Секогаш одам пристојно облечена. Наједноставно. Не би ги коментирала оние кои одат непристојно облечени. Не вреди. Мислам, се знае како треба да се биде облечен за во црква.
Во некои манастири им дозволуваат влез само на девојките со марама на глава и долга сукња, некаде е ,,полабаво" особено во Црквите. Нема да коментирам за другите, за тоа какви сум сретнала таму, ќе си кажам за себе. Јас одам облечена скромно и пристојно и од скоро и со марама на глава.
За манастирите, конкретно Бигорски, дрес-кодот е токму таков. Покрај тоа, не е допуштена шминка, или евентуално мошне дискретна, мејк-уп, неупадлив кармин, малку руменило, без нагласено исцртување на очите и драматични сенки. Ако сте во панталони, имате сукни на преклоп кои ги префрлате преку себе, а се наоѓаат на почетокот на манатирот. Забрането е и пушење во близина на истиот, гласно зборување, а за навердливи изрази да не зборувам.
Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела. (1. Тимотеј 2:9-10) Кога Светото писмо ни кажува колку скромно треба една жена да изгледа во секојдневниот живот, уште повеќе важи и за во Божјиот храм.
Ах, камо да привлекуваа внимание само со убава облека, фризура, накит, за жал во последно време многу привлекуваат внимание со екстремна разголеност што е предалеку од ова укажаното и пропишаното. Секако, не во црква, но и во секојдневието такво нешто станува неприфатливо, па макар пласирано и преку социјалните медиуми.
Најјаки се тие што одат во црква со миничи и највиски штикли за велики петок... Прво палиме свеќа, и после одиме на журка Исто и машки дошле спремни за во град, и колку да се појават во црква ради реда Ако си дошла ради празникот понашај се пристојно, облечи се ко нормален човек, а не ко бугарска пејачка.... Ако си излегла за во диско тогаш ич не се појавувај во црква. Се прват верници, а дошле ко за на свдба облечени, внатре муабети си прават, се смејат, со мастиките во уста Помладиве генерации се повеќе и повеќе се понекултурни. Срамови живи. Почит НУЛА.
Секогаш одам пристојно облечена, доколку сум во шорц или такво нешто застанувам пред вратата само да се прекрстам не влагам внатре.Глупаво ми е едноставно и не пријатно да влезам во свет храм расоблечена ко за на корзо. Летоска влегов во католичка црква во Италија, бидејќи е туристичка атракција, видов што ме интересираше и искочив.Ама во наши православни од кога памтам за себе не сум влегла така облечена.
Која е разликата од облекување во јавност и облекување во црква? Зарем во јавност не треба пристојно облекување? Значи во град ќе се облекувам како проститутка, а во црква покриена.
На црква идам исклучиво во облека која ми го оцртува задникот и да ми дојдат до израз долгите прави нозе, нешто проѕирно да ми ги истакне градите и меката кожа која ја поседувам. Нема што да се срамувам, ако на црква не се дотерам за даличам на човек и да најдам дечко, на друго место нема да ми упали, вака мирна глава, немам конкуренција, јас сум во центар внимание. /me feeling special
Не ја разбирам потребата од исмевање на прашањето во темата. Зошто воопшто се замарате да одговарате ако се декларирате како атеисти, зошто не пишете ондак како се облекувате кога идете во џамија, на пример. Ама не.. Нејсе
Да ти кажам искрено, јас дури добив понуда од поп да ме повозел со џипот негов после литургија. Сум му оставила впечаток во црквата. Љубов ли е , што ли е
И купаќи се пристојна облека, ама за на плажа или базен. И штикли 15ки се пристојни обувки, ама за во диско. Сега се потсетив дека во средно не караа да не идеме со кратки шорцеви, хеланки и тренерки пошто таа облека не била пристојна за во школо, ама истата е доволно пристојна да речеме за прошетка низ град или за на кафе. За различни пригоди, различен дрес код. И сите можат да бидат пристојни ама таму каде што му е местото. Проститутки што си спомнал нема врска. Некоја може да се занимава со проституција, а да е до врат запетлана.