Јас купив во бутик за деца во Лептокарија, како точно се вика не знам ама лепенка е до Ла крем слаткарницата. Имаат преслатки работи и се им со многу пристојни цени дури се изненадив.
Користите ли вреќичка за спиење за бебињата зимно време? Се мислам каква да купам, со или без ракави?
Јас користам без ракави, се успива па ја ставам во неа. Тие со ракави моето нема шанси да се успие така.
Само во преодниот период дур почне парното. Тенка без ракави, како памучно кебенце. После во грејна сезона жива вода се правеа во вреќа.
Мамички какви скафандери користите за бебушките? Да не пропуштаат вода ни ветар. Каде ги има, која цена се и каков да барам не знам
Kade moze da najdam vrekecki i so rakavi i bez na fb ili instagram online da poracam moze strana nesto?
Мојата е сега 8м ама јас ја користам од раѓање, мене ми беше најсигурна во вреќа, ем немаше да се открива ем не си ставаше кебе врз глава. Секако доле покомотно облечена и според собната температура имате различни дебелини на вреќи.
Дали сте нарачувале од странава и како сте задоволни? https://muppetkids.com/mk/shop.html?cat=92&muppetsizes=51&product_list_order=price
Емка задоволна сум. Имам многу комплетчиња од таму и како подарок ми имаат купувано од таму. Единствено пантолончињата гледај во ластикот да се пошироки не од тие многу стеснати шо се растегнуваат, само со таквите малку имаше бебка нелагодност. Иначе и цена и квалитет супер. Мхм фала мила.
Вајкики имаш многу убави ствари и по убави цени, Хелоу бејби во Бисер исто. Појди на овие две места и од глава до пети ќе ги изнадотераш девојчињта. Убаво, но поскапо имаш и Окаиди
Фала Емче, ама работава беше да не искачам од дома, сакав онлајн да нарачам, зашо со цуциве редуцирани ми се искачањата низ продавници...само прошетки со нив и толку...
Фала срцко, и мене тоа ми смета со тесни колкови панталони...ќе глеам да не се зафркнам...или пак кај мајками на ширење
Baby shopp Cool kids Kids Style Tiny baby shop A&M collection Butik za deca Mr bean Kids zone Macedonia Еве ти за секакви вкусови
Искрено мое мислење е да си ја видиш облеката во живо и да си пофатиш и материјал и се, па така да си одбериш. Од интернет имам порачано ама повеќе не. Има околу нас бутици колку да сакаш, па нешто на слепо да порачувам нема смисла.