Сеуште не купив облека за изнесување од болница на бебе. Видов во h&m убави работи, кој број да земам? Бебе е напредно 2-3 недели и не знам кој број е најдобро. Може и од друга продавница, само совет кој број да не му земам мало или па да плива во облеката.
56ка ќе им бидат токму при изнесување. Можеби и малку големки ако се родат помали. Зошто мерењава и не се некој индикатор дека навистина таа им е големината на бебенцата. Јас зедов од Зара онлајн, имаат преубави комплети за бебенца. Имаат и категорија на апликацијата Shop the look, како комбинации. Преслатко е се.
Во синсеј сити мол има 4-5 нови модели на зимски јакни до 2 години мислам, и скафандери, за кој и да бара
Би ти препорачала да си земеш гумирана подлога, полесни се за одржување. Платнена ќе треба нон стоп да ја переш/пеглаш, а гумираните само ги пребришуваш. Над неа плус подлога за еднократна употреба ќе ставиш и раат си. За вакви мислам: https://www.babycenter.mk/freeon-podloga-za-presoblekuvanje-tiny-miracle-1177500.html
Во право си, во меѓувреме и јас си го размислував истото и сфатив дека гумирана подлога е сепак подобра опција. Фала ти за советот
Јас ја изнесов со 50ка од ХМ. Родена е 2800. Долга 50цм. Со истата килажа не пуштија дома. Колку за орентација.
на инстаграм што се пишани Ело? А каде се наоѓаат? @LadyR ги гледам и јас цело време, ќе си купам нешто баш.
Видете по навигација, мало дуќанче е на народен фронт. Пишете им на инста, јас вчера земав ќебе и ми кажаа на одмор ќе се.
Многу убави работи имаат, да не знае некој колку пари се плетенките за креветчиња? Квалитетни ми изгледаат. И бањарките? Ова другово се’ што гледав многу лито..
Од трифантино мислам дека е ако не се лажам, пред две години е купена ја перам во машина и сушам во сушара нема гајле.
Тие никако не враќаат на пораки не знам како да стапам во контакт…. Гледам адреса им пишува, да не имаат и продавница па директно да отидам?
Немаат колку што знам, јас тогаш и постелнина нарачував, плетенка, пернички и баш беше коректна девојката.
Мене овие од Луна никако не ми враќаат. По три пати им пишувам за да вратат еднаш. Месец време три реда конверзација. Ми се допаѓаат нивните перничиња и чаршави дека на ластик ми требаат. Ама си викам ако им треба толку време да вратат, колку време ќе треба за да ми испорачат што ќе нарачам.
Од Ело ми стаса претходната недела гнездо, сет постелнини, и бањарче. Се е толку убаво, и дезените и памукот. Бањарчето е препремеко. Имат онлајн страна, можеш да си разгледаш и нарачаш и преку страната.
Оти таква селекција прават Се зезам, ама може има 4-5 дена како им пишав немам никаков одговор, а многу убави работи имаат сакам да порачам… Ќе замарам додека не вратат