Не знам по книжариве дали има А што се овие поточно? За од која возраст се користат како дсе работи со нив?
Bebe Home имаат мека книга https://bebehome.mk/product/tiny-loce-двострана-интерактивна-медис-кинга/ А flashcards има во baby shop, дрвени се и многу убави, имаат голем избор ама не се за мало бебе. https://babyshop.mk/mk/edukativni-kartichki-zapoznaj-ja-farmata Muppet kids и Dal-Dako kids.
Не сум прошетала искрено не знам дали има воопшто кај нас. Може да се користат од раѓање, за развивање на видот кај бебињата. Повеќе реагираат на контрасти, затоа се добри. Ама во нашата чудесна земја и тоа нема. Последна опција ми е да принтам, ако не најдам по книжариве.
Ако најдеш пиши. Ќе свртам и ја денес телефонски по поголемиве книмари че ги прашам.чисто се сомневам и јас дека имаат.
Го гледам ова бебето на сликата од линкот на Бебе хоме како си легнало мирно и си ја гледа книгата. Толку сликовници купив и меки и тврди, со приказни и ова моево абе се во уста става. Какво лежење, какво читање, ми ги сруши сите замисли
Јас исто така ги гледав рекламите со бебиња кои се радуваат на вртелешка на креветче, мојата се плаши од неа, плаче и не може да спие. А јас си мислев ќе и ја вклучам вртелешката и мир у куќа
Ај една консултација. Сакам да порачам за бебе скафандер од тој од H&M како мече што е.Е сега ме интересира од тие што сте го имале ,а знам дека тука се пишуваше,како е со бројчињата,дали калапот е голем или мал, бидејќи се мислам дали 56 или 62 да земам.Реално би го користеле два месеци февруари и март за низ надвор ,па не знам што број да земам,не сакам да и е големо па се мислам за 56 ката? @duffi мислам дека ти го имаше?
Мој совет е да земеш 62, јас имам 56 и ептен е како за новороденче, а мислам бебенцето твое е веќе 2 месеци? Јас многу малку го искористив, 2 до 3 пати максимум.