Не, различна страна е од Зара Нема порачка, само кога ќе ставиш локација ти ги дава производите што навистина ги има на наш пазар, ама нема кошничка за полнење
Штета Ништо ќе пратам некој да ми земе, и јас ги гледав бањарчињата и кебенцата и баш ми делуваа убави
Дали има плус дел со ластик за да се стави на душечето или е баш права? Нашето е баш оваа димензија, ќе ми одговара. На страната не видов.
Веројатно ќе видат у брзање и ќе им отиде Јас така на работилница булка им пишав ме изигнорираа а имам нарачувано неколку пати
https://bebehome.mk/product/vibboo-чаршав-душек-протектор-тенцел-120х60/ Со ластик. Имам 2 за 2 креветчиња. Милион пати перени, како нови се. Добар материјал, не шушка под чаршавот
Дали некој од вас има искуство со бебешка облека од Next? Гледав имаат многу убави бебешки работи, но се со повисока цена па дали вредат за парите, дали се со добар квалитет и слично
Да. Јас сум презадоволна, што од шпикозни, бодиња и сл за бебиња до фустани, комплети хеланки, маички, блузи сега. Матријалот е многу убав и мек памук и не мрдаат ни во машина ни во сушара. Цената кога ке се земе во обзир квалитет е ок, од малски продавници еден комплет блуза и хеланки се по 1000/1200 ( се зачудив искрено) и тука се за мн малку поскапи.
Јас многу работи купив од Next. Чекам да се роди бебето. Ама ептен квалитетен ми изгледа памукот, мислам дека ќе се покажат доста квалитетни работите од таму. Чекам дали скафандери ќе донесат, сака да земам зимско палтенце од кај нив.
Заборавив да видам дали има од тие меканите како скафандери бушави, гледав на официјалната страна на Некст има, и се мислам дали е океј такво за излегување од болница да земам или само комплетче па со кебенце покриено, пошто зимско бебе искрено ич немам ориентација како би го облекла ЕВе на какво мислам https://www.next.co.uk/style/su221513/K91428#K91428
Земи си ако ти е мерак ама имај на ум дека во транспортер не се препорачува бебето да носи јакна, скафандер. Не е безбедно за бебчето. Подобро ти е да го покриеш со ќебенце, секако нема да е надвор долго.
Јас вакво зедов од H&M. Сакам да земам шушкав скафандер, водоотпорен. Инаку за транспортер не се препорачува да е облечено бебето во скафандер. Јас зедов ќебенце вакво, баш за во транспортер направено. Преубаво е, мекичко. https://dream.mk/product/повивка-за-седиште-во-автомобил-гуска/
Јас ко што знам не се препорачува онаков дебел шушкав пошо неможе преку него убаво да се наместат каишите се лизгаат, а ова е мекано, како подебело блузиче ќе му дојде, каишите убаво можат да стојат на раменца
Се што е подебело на бебето меѓу него и каиши смета во случај на незгода. Еве моево 9месечно бебе има ќебенце јакничка на лик тенка есенска ама кога ќе го ставам во количка прелошо стојат каишите и колку и да стегаш неправилно е наместено. Убаво ти рекле, за мало бебе најпрактично е дебело ќебе. Моето е јануарско така го извадив од болница.