Идеиве не ви се лоши ќе почекаме после Божиќ да видиме што и од фамилијата поклончиња ке добие , па ке и докупиме нешто што нема
Пред малце од интернет порачавме коцки слични како на Анатх сликата , плус уште едно играче а сакавме и таква проодувалка , ама сите со Вини Пу а ја тоа го нејќу па треба да прошетаме и да најдеме некое интересно
Кога беа попустите во Солун ич не ми текнува Знам дека беа после Н.Година ама не ме држи памтење,старост
3 пост еден по друг ама морав да споделам купивме ваква проодувалка , влеговме во продавница малата почна да оди со ова насекаде и ептен среќна беше ..и и ја купивме , малце како за машко цело црна со пирати ама ептен јако башка и цената 35 евра пристапна , имаше и други пластични со Вини Пу ама се решивме за вакво
Скроз иста во Бимболино мислам дека се викаше, спроти Бриколаж во Благоевград, за 2400 ден. Не ја земавме бидејќи нема на што да се потпира позади, сепак е за поголеми деца, 4+. Во истава продавница, бебешка облека со неверојатно ниски цени. Ако ве носи пат, поминете, од играчки до гардероба, се е ефтино (на пола цена во споредба со нашите).
да не си во Deutschland? Колку сакам да отидам и да испазарам во с&а лелејјјј лани летото бев и патрал се направив, за бедни 100евра куфер полн дома донесов....се мислам дали имаат испорака до македонија? или да нарачувам нешто преку тебе а? ми иде да купам авионска карта кога има попуст и да си изнапазарувам..тогаш најдов за мм џемпери по 5 евра,а зза керка ми блузи по 2,5е, абе ни боја сменија ни попуштија...а с&а е просек, не е нешто ептен класа...и после како да дадам пари за шкартов овде бе?
Немам многу време за шетање,а сакам на малиот да му земам вакво капче шубарче. Пишете ако имате видено некаде да не лутам низ град.
Вакво имам видено во гтц во пролазот кај ботони на приземје има една продавница специјална за капи за возрасни и деца,мислам имаше и на бело
Mamicki ima li sansi da najdam gakicki ili dolna maicka so likot na pepa prase za kerka mi? Izvinete na latinicata od mobilen pisuvam
Незнаев каде да го поставам прашањево бидејќи во категорија деца нема соодветна тема или барем јас не сум видела На какви перници спијат вашите дечиња ? Ние до скоро спиевме без перница сега сакам на ќерками да и купам ама сум во дилема каква не е некој љубител на перници трга каква и да и ставам Дали моше да ми препорачате каква да земам
Маjчички jac не знам што е со син ми но никако не сака со играчки да игра. Малку касно прочитав за дилемата на МачеЕна но ке пишам и сега моожете да и земете, можеби каj вас ке профункционира. Jac co каков кеив на син ми му ja kупив божикната играчка, едукативна е како голем ромбоит и на секоja страна има фигури кои треба да ги протнува, круг, триаголник, звезда, коцка, броjkи од 1-6 и од страна има часовник се мести таман за малку поголем кога ке биде перфектен е за да го учиме. Проодувалка имаме маjka ми од Белгиja му ja носеше но ни неа не ja caka ,а почна и сам да се исправа и да стои без да се држи но да се пушти се уште не.Морам да се испофлам пресрекна сум. Залудно играчките, син ми игра со крпи, тетратки, лажичи, капачина од цуцли и такви некоj дрангулии од по дома. Не знам колку нормално е ова? Извинете забегав од темата. Да не бидам офф, коj не бил во Зара детското имаат голем попуст, купивме многу типски фармерчина неколку пара по 500 ден, големки му зедов, па дури напролет ке ги носиме одваj чекам. А за девоjчина па какви ствари има... Од секогаш сакав едно дете и тоа машко, но дури ги гледам алиштенцава не можам а да не се замислам и со едно девоjче.. И срекни празници и се наjубаво во новата и од нас. Малите сонца да ве прават горди и срекни родители, многу моменти поминати во насмевки, спокоjcтво, мир и хармониja.
^ Сосема е нормално, дури и пожелно, детето да игра со невообичаени-за-нас играчки, зошто така секогаш и во се` ќе гледа „нешто“ и ќе развива имагинација Оставај ги сите дрангулии и ситници, немој да си му ги скрила! Јас лично ќе те тепам Имам една книга за секој месец од животот (мислам дека детска психологија учат од неа на факс) и во неа има примери во кој период - какви игри се потребни за правилно развивање на детето, и верувале или не - во ниту една од нив не се споменуваат „готовите“ играчки. Не се стресирај мајче, остави го детето што сака да прави, само развивај му ја желбата за учење со нудење на нови и чудни предмети, а не бери гајле, ќе дојде време кога и играчките ќе ги игра п.с. Ако сакаш, можам да ти ја дадам книгата, ќе си ја ископираш
сега видов таква проодувалка има на фб страната на Бебе супермаркет ,цената е 2881 ден http://www.facebook.com/photo.php?f...16109242.13080.100003021537540&type=3&theater иначе и моево што ако и има куп играчки ,игра со весници , кутии , со шишиња ..најинтересни и се каблите од полначи , и а здогледа ке лази само да го дофати и бутне во уста ..