Здраво девојки мала помош кај да најдам чорапчиња ама ми треба мал број моето бебенце е предвремено родено.Почнав и јас да се спремам за бебка ама се поминав вчера во еаст гате и чорапчиња не најдов тоа што најдов е големо
Majki zdravo pochnuvam so kupuvanje na obleka, pa mi treba sovet. Sakam da kupam bodinja od Sinsay. Dali imate kupeno, dali se dobri?
На син ми пола и повеќе облека му е од Синсеј, па можам да кажам дека за парите сум многу задоволна од квалитетот. Нормално не е кој знае каков квалитет, ама еве до сега немало никаков проблем со алиштенцата , а со бебе перални има еден куп. Е сум прочитала дека знаеле многу да се смалат, јас немав таков проблем. Најверојатно дека не ги сушам во сушара, не знам.
Јас имав земено, многу од нив ми се испокинаа баш кај нитните кај што се закопчува. Квалитет нула. Други некои работи како тренерчиња нешто е ок нешто не, се отвараат дупчиња зависи од материјатот. Со шпикозните од Синсеј пример не сум имала проблем, а бодињата скоро сите ми се фрлени веќе. Подобро зара или ваикики, или пак нарачај боденца од Primark или George што носат, има по инстаграм и фб.
Јас имам купено од Синсеј тие што се потенки ептен тешко оди со нитните, некои што имав со малку подебел материјал подобро се покажаа. Се на се добри се затоа што ептен брзо ги одраснува барем кај мене, по неколку пати облечени еве сега веќе некои и се мали.
Од Синсеј едно бројче поголеми земи, бар кај нас така се покажаа. Од Тритекс немој на преклоп, се рашируваат кај вратчето, ич не сум задоволна од тие. Подобро обични.