Ми остана во сеќавање дека некоја бараше вакво за бањање на новороденче, па ми излезе на фб, страница за онлајн нарачка - My Store нудат вакво..
Здраво мамички, ве молам за совет, кој број алишта да земам за новороденче? Термин ми е во декември, значи зимско бебе и по логика сигурно горните алишта шпихозни и сл ќе треба да се поголемки зошто одоздола ќе има и боди и ѕиврички и бидејќи е женско и широк повој и најмал бр на шпихозни неверувам дека ќе врши работа, од друга страна пак не сакам и преголеми бебенцето како во вреќа да е затоа ве молам за совет од искуство...поздравче
ако не сакаш ептен мало 56 ка тогаш земи 62 ка.Зависи колку долго и тешко бебето ке се роди. повој?Зошто повој? денес скоро никој не става повој
Не знам дали е соодветна темата ама да си прашам сепак. На која температура се пере бебешката облека? Првиот пат на 40 ги вклучив.
И јас на 60 степени перам претежно, и темни, и светли. Само програмата ја менувам. Темните и шарените ги перам на програмот за синтетика за да не се оштети бојата или апликациите, иако се памучни и тие.
Мамички дајте линкови од каде нарачувате онлајн. Дури спие бебо во раце да трошам пари Инаку дали некоја нарачувала од страната на крш? Нешто не им функционира... Btw на бебе програмот перете?
Уште не сум стасала до перење бидејќи ни фалат уште работи да докупиме, ама гледам на се пишува на 40 да се пере, и ми се виде некако слабо тоа, па ги прашувам бабите, викам, зар на 40 ќе перам бебешки ствари, и ми рекоа ‘‘еее умре тој квалитет шо го носевте вие како бебиња, сега на 40 ќе перете, ама не се секирај после ќе пегламе и се ќе биде доволно чисто‘‘, а не планирам да ги упропастам алиштата, ако беше за така се од стружанка ќе купев бар да не се секирав дали избледеле или се упропастиле пошто се ефтини ако ништо друго, а вака се ми е со мерак одбрано а и не потрошивме малку пари до сега за да ги упропастувам, а и уште колку треба да се купува, пара е тоа ејј.
Јас се перев и сеуште перам на 40 степени. Не е само до квалитетот на облеката туку и до детергентите што сега се користат. Хемијата е појака па добро пере и на пониски температури. Се ќе биде доволно чисто без гајле. Кога ќе почнете со хранење ќе си купиш средство за бебешки флеки и немаш гајле.
За девојче веројатно би купувала повеќе 56ки односно од 0-3, вака дека машко носам скоро се ми е за од 3-6, ги гледам скапи и убави се алиштата и баш затоа не ми се земаат толку мали, сакам да ги поноси, а многу веројатно е дека ќе му висат сите на почеток, ама па брзо растат и ќе ги стаса за кратко, и онака нема да го шетам и на изложба да го носам првите два-три месеци. И пак сум во недоумица, а ќе морам да доземам и помали, веројатно ќе барам од поевтините алишта за почетниот период до кај 2 месеци.
Ние ги изнаносевме 56 ките. Ни фалеа 50 ки. Не би рекла на прегледи синко најситен сите женски покрупни од него се
Јас затоа реков ќе чекам до 36та недела, па по тоа мерење ќе знам барем од прилика колку да земам мали од 0-3 месеци , во 32ра недела имаше +- 2.150 грама, немам претстава колкав би се родил