Јас само да кажам искуство со Gencbebe во Тетово. Од таму имав купено скоро 90% од работите, количка, креветче и се останато. Пред неколку дена купив комплет за бебе и кога дојдов дома видов дека повеќе е за машко, имало како плав крој на рабовите. Веднаш бев да го вратам со фискалната. Продавачките напоменаја дека не враќаат пари. Им кажавме дека законски со фискалната сметка треба да ги вратат парите. Потоа дојде еден "Господин" најверојатно беше газдата, и беше премногу арогантен и крајно безобразен, до сега не сум сретнала такво однесување, плус такво однесување со бремена жена...На крајот парите ги вратија и само знам дека веќе никогаш не помислувам да купам нешто од таму, па и последна продавница да биде.
А толку се мислев да си нарачам нешто алиштенца, ама сеа од солидарност и од што ми се хормоните на најјако, ветувам дека и јас нема да порачам ништо
Genc bebe i helo baby се исти.Јас кога отидов сакав две креветчиња,количка,релаксатори,корито и сигурно уште нешто ке купев и несакаа да дадат никаков попуст ни 100 ден.И маж ми се изнервира и искочи несакаше од таму да купиме.Среќа па си начекав многу поубави во enci menci
Да, мислам дека е истото. Јас такви трауми што доживеав од неговото дерење и понижување, изгубив мерак да купам нешто неделава.
Леле што читам за генцбебе, се изненадив Неодамна ќебенце имав порачано, многу фини и услужливи беа на инста, а за во продавница што читам цц Ти да сакаш се да испазаруваш таму дупло за близнаци и да не ти дадат денар попуст..
Јас па купив количка и креветче од таму, ми дадоа мал попуст и плус подарок чорапчиња и лигавче. Многу беа услужливи и културни кога бевме со сопругот.
Валда јас кога бев неим беше денот.Нереков дека неуслужливи,туку им оставаш преки 1000 евра пари и 100 ден да нети дадат попуст
Не е за тука постов,ама за секој случај пак да прашам сите сме жени и домакинќи.Флекериве ги утнав во димензија а многу имав мерак за вакви премекани преубави ама како сум измерила погрешно незнам.Ако на некоја мајка и се допаѓат вакви имам димензија 2.50×70 и 1.50х70.Извинете усте еднаш за постов само за седечки дел се
Тука имаш памучни, во Дајмонд Мол имаат продавница. Јас зедов од овде. Преубав е памукот. https://idilbabymamino.com.mk/?s=ќебе&post_type=product&dgwt_wcas=1
Мајки дали знаете каде има долен дел зимски панталони, како скафандер? Најверојатно горе како со трегери ќе бидат, така замислувам. Не сум била во ниеден мол, ако некоја видела нешто ве молам да споделите
Од каде купувате оградици за креветчиња за новороденчиња? Прочитав секакви мислења искрено не знам дали воопшто да купам додека се ептен мали?