Zara( најубави боди долги, кратки и други раб како џемперчиња) , H&M ( убави блузони и хеланчиња дебели) , tritex (пижами во главно и за дома дводелчиња полесни) , enci menci, waikiki (летни ромпери) . Синсеј имам од мекици не ми се свиѓа материјал се собира, c&a исто крут материјл се собира.
За Синсеј си во право, ама за почеток кога бљуцка на секое или кака и мочка па протекува се одлични за по дома да менуваш, а ефтини што супер се исплати. За Зара и h&m потврдувам, се што ми е од таму, преубаво и нема мрднато. Дали Waikiki ти се собираат? Мене ми се собраа некои, а многу убав памук се, а веќе не е баш па и ефтино, доста им се качени цените.
Јас па едни бодиња од Зара што земав, 5 во пакетче беа ми се чини, 86ка со едно перење помали од 74ка се направија... сеа така стојат еднаш облечени...
Ми се нема десено никад од Зара такво нешто. Како се купени такви се, а ги одра од носење. Синсеј сите до едно или собрани или се кинат, и Окаиди ми се собираат.
Синсеј исто бројче различна големина се, имав напочеток 56ки сите различни беа. Башка ниту се растегнуваа за полесно да ги облечеш, шпикозните исто чуден крој во ногавиците кратки во ракавите долги. Штета, баш се прикладни цените и интересни дизајни имаат ама веќе не купувам.
На колку ги переш? Ние од раѓање до сега (7м) имаме од неколку големини купено по неколку пакувања баш од тие по 5 што се во пакување и ги износува убаво, не мрдаат. На 40ка перени
на 40, 20... не перам на голема тт... сушам на сонце, не користам сушара... Баш чудно @Feniksgirl А вака памукот убав им е...
Сите бодиња им се различна големина. Веќе некои од 9-12м кај нив ни се кнап. Не се квалитетни ич бодињата на Синсеј. Земав неколку сега за есента ама не ми се свиѓаат ич. Воопшто не се растегаат, крути многу. Ама ајде ќе изодат за по дома. Секако со ручкање сега многу ги валка. Повеќе бодиња сега земав од Ваикики. Доста поскапи од Синсеј ама памукот нема споредба. Многу лесно се облекуваат и супер се растегаат. И немаме толку плачки на облакање.
Јас синсеј за по дома како пижами пери, пушти во сушара и облечи носи еден ден па фрли за перење се отепав од користење. Од оној материјалот како рецкаст памук најок ми се погодија, останатите се собираат повеќе ама па за тие пари тоа е тоа. Од зара бодињата топ, најубав памук и не се мрднати, перам на 40 и сушам во сушара. Од вајкики имав преизносени ромпери, цело лето во нив го пројде. Имав и од цивил од дајмонд некои шпихозни и комплетчиња земено, не мрднаа и памукот супер ама дебел некако (додуша јас од зимска колекција земав, летоска не ни стигнав да отидам).
Ти се собираат ли од Waikiki? Ми се собраа едни маички, а не перам на голема температура 30-40 перам. И во сушара исто, ништо не ми собрала, сеа овие од Waikiki ептен се собраа. А преубав памук, па и дизајните им се преубави.
Не знам мила за маички, ама за бодиња конкретно ако те интересира не се мрднати. А ги перам некогаш на 60, дека некои флеки на 40 не излеваат. Памукот потврдувам дека е преубав. Дезените и за нас со машки се слатки. Зара бодиња имам земено само на почеток, од 1-3м, ама презадоволна бев исто така.
Значи ете не е дека само моите така се погодиле. Од Ваикики одамна немам купено ама навистина е убав памукот, за сега омилени ми се Некст и Картерс. Туку, има во Ваикики шпикозни со патент? Вриштење до зајдување е секое облекување кај нас.
Да малку ромперите се собраа повеќе летни раб од waikiki имам, ама што викаш тука се цените, од зара тие доаѓа боди по 190 ден.. и некако убав памукот не се собира дури по растеглив е не ја сече доле во бутките. Тритекс купив имаше на 50 % и по 100 ден 150ден како шпикозни без ногавки доле па нека прља, меки се убав памук. и не и бега блуза пантолони кога е све и е дигната до под мишки. Вака ми се супер за секокдневно. Од Reserved имав две ромперчиња ок беа, капче сега и зедов со ушиња ок е. H & M за ситни раб се скапи, лигавчиња, капи, чорапи... и ок капчево ваму околу 300 ден.
Окаиди чорапи купив се собраа бе, леле ич не ги сакам имав нешто за мекици донесено и ич не износи тоа. Тие со капаците на газот шпиркозни. И скапи ми се и не ми се свиѓа материјал. Картерс имав шпиркозни со патент шарени може 4-5од мекици.. или беа мали или се собраа како во цевка малово и ајде еднаш два пати и толку. Дефинитивно не испробувам мн више. Да не се трупам со алишта само.
Да, 5-6 пара купив шпикозни со патент од Ваикики за спиење. Мнооогу практични се, ти ги препорачувам.
Јас синсеј си купувам погоелеми се смалуваат и си ги носи по дома ептен се ефтини а секако две облекувања се пошто има премногу алишта и само купувам плус брат ми е у муд на шетач по светов па од цел свет и носи све и свашта сега го чекам да се прибере викендов со нова тура искрено од европа c&a и примарк прееемеки и преубави ствари за ништо пари…еден куп има хеланки шпихозни бодиња фустанчиња прекрасни. Од Солун од pepco зимам доста работи преубави и ефтини за некои пригоди од mayoral зимав фустанчиња и јакничка. Од кај нас од зара стандард онлајн си нарачувам пошто бебешкиве не им се изложени нигде супер им е материјалот мекичок. Окаиди не го сакам ич, све се мали модели тесни во вратче, бутче како за неухранети деца моето си има газенце не ја собираат со мерак купив од оние бодињата по три со крагничка како сет … што плачење удри додека ја закопчам позади кај вратот тесно аиии
Има во Ваикики, зедов едни послаби и едни подебели, додуша вреќа за спиење пишува дека е од 1 тог, ептен ни се погоди периодов за спиење.
Zdravoo , mi treba pomos , kade mozam da najdam vakov vid na cipelki . Za prv rodenden ni se , nikade ne mozam da najdam.