Ч, ч, ч... Чекај малку! Ова јас не сфаќам нешто или стварно е? Па не дека не спијат луѓето кои одат по дискотеки? И не е дека одат секој ден таму? И зошто да не се нормални тие што одат во дискотеки, не ми е јасно? Како тоа нормални луѓе спијат, а ненормални идат на излегување? ))))
„РЕВНОСНИОТ“ РЕДАР Сè се случи пред неколку години, во портата на нашата локална црква за време на еден голем празник. Како и секоја година, на тој ден се собираат голем број на луѓе во црквата, па јас и еден другар им помагавме на свештениците цел ден. За време на паузата, седевме на клупата и гледавме кон луѓето кои доаѓаа во црквата. Разбирливо, секаков народ тој ден се појави во храмот, од оние кои не знаат да се прекрстат и се однесуваат како на пазар додека купуваат свеќи, до оние непристојно и несоодветно облечени, кои во храмот влегуваат како во кафуле. Сето ова нè иритираше, правејќи се дека сме големи православци, па во нашето наводно „ревнување“, се натпреварувавме кој поголем број на навреди и осуди ќе упати на сметка на народот, кој веројатно овде доаѓа еднаш во годината. Се сеќавам дека бев толку нервозен поради сето тоа, што дојдов на идеја да не ги пуштаме во храмот сите оние кои се непристојно облечени. Во мојата глава тогаш тоа изгледаше како херојско дело, како со тоа да ќе ја сочувавме црквата неосквернета од овој народ, кој не заслужуваше да влезе во неа. Кога на свештеникот му ја предложив таа идеја, ми раскажа приказна која ја смири мојата гордост на тинејџер во маскирни панталони и од корен го промени мојот поглед на луѓето: „Еден ден во храмот влезе млада девојка, многу оскудно облечена. Застана да се помоли, кога ѝ пристапи некоја постара жена со марама на главата, редовна посетителка на црквата и почна да ја критикува. „Како си се облекла? Зарем не ти е срам ваква да доаѓаш во црква! Излегувај оттука! Така облечена седи во кафич, а не да доаѓаш во црква!“ После овие навреди, девојката се заврте и си замина од црквата, а жената остана, уверена во правилноста на својата постапка. Таа ноќ, во сон ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ рече: „ Мене ми требаа дваесет години да ја доведам во црква, а тебе само две минути да ја исфрлиш од црквата!“ Можеби повеќето од овие луѓе не знаат зошто се тука денес, можеби се облечени непристојно, но и нивните срца барат утеха, како што моето срце бараше неколку години порано. Кој сум јас да им ја одземам и забранам. Што ако таа девојка, која заради кратките панталони сакав да ја исфрлам, можеби токму денес почувствувала утеха во црквата, која во кафичот во кој оди не ја наоѓа? Зарем Христос не беше првиот кој ги разби човечките правила и предрасуди, кој се бореше против фарисејското лицемерие така што кај Себе ги примаше грешниците, цариниците, блудниците, оној најнизок и најосудуван дел од општеството? Не ги отфрлаше поради нивните слабости, туку како такви ги прифаќаше и ги сакаше – им го даваше она што лицемерниот свет не можеше да им го даде. И сите тие луѓе денес се тука, барем на половина час ги заменија телевизијата, интернетот, дискотеката и кафичите со црквата, и кој сум јас да им го скратам тој половина час со Христос? Сега веќе со искрена љубов приоѓам на секој од луѓето кои влегле во храмот, смирено одговарам на нивните прашања, им ги објаснувам оние работи кои таквите како мене не сакале да им ги објаснат и посакувам барем тие пет минути кои ги поминуваат тука да им бидат корисни. Само на тој начин Христовата вера може да се приближи на луѓето. Ако ги затвориме црквите само за нас кои сме тука секоја недела, ако се изолираме од простиот народ, ние ќе го присвоиме Христос за себе, што секогаш била најголемата грешка која луѓето ја прават. Христос е тука за сите, Он го чека секого од нас и не прави разлики кои луѓето ги прават. Тој го гледа човечкото срце, кое за нас е честопати скриено под слоевите на предрасудите. (Од „Троичник“ бр. 47)
Ако веќе се водиме по тоа дека сме пристојно облечени со тоа што носиме закопчана блуза и пантолони во Црква-не,не е само тоа доволно. Најправилно е ние жените да одиме со долги сукни и марама на глава,ама ретко кој тоа го практикува и применува постојано.
https://balkan.mk/2019/05/26/pastor...vo-tsrkva-treba-da-bidat-pristojno-oblecheni/ Многу интересен текст на темава.
Колку што знам на црква се оди пристојно облечен. Една моја познаничка за на црква се дотерува како на свадба да они а не во црква
Добро прави! Ако не` повика на гости премиерот или претседателот нема да појдеме облечени како за на расади плевење, туку ќе се дотераме. Колку повеќе треба да внимаваме како се појавуваме пред лицето на Царот на сите цареви? Во грчките цркви, кога луѓето одат на богослужба сите се дотерани, госпоѓите па макар имале и само три влакна в крст на главата прават фризури. А кај нас, дури се дрзнуваме некогаш да појдеме пред Лицето Господово облечени во тренерки, како да очекуваме дека Господ ќе ни пушти некоја топка од Небесата па да почнеме да играме фудбал! Да се запрашаме дали со облеката со која застануваме пред Лицето Господово би не` примиле и в опера на пример? А, ако и` правиме чест на операта, колку повеќе треба чест да и` правиме на црквата? И нашите стари кога оделе в црква се дотерувале во најубавите облеки кои ги имале, ама сега ние глумиме некакво си лажно смирение и в црква се облекуваме според модниот тренд - свети партали.
Нема да се замараш што да облечеш и не можат да те осудуваат што си облекла во црква, ниту пак за време на циклус дали и што смееш во црква - ако сфатиш дека сѐ тоа е една длабоко мизогинистичка машинерија, и воопшто не ни одиш во црква
Да, пошто Бог пимпирлија, гајле му е како сме облечени. Поќе се грижи дали сме облечени, или барем треба да е така ама не можам да знам јас. Исто, гајле му е него за ситниците во денот шо ги прајме, оти пимпирлија. Шознам, моја дефиниција на Бог не е ваква. Секој со својата.
Не знаев дека Господ е моден гуру од елитна класа па тренерки или "партали" за него навреда се. Споредба со премиер, претседател, опера, уште Донатела Версаче фали па да скроз ни стане јасно во која екипа е Господ. Ова се работи што само човек со сите негови недостатоци може да ги измисли, кој, каде, како треба да е облечен и тоа да стане норма. Ама некој како Господ?
Сметам дека пристојната облека е сосема доволна за во црква. Зарем е битно дали си се дотерала ко кралица или имаш обична блуза на себе? Битно е на каков начин пристапуваш кон Бог во црква, со каква помисла.
А на венчавка што има невести со длабоко деколте, на олкави цицките испрчени нанапред ? Ме нервирате ко се правете светици, абе многу сте ми пристојни, а курвински делуваат некои баш на такви пригоди. Сакала госпожата да изгледа привлечно во невестинскиот фустан, а нема срам со скоро разголени цицки да се појави пред попот... и да не се разбереме погрешно, НЕ, ништо нема покриено врз неа, те таква ко курвичка стои во црквата. Затоа и сум коментирала претходно на темава, ма ич не ми е гајле како ке се облечам , до душа знам и во вчечки, со боси нозе да влезам , да ( залапам ) запалам свеќа и да излезам.
Здраво сакам да ве прашам Верувам во бог но не одам многу често во црква. Се молам често и секогаш се заблагодарувам за секој ден. Е сега сакам да ве прашам, знам дека се е внатре во душата а не во надворешниот изглед, но несакам да ме осудуваат. После секое патување ветувам зејтин во црква. Сега е многу топло па да ве прашам лошо ли е ако идам во црква со панталончиња широчки кои не се многу кратки ?
Оди слободно, посебно ако не одиш на богослужба. Никој нема да те осуди. Се` ова што го правиш е добро, убаво и богоугодно, би те посоветувал само да пробаш да прочиташ и нешто повеќе за нашата вера. Како на пример оваа малечка книшка - катехизис. https://www.dropbox.com/s/bnt5jaebmcb0k6t/KatihizisElektronskaKOE.pdf?dl=0
Црквите работат скоро додека да зајде сонце, обично отворени се докај 18 часот, можеш да избереш да одиш после 17 часот, сепак не е тогаш жешко како што е во 12 на пладне. Поентата ми е, иако не се многу кратки панталоните што ги планираш, и широки се, сепак не е вкусно во црква со голи нозе да се оди...ти кажувам од искуство, еднаш отидов така и никогаш повеќе, вработената ме фати за рака и ми даде сукња, тогаш се лутев и се навредив, ама после сфатив дека е во право, тоа го препишувам на мојата незрелост во тоа време. И сега не одам во црква прикладно, со сукња долга и марама, ама пак и не одам со голи нозе и со деколте. Како сакаш прави, не ме сфаќај погрешно, само споделив мој пример.
Според мене ц*и на изволте ставени не е пристојно. И фустан што со секој покрет гаштите се гледаат. Се друго е прифатливо.
Зошто? Нели тие цицки ' бог и ги дал ' на жената, како дел од совршена креација, зошто да ги крие од него?