Не се тешки, ама мислам дека е полесно со бенкичиња. Јас имав вакви и имав и 2-3 бенкичиња, полесно ми беше првото време со бенкиче дека не треба низ глава. Инаку, мое искуство од Tiny Baby Shop - бодито се стандард големина, значи за боди и 3-6 мислам дека нема да ви бидат многу големи, мене големина 0-3 ми ја надрасти на вториот месец, НО шпокозните се поголемки, шпикозни 0-3 и' беа точни и на четвртиот месец.
Tip за облекување низ глава ако бебе плаче. Како што го собира боди на видеово на 1:14 и го ставам на подлога, правам простор во средина и ја ставам главата па повлекувам. Од раѓање вака ја облекувам
Според мене да си земеш од 0-3 оти моето бебе се роди 46цм и таман му се сеуште еве втор месец сме..а шпикозните од tiny сеуште му се големи од 0-3, значи јас ако земев од 3-6 ќе пливаше во нив. Неубаво ми изгледа бебе во огромни алишта да плива во нив
Дали имате земено ќебе вакво од Бомида? Дали е добро за во зима? вакво за постелување со мушама дали ми треба?
Овие за со мушама бркаат работа за менување пелени за надвор од дома кога одите да си постелеш, јас имам земено за така. Иако и оние еднократните се доста практични, така да како си решиш. За ќебињата немам искуство.
За во зима јас земав ќебенце од генцбебе, 390 денари преубаво и премеко Отвори му го профилот и баш сеуште стои на стори како bahar kebe, ќе го најдеш лесно
Ова со мушама е практично особено за после бањање, ама ти препорачувам да земеш некое во должина 74-80+ цм затоа што брзо прераснуваат.
Еднократните пелени се одозгора памук, одоздола мушама за да не пропушта. Има на бекутан, бејбилав, слипи, по десетина во пакување, околу 150 ден, една ја користам и по неколку пати, практични се доста при менување пелени да си постелеш. А за тетрите да се редактирам, тие ми се најискористени, преку ден на тетра лежи, за покривање летно време, во количка како подлога, на гости ако заспие... За се можно ги користам.
@snowwhite.24 https://lococroco.mk/produkt/podloga-za-presoblekuva-e-bear-vit-mi-mint-80h50cm-kikabu/ За дома користам ваква подлога за пресоблекување, ако имаш кај да ти стои на фиокар или слично ти ја препорачувам, искрено кичмата ми е благодарна. Кога сме излезени користиме слипи за една употреба, т.е ние ја користиме повеќе пати дури не се извалка. За тетрите се согласувам. Имам земено 25 и за се ги користиме.
Да не ве означувам сите, ви благодарам многу, ќе разгледам се ќе докупам тетра и пелени ќе земам. @Bella.alleB немам место за фиокар, дали може врз креветче? Планирам да земам транспортно со подлога, па не знам дали и вакво за во спална на дрвеното. Транспортното би стоело во дневна претежно. Имајте убав ден
Па јас мислам едно ти е доволно, тоа на транспортното ти одговара за да не се наведнуваш. И јас имам како погоре членката што има и ми стои на сталакот од коритото.
Да може и врз креветче или ако имаш држач за кадичка уште позгодно ќе ти е. Јас имам земено држач од енци менци мислам дека е ист како на правничка. Ако го порачаш ќебенцето од Бомида пиши ми дали е убаво, и мене ми се свиѓа.
Имам држач од енци да, не знаев дека ќе ја фати и подлогата на него. Па се мислам, на изглед е убаво. Сакам некое памучно зимско, нигде не најдов. Во Локо Кроко и Памук Пале немаа памучно дебело. Ќе погледнам Стружанка деновиве.
Од H&M за новороденче кои броеви да земам? Сакам да купам бодиња, шпихозни и скафандер ако најдам убав.
52че облека 56 скафандер ама зависи и од бебко како напредува до сега, гени дали влече од некого за да биде долго. Моето се роди 51цм скафандерот 56 или 58 како одеа, го истера цела зима
На лето бебево ќе биде 8-9 месеци. Како би спиело летно време? Дали да нарачувам вреќички за спиење, и пижамки со патент на долги за летни време? Или само би спиела на боди на кратки? Или пижамчиња на кратки? Нарачуван сега за цела година, бидејќи ќе ми ги донесат од друга земја зимава. Па да знам што отприлика да нарачам.
И мене ме советуваа мајки со кои што комуницирам летно време само на ромперче или боди на кратки, или евентуално со некоја тетра пелена да го покријам. Бебо здравје ќе биде 5-6 месеци тогаш. Кај нас и онака е пекол, верувам дека и во летна вреќа би се свариле.
Од кога се роди спие по боди на кратки и уклучена клима. Ја шутира тетрата која е ептен тенка ама јас му ја замотувам околу половина . По долги никако, ќе се свари бебче. Плус рачунај моето е 8 недели старо моментално, твоето здравје ќе биде поголемко и веќе ќе има развиено добра терморегулација.