Само една кратка реклама. Mајка изработува плетени работи. Кој има време нека си зирне. Фала на издвоеното време! https://www.instagram.com/rucno.pletivo?igsh=MXZlc3lhd3Y0cnRuMA==
Дали некоја од вас го посети новото next? Не сум од Скопје ама ако идам ме интересира како се цените и дали се исплаќја?
Па и не баш. Купив четири боди со кратки ракави, три шпикозни на патент и четири лигавчиња и сметката излезе точно 3.500 ден.
Искрено не проверував, онака поминав само и мислев дека се ок. Последно и во Приштина кога бев цените не беа исти и производите што идеа во пар беа разделени и се продаваа како посебно парче, се надевам нема и кај нас да направат така.
Јас купив неколку работи и баш ги проверив цените. На пример, ова се 3 пара пижамчиња. Цената им е 24 фунти, а кај нас се 2400 денари. Спојлер Еве и линк https://www.next.co.uk/style/SU033837/567351#567351 Баш се разочарав, од цените и што продавницата е мала, слаб е изборот ако се земе предвид што се имаат во онлајн понудата.
Шпикозни со копчиња има од tiny baby shop. Со патент се попрактични бидејќи побрзо се запетлува, ама од друга страна на овие со копчиња можеш да ги откопчаш само кај нозете и брзо да смениш пелена, така што нема голема разлика.
баш од тука гледав, дали овие се тешки за облекување? Страв ми е некако додека го навикнам на почеток.
и јас се мислам сега што е попаметно 0-3 или 3-6, да не му бидат мали или па да плива во нив ама дефинитивно ќе нарачам некои, баш се убави.
Јас имам и со патент и тие ме нервираат дека треба да ги извадиш нозете од нив за да смениш пелена. Како ќе е поголемо, толку потешко ќе ти биде дека многу мрда и му го тегнеш бодито кај рачињата за да ги облечеш нозете пак. Топла препорака за копчиња. За се останато се плашев ама најдов цака како да облекувам преку глава. Повели линк до видео: https://youtube.com/shorts/o7J4oB5aAfw?feature=shared
Па јас би ти рекла 0-3 да земеш, прилично големи се 3-6, ќе плива бебе во нив на почеток. Моево бебе 0-3 си ги износи баш 3 месеци и нешто плус, исто од тука ги земавме.