Сега отворив,не е таа страница. Оваа што ја барам беше баш како свечени фустанчиња со тулови нешо во тој стил
Прочитав дека ја препорачувате примарк за бебешка облека, каде да ја најдам? Сакам квалитетен памук, бар првите облеки....
Баш ме интересира што цени ќе обесат од Солун преубава јакничка од mayoral за 22еур и купив. Попладне ќе поминам до енци менци да видам што луксузи е во Скопје
@Feniksgirl страната од енци менци барем кај мене многу често е крш, преубави се работите поготово за женско. @Baby warrior https://www.encimenci.com.mk/catalogsearch/result/?q=mayoral
Горе доле се +10€ цените на стварите што ги земав од оваа колекција во Солун, на кондури, хулахопки е помала разликата. Ама за 22евра може на попуст била иначе ни во Солун не се евтини.
Мајки ве лолам набројте ми од каде купувате облека за бебињата, мојата наполни 1 месец до сега и облекував само шпикозни обични, сакам некои подебелки шпикозни и подебелки дводелни комплетчиња
Sinsay, Waikiki, Тила, локални продавнички. Онлајн ако сакаш Bomida, Baby steps, Bp Kids Fashion овие на Фб.
Иста мака имаме, мојата е речиси два месеци. Во Синсеј во Џевахир најдов само две подебелки шпихозни, и тоа оние што се како повеќе како за надвор за шетање, налик скафандерче. Имаше едни со Бамби и едни со Вини Пу. Пантолончиња термо подебелки имаа во Сити Мол, ама од 74ка па нагоре. Ваикики пребарано во Ист Гејт и Сити Мол, имаше само едно комплетче како бушаво, не ми текнува како го викаа материјалот ама не ми се допадна. Не сфаќам зошто за најмалите нема дебела облека. Локо Кроко барав, само едни шпихозни имаа подебели на Бебето, 1100 денари беа... Ако шеташ на кај Врање или Солун па да видиш во Пепко...
Пред 3 години, преубави плишани шпикозни купував од Тила. Да проверите и таму. Тие се подебелки. Едит: за онлајн и Baby shop Bomida на Фб И на апликацијата на Зара видов поприлично дебели алишта и плетени баш од новороденче натаму.
Фала ти, ќе разгледам на Бомида и Зара. На Тила гледав пред некое време не најдов колку што се сеќавам. Фала ти на предлози