Јас на синко најчесто од ваикики му купував и тоа бројче од 3-6 месеци на почеток, а потоа од 6-9...првите ги носеше до кај 7 месеци, вторите ги почнавме од 4 месеци и сеуште ги носи, а веќе е 10+...Подобро поголемки, на почеток може ќе му висат малку,ама бар подолго ќе ги носи...
Мое мислење за облека од Џамбо-обавезно поголеми бројчиња. Сите ми се собраа во сушарата,што не е случај со бодиња од ваикики на пример.. Памукот не е баш најквалитетен,се тегнат во ширина многу,а потенките бодиња што ги купив се деформираа т.е странично се извртеа кај штеповите по само едно перење. Генерално накзадоволна сум од ваикики и би бејби со квалитет...
Мајки, сакам да купам кенгур. Предност би било ако е од Рамстор. Да не била некоја натаму, да знае дали и каде има и модели/цени? @Grungie пред некоја недела и јас барав летна вреќичка низ молот и не најдов. Сите беа дебелки.
За кенгурот не купувај било каков,внимавај да е ергономски... Јас купив преубав на чиполино ама џабе откако се изначитав за дисплазија на кукови нема шанса да го ставам бебе во него. До сега читавв дека најзадоволни се од Ergo baby 360,треба ножињата да му се раширени,а газето да е благо пониску поставено ... Кај нас мислам дека само во бебеслинг има слично ама мене ми е јака цената... http://www.bebesling.mk/statija/145
И јас бев запнала да купувам ергономски, но мм ме убеди прво да се консултираме со ортопедот, дека не се баш ефтини овие (7500 ден мислам дека беа). И бевме кај Видоевски, реков таман ќе потврди па ќе купиме од Бебеслинг нели таму во близина им е продавницата. Но тој ми одговори дека нема врска, дека може да купам било кој поквалитетен кенгур, дека ова со ергономските носилки се само лажни реклами. Така земавме на Чико, на почеток ми беше малку комплициран за местење, многу каишки, но со време се научив и сега ни е песна местењето. Го искористив максимално, секој ден шетаме со него, од скоро го завртев да гледа напред и живи радости е. Само за летово нема да го биде мислам, многу е дебел, ќе се поти бебуш во него. Инаку за летните вреќички, гледав Тила имат многу убави само не знам цена, најди ги на ФБ и разгледај.
Видоевски е секако експерт но.. Јас не би го ставила во обичен кенгур доколку нема широк повој. За носењето напред има поделени ставови... На бебето му се исправува природната кифоза во С облик и му се отвараат колкчињата во обратна насока заради сопствената тежина на бебето па не е препорачливо за ниедна возраст.... Секако ова го имам читано не е мое лично мислење..
Многу е битна положбата на нозете на бебето во кенгурот. Никако не смеат да висат надолу како на првата слика. Треба да се раширени во облик на буквата П (ете го бебуш во нашиот кенгур на втората слика). Инаку за таквото носење навистина немам читано, но ќе земам да прочитам, не би сакала да му наштетам несвесно на бебуш.
Да не знаете некоја страна на интернет каде можам да видам добри и штосни торбици за количка? Или некоја продавница шо ја има на фб а праќа по пошта. И дали знаете каде можам да најдам тетра пелени ама со дезен да не се само бели? Фала.
@TheEkaterina шарени пелени имаш во Стружанка, Локо.кроко, Анжи...скоро во сите трикотажни продавници и за бебешка опрема.
Кажете ми дали некаде сте виделе шпикозни на прерами, а надоле долги со стапалца да бидат памучни. Нешто налик на сликава само да бидат памучни. Градов го свртев никаде нема.
Ајде мамички од ск да ми кажете дали во спортските продавници има за бебиња ? До сега не дошло ред да гледам и незнам , а сакам одприлика нешто вакво
Јас за првото имам купено патичиња од Sport Vision kids, имаше и бебешки бодиња мислам... исто така со вака капче, боди по кратки, чорапки имам купено од converse преубави и квалитетни
Ама не боди, шпикозни сакам. Знаеш со ногавички со стапала, а горе на прерамки. Пред две години имаше секаде, сега нема никаде. Дали уште не е сезона, незнам. Најдов едни во памук пале, убави се, памучни, бели, ама тенкички се. Па сега барам уште еден комплет или шпикозни подебелки, па зависи кога ке се породам и каков ке биде денот кога ке излегуваме од болница тие ке ги облечеме.
@irena.1 си проверила ли во Ваикики? Или Анжи, Кимико... Јас од таму купував слични. Исто Стружанка и сличните трикотажни продавници.
Како се движат цените на детска облека за бебче од 5 месеци во Џамбо, и дали има комплети во кутија (шпилхозни, капче, лигавче и сл..?) Исто ме интересира цени за бањарки? Немам време да прошетам, па да ме упатите..