени.А помладите најчесто одат без марама.Па искрено ме интересира,дали треба да се стави марама при влегување или сепак не е погрешно ако не ставиме?
     
  15. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!!

    Имав можност да влезам во Руска православна црква и бев изненадена и восхитена кога видов колку само се почитува пристапот во христијанската црква односно пристапот пред нашиот Бог,дури и на мали девојчиња ги покриле со марама. Додека кај нас тоа го практикуваат повеќето постари жени иако мислам дека според мене треба да пишува напред пред црквата како треба да изгледа пристојно облечен маж и шена,зошто има луѓе кои навистина незнаат. Јас претходно не носев марама,но не дозволував да да бидам непристојно облечена. По совет на мм почнав да практикувам и почнав да носам кога влагам. И морам да кажам дека сум фрапирана од тоа како ме гледаат,зошто е тоа така незнам искрено. Не сакам да осудувам па ќе речам само дека зачудено ме посматраат :)
    А нормално е да се носат тесни кратки панталони кои покажуваат повеќе отколку треба (тогаш сме IN и модерни )нема да генерализирам само наведов како пример и се извинувам ако некого навредив,не ми беше тоа намерата. Ама како што знаеме да се дотераме за вечерно излегување ,за на работа,на факултет и сл зошто да не го почитуваме и правилото на влегување во Божјиот храм?!
    Нашето уво и око секогаш сака да го чуе и види тоа што му одговара, па затоа тоа и го практикува,нормално со исклучоци.

    Да не должам многу само ќе кажам мила Ketrin.Moon убаво е да се стави марама ,поради тоа што се смета дека косата е украс на жената и затоа треба да биде покриена да не го соблазнува мажите кои се молат. Нашиот Бог ни дал слободна воља и толку многу не сака што не би ни замерил ако не ја покриеме главата но ние самите реба да бидеме свесни за редот во Божјиот храм пак ќе речам заради почитта спрема него :hai:
     
    На Chica.Loca, <3 pleza4e <3, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!!

    ^
    Благодарам на одговорот и раскажаното искуство ,јас би сакала да си ставам марама при влегување,па ме интересираше токму ова.И јас гледајки ги жените во Русија при влагувањeто во црква го приметив истото. :hai: :hai:
     
    На Serafima и Mama25 им се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!!

    јас кога одам во манастир ( често се случува) или во црква кај што има поп секогаш ставам марама, а во манастирите најчесто даваат и долги црни наметки напр бигорски, лешочкиот, пречиста и ѓорѓија
    Е кога одам во блиската црква св петка тамо нема поп ( во петок сабајле) освен за празници, е тогаш не ставам марама, но секогаш гледам да сум сромно облечена и секогаш покриена ( дури и во лето сум со долги пантолони и ракави и никако деколте )
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Можам ли јас 16 годишно девојче да носам марама на главата во црква? :)
     
  19. sweet10

    sweet10 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Секако дека можеш.Јас сум помала но носам само кога се причестувам.Се надевам дека ти ќе им служиш како пример на твоите пријателки..:*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Еве ме пак на темава...Бев во црква, и иако женско, една девојка ми одвраќаше внимание со тоа како е облечена. Искрено и на улица да ја видев, ќе ја искоментирав, ама за во црква мислам дека ги имаше поминато сите граници.

    Високи сини плиш штикли, на 15 сантиметри, танка метална штикла и платформа. Кога одеше низ црквата правеше такви звуци од кои се одекнуваше (знаете како се правени црквите за да се слуша се, па штикливе беа крај со металната флекница).
    Имаше ликра хулахопки среде бел ден, минич и цицки на сите страни. Имав желба да и кажам, девојче, ти дал Бог цицки, ама не за ги покажеш пред олтарот. Ама ај, преќутев.
    Нашлапана со дреч кармин, отиде и ги исцелива иконите, гласно викајќи по некое дете и на крај кажа дека е кумата, крштевка имала.

    Ми беше жал и срам за неа, сакав да отидам и да и кажам дека е срамота така да дојде во црква, можела да е многу поскромна, ама не сакав да и го расипам денот, кума е. Си помослив како може да биде кума жена која не знае како да се однесува во црква, не па на улица. Ми сметаше на молитвата, ми пречеше, колку и да сакав да се изолирам од нејзините шикли, не можев и си отидов. Не кажав молитва заради неа.

    Не мислам дека мене ми е црна душата заради ова, ќе отидам пак во црква, ќе се помолам и извинам за тоа што сум си отишла без молитва минатиот пат, ама секој ден жалам што нема верско образование и што за некој црквата е модна писта. Мене мајка ми или баба ми да ме видат таква во црква, иако сум возрасна, верувам дека ќе ме фатат за рака и ке ме избркаат да се покријам. Моите потрошија време на моето воспитување, па и кога сум влегла во џамија ( а сум била во неколку) сум се однесувала по правилата на џамијата, сум соблекла чевли и не сум сметала во молитвите. Кога има правила, се почитуваат. Се друго е пропуст на домашно вопитание.

    Главата не ја покривам бидејќи во црквата обично одам кога нема народ, од причина што некоја како горенаведената ќе ме изнервира. Да знаев дека дента има крштевка дома ќе си седев.

    Кога има народ, стојам на страна, со жените и не се мешам кај мажите. Гледам да бидам незабележана и да се помолам.
     
    На sweet10, Rama и tessie им се допаѓа ова.