1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облеката при одење во црква

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Топлес мажи спаѓаат ли во „сè друго“?
     
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Ај сеа како и во секоја тема одолговлекувајте.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не одам разголена в црква.
    Исто како што не одам разголена на суд... пример.
     
    На Lady D ❤️, Snowflake97, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.738
    Глупо ми е да се оди разголен ама во некои од црвките бараат жените да носаат здолниште што мене ме иритира. Некој да ми објасни дали има некоја позадина во оваа
     
    На Lady D ❤️, WildMk и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Во Стариот Завет стои: жена во машки алишта и маж во женски алишта се гад пред Господа.
    Е сега прашање е дали пантолоните се само машки алишта... Ниедна од моите баби не сум ја видел во пантолони или тренерки, ама мајка ми, тетки, вујни, стрини итн. веќе носат и пантолони, е сега не пантолоните од мажи им. Ама не би навлегувал во подлабока дискусија за ова.
    Мене најсмешни ми се некои кои носат фармерки, ама пред да влезат в црква навираат и некое си здолниште со кое го метат подот црковен. Излегуваат од црква го соблекуваат истото...
     
    На sonuvana и edna_malecka им се допаѓа ова.
  6. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Не е до нив.
    Бигорски на пример, не можев да влезам со фармерки, и има има и здолништа на самиот влез, и сите што бевме со панталони, навревме и "сукња" врз фармерките и марама за на главата, за да може да влеземе.
    Сум посетила повеќе манастири, немало вакви рестрикции.
     
    На theowndemon, buba4e89, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  7. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Тука кај што живеам има Руска Православна Црква, секогаш кога сум ја посетила ниту еднаш немам видено гологлава девојка или девојка во пантолони, сите носат свои долги сукњи или фустани и марама на главата, а никаде не пишува дека така треба но самите тоа го применуваат.
    За разлика кај нас е доста поопуштено, освен во манастирите што е постриктно.
     
    На Selest, buba4e89 и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  8. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    41.878
    Пол:
    Женски
    Една од причините поради која се оддалечив од верата кога почнав да размислувам со сопствен памет. Да кажам и зошто. Во основно бевме на екскурзија во манастир (нема да наведам кој). На сите девојчиња поделија сукњи, за мене и за уште три-четири немаше веќе и не не' пуштија да влеземе, а бевме деца од по 9 години облечени во тренерки или фармерки за на екскурзија.
    Мајка ми како верник често ми ја раскажува приказната за девојката која "непристојно" облечена отишла во црква, не ја пуштиле, а Бог рекол јас колку се намачив да ја донесам до тука а вие ја избркавте...така нешто одеше. Е сега од една страна приказнава, од друга страна реалноста која ја доживеав што секако не е правило за сите и секаде.
    Не навлегувам во причините зошто мора и зошто е убаво да се внимава на облеката, кој како милува нека си прави. Тоа што јас не се пронајдов или не знаев како, не значи дека ми пречи ако друг го применува, макар било и несфатливо за мене.
     
    На theowndemon и Summerbaby им се допаѓа ова.
  9. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Знаеш во манастирите обично се водат по Свето-Горскиот пример, многу е стриктно, всушност без благослов ништо не се прави таму. Ако ве пуштеле вас неколку, можеби и другите ќе сакаат или ќе велат зошто ним им е дозволено да се без суќни а нас не. Така ќе нема ред воопшто. Па ќе треба така никој да не пуштат на крај. Всушност ако било екскурзија наставниците би требало да се малце поинформирани дека треба во одреден манастир сукња да се носи, сепак не е музеј, па така ќе избегнеле вакви работи за сите деца да ги пуштат таму.

    Повеќето манастири се далеку од луѓето, монасите прибегнале таму за да се молат за сите луѓе, и се далеку од светот, но светот пак оди кај нив. Тие ниту се облекуваат како нас, ниту живеат како нас. Најмалку што можат да сторат за да се заштитат од помислите е да се заштитат, за да бидат истрајни во молитвите.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Таа приказна има огромна вистина... Многу му е жал за твоето искуство, се растажив.....ах живот.... И јас поради мнг ситуации бев отргната од верата и после поради мнг се вратив...

    Лично отсекогаш сум сакала да носам здолништа, но во црква не секогаш носам иако ми се допаѓа кодексот на облекување. Исто како што во општина не ме примија бидејќи носев кратки, така и во црква си има некои правила...

    Бог нели не гледа по надворешноста, најважно му е што ви лежи во срцето...
    Но во Библијата се кажани некои правила - „Жените треба да се облекуваат скромно, соодветно на пригодата и чесно, без украси, злато и бисери.“ исто така е кажано дека е препорачано разликата меѓу мажот и жената да биде нагласена преку облеката (мажите стрикно кратка коса и панталони, жени долга коса, долго здолниште итн) Дури има дел во стариот завет каде што ни се кажува каков материјал треба да избегаваме (полиестер и други фабрички материјали)

    Јас лично кога ги почитувам овие правила некако духот ми е посмирен..Не знам како да го објаснам ова...
    Така ми влијае... Еве една споредба- имам посебна облека за вежбање и кога ќе ја облечам некако апла се концентрирам на моето вежбање и се чуствувам мнг мотивирано... После сесијата, носам обична облека но внимавам кроз денот што јадам за да не биде баш се за џабе...
    Сега идењето во црква... Ќе облечам долго здолниште и пред да влезам ставам марама, значи се покривам максимално... Во оваа облека сум мнг поконцентрирана и мотивирана и внимавам да не судам или да не си умислувам дека мојот труд Бог посебно ќе го награди... После кроз денот во најобични алишта, некако мотивираноста да си ги чувам мислите здрави и позитивни и духот смирен и полн со љубов ме следи...

    И на крај има денови кога во најобична облека и вежбам и идам во црква... И тоа не го прави ниту мојот физички труд нешто помалку вреден, ниту мојата вера по слаба....:f: :)
     
    На Snowflake97 и BY<3 им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ај да зборуваме за градење предрасуди.
    Не разбирам зошто некој би се потпирал исклучиво на писание од пред 2000 години?

    Онаму дебатираме на тема родов идентитет, а ваму: 'Жена во машки алишта и маж во женски алишта се гад пред Господа'

    Мислам... апсолутна дихтомија во општеството.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.738
    Апсолутно се согласувам и со двета. Прво приказната е многу точна и за жал не почитувана и сфатена дури и во 21 век. Второ тие цитати во библијата мисалам дека се повеќе со некоја метафора и имаат друго значње или некој пробал да наметне родова нееднаквост во света книга која верувам е модифицирана со такот на годините .Бидејќи пред господ сите сме еднакви и исус неговиот син тоа го проповедал дека сите сме еднакви и да се сакаме бидејќи сите сме колку толку грешници. И малку ми е лоша попагандава безразлика дали имаш 9-109 години одиш во манастир или црка да бараш помош,благодарност, прошка за грев или мир и на крајот ти си принуден да носиш здолниште поради тоа што си жена.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Бидејќи моралните стандарди (10те заповеди) од Библијата до ден денес го држат највисокото скалило на морално правилна и душевно здрава личност... (има дел од библијата каде му се обраќаат на Исус со зборот *добар*, тој возраќа- зошто ме викаш добар?)

    Бидејќи пишаниот збор дава инспирација, мотивација и убавина во нашите животи :)

    Се сложувам дека зборот гад е премнг силен и нема потреба за такво изразување...

    Во темата родов идентитет, се дискутираат различни гледишта, па сепак сите сме Божји деца.. Со нашите размислувања си ги градиме патиштата, но не би сакала да ги делам гледиштата на *прогресивни* и *затуцани/прастари* Верувам дека сите имаме добрина и мекост во душата нашата, па меѓусебна почит е секогаш позитива и препорачлива работа :f:
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не се метафора.
    Пред 2000 години луѓето дефинитивно не размислувале за родов идентитет и човекови права.
    Пишувана е во духот и капацитетите на тогашната цивилизација.
    Од тогаш имаме научено еден куп нови работи.
    Сигурно немале морални дилеми за биоинжинеринг во 1АД
    Повикај се на ова погоре.
     
  15. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.738
    Да ама по се изледа лошо ја пренсувале пораката на синот Божи...
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Од луѓе е пишувана.
    Кој како си интерпретирал и мислел, така пишувал.
     
    На Bezimenka90 и Summerbaby им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Што е машка и женска облека според Библијата? Ное сигурно не носел фармерки, па да ги припишуваме како машки или несоодветни. Ниту па носеле панталони. Носеле мантии слично ко што носат поповите сега.
    Према тоа сите со мантии во црква и мажи и жени треба да влегуваат.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  18. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Ги почитувам вашите гледишта и ве разбирам :l: секое добро девојки @WildMk @Summerbaby
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    835592106.jpg
     
    На cresa-jagoda и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Не, не е во ред од цела група на деца да одделат неколку да не смеат да влезат само зашто нема доволно сукњи, што не е по вина на децата.Искрено без навреда на никого ама ова се премногу тривијални работи и не може на некого да му се скрати правото да отиде во верски објект заради тоа што носел фармерки.Фармерки се парче материјал, каква врска имаат со духовниот свет?

    Да, нормално дека во црква не се оди како за во кафана, има одреден кодекс како и во секоја друга институција, ама претераната строгост се само измислени правила од луѓето за луѓето.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Summerbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.