1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за бебе (продавници, попусти, совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од Mayyya, 12 декември 2012.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    а бе тоа е леонтина што ке се прави стварно незгодно е да му дадат на твоете дете пакетче а ти да не му дадиш на нив али знаеш баба како вика на гол газ гајтан :D :D :D ај белки некако ке ја стокмиш
     
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    3.362
    леонтина имаш книжени кеси во сите книжари или во поголемите маркети или пак обични кесиња со дедо мраз на нив има во маркетите искрено мислам дека да купиш поефтино ке ти испадне одколку да правиш оти јас кога правам испод 500 -700 не поминувам некако се мислам малку е и ај уште ова уште она има готови направени на европа и разни фирми до кај 300 убави мислам дека ке поминиш.
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050

    Јас си купувам топ хартија(од онаа како салфетка што е), машни , циркони на грамажа се ова од женски пазар и сама си пакувам. Хартијата некои 10-15м, ти е 150ден, во неа имаш за мнооооооогу поклони да стокмиш, а и машната цело топче е 80ден, циркони на мерење за 50денари имаш над 50циркони.
    Јас обично пакетчиња за мали правам со топлинчиња, мали новогодишни пернички, новогодишно блузиче и сл, ставам по едно чоколадо, а понекогаш и мало украсче(исто новогодишно). Во Џамбо има огромен избор, синоќа баш бев нема што нема.
     
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мајки кажете ми каде да барам машки кондурчиња-чизмички за бебе од година и месец/два?
    Ми требаат за внук ми, пред месец дена му беше роденден па му земав јакничка, во ГТЦ начекав за евтини пари (1300 ден.) убава дебела јакна е сега планирав наместо пакетче и играчки да му земам чизмички/кондурчиња ама поквалитетни, ортопетски пошто е во фаза на проодување.
    Лани му спремив пакетче за него, памперси, влажни марамици, пудри, креми и сл. тракатанци, тмислев и оваа година исто да му направам ама па они си купуваат што им треба, чоколади освен крем банани не јаде, па класично пакетче не планирам да му купам, ова со кондурчињава најарно ми се чини, па упатете кај има по достапни цени.

    Зборев со другарка таа ми вика по 5-6000 биле, што неверувам па си викам ај да прашам сепак ја појма немам ни кај да барам ни колку се движат.
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Најубава ,пошто е во фаза на проодување сигурно имаат такви кондурчиња,а ако му купиш и ти воопшто нема да ги носи или евентуално 4-5 пати. Според мене најдобро е да му купиш патики од Адидас или Најк ,се разбира еден или два броја поголеми од оној што го носи сега и секако во консултација со мајката.Патичињата ќе ги утепа од носење на пролет и во лето ,а и ќе ги поштедиш родителите од едно редовно купување на обувки.Патиките се до 2000 денари
     
    На najubava2010, SuNsHiNe989 и Annath им се допаѓа ова.
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ај зирни у кеги шус до кај 2000-2500 нека се најскапите барем кај нас а за во скопје и да чини и да не чини верувам испод 3000-4000 нема да најдеш
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    И јас мислам да барам топли зимски чизмички за моето внуче од година и 5 месеци и планирам да видам во Пеко од програмата на цицибан што има. Знам дека есеноска сестра ми кога беше дојдена си бендиса некои зимски патичиња, па ми останаа во глава. Мислам дека цената беше околу 2500 денари. Во Пеко има голем избор, само не знам дали има и најмали бројчиња, ќе поминам неделава па ќе пишам инфо и за цени и за бројчиња.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    3.362
    Сакав да ти напишам да им купиш по еден голем чоколаден дедо мраз, ама не ми успеа :D само сум го копирала мислењето од другата девојка :D
     
  10. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Обувки за дечиња во Скопје: Кеги, Пеко и Спас комерц (држат обувки на ДСМ - кумановски, ортопедски)
    Ние сме купувале и од Кеги и од Спас комерц (цените се тука некаде 1300-2500) и единственото нешто што им се случило е дека сме ги износиле или сме ги прераснале ... никакви замерки немам!
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    која бев во скопје отидовме и во city mall
    стварно има убави работи,јас гледав чизмина ми треба 18 ама луѓе последно нешто на светот да треба да напрам не купвам за 2 месеци чизмина од 2000 ден
    а таму ми остана умот ама не
    прескапи ми се :( :( :( :(
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.361
    Пол:
    Женски
    Мами што играчка да се купи за 9 месечно бебе :?:
    Со мм сакаме на малото за Божиќ да и подариме некое играче ама какво де :wasntme:
    најчесто игра со подметачите за чаши , весници , или шишиња :D Што да и дадам од играчки и здосадуваат брзо и ги фрла :|
    Се мислев вакво нешто
    [​IMG]
     
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Колкави се тие големи дедо мразовци што сите ги зборите,гледам во кам и тинекс има ама големи не се .
    Каде ги има и која цена се .?
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Ова јас и го купив на ќерка ми, буквално најиграна играчка ни е, за се ни служи, од за редење по големина до импровизирани обетки и алки :D :tmi: Од babynova е ова нашево. Сигурно ќе се израдува.
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.361
    Пол:
    Женски
    сигурно ке се израдува :) некако нај играчка ми е сега за нејзе за нејзина возраст 8)
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    MacenceEna, и овие ти се добра опција, син ми ги обожава

    [​IMG]

    Меки се, лесно се чистат, малку миризливи се, ама супер се, не може да се повреди, а може да ги реди како што сака.
     
    На DeMelo, MacenceEna и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Маци и моево игра огра еднооооо 2минути и после фрла што и да е. Џаме има толку куп играчки, омилени ни се подметачи од чаши, шишиња, капачиња од тегли, балони, топка обожава, каква и да е одма се фрла по неа и се труди да каже топка. И така... инаку ова столбче и јас сакам да го купам, гледав на fisher price па секако ќе и купам. Инаку имаме како чинии исто на fisher price по големина што се редат, ама уште некако не се заигрува со нив...
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Во Метро видов дека имаат слична на оваа, викендов ќе одам, па ќе ве известам за цената (мислам дека пишуваше околу 2500 ден) и квалитетот.

    Во врска со играчките, мојот обожава сликовници со животни.
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.026
    Пол:
    Женски


    Ние имаме ваква играчка со кругчиња и ги земав уште кога беше 7 месеца и еве до ден денес не ги игра , прво сака да ги стави на рака како алки (изгледа не тоа и личат) :D па потоа ги фрла ваму таму... Мислам дека кога ке потпорасне е најубаво да и земеш па ке ги реди и така :) Инаку и земав пред 2 недели коцки за редње абе ништо и тоа чека јас да и ги наредам па таа ги вади и по 5 мин не ги ни ферма веќе
     
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Маценце мислам дека сега овој период ќе почне да ви треба одалка и можеби најдобро е да и купите некоја интересна ,на пример јас имам на Кико и самата од предната страна има дупки во форма на звезда,триаголник и цветче и соодветни фигури во кои треба да ги стави,а за возврат играчката ќе свири ;) Мојата од 9,5 месеци си игра со одалката ,а сега веќе и ја вози.Нас ни помогна и во исправување,па така да најтопло ти ја препорачувам
     
    На koritsaki, Bozica1980, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.