1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за бебе (продавници, попусти, совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од Mayyya, 12 декември 2012.

  1. shedevil

    shedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Здраво прекрасни девојки и идни мајки :)

    Мојата пријателка рачно изработува плетени чизмичиња, шалчиња и капичиња за бебенца и мали дечиња...

    Доколку сте заинтересирани да поседувате уникатни додатоци и облека за вашето бебенце, или да подарите нешто слично на вашите блиски пријателки, знајте дека истите може да бидат изработени по ваша желба на боја и дизајн. Ве замолувам да ги погледнете досега изложените плетени бебешки чизмички на http://mojagarderoba.mk/unahandmade-9977

    А доколку сакате да направите нарачка пишете на unaizrabotki@gmail.com

    Инаку цената им е 350 денари со вклучена достава до дома, каде и да сте во Македонија.

    Ви благодарам :)

    Поздрав и честитки до новите мајки :inlove:
     
    На gorda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Облеката што ја носи син ми ми ја дадоа братучетки. Ја носеле нивните деца. Ние му купивме облека за излегување од болница - шпилхозни, боди, чорапчиња, ракавички, капче, топлинки и патичиња. Доколку има кој да ви даде облека за вашите бебиња, не трошете пари да купувате.
     
  3. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Oсвен Вучко и Џамбо каде можам да најдам поголем избор на детски костими за маскембал?
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Зашто мами не земавте од Солун?
     
  5. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    ^
    да ти кажам искрено заборавив многу брзо ми помина саботата,највеќе отидовме ради шетња. Не ни знаев мм кај ме вози :D Кафе-мафе,ручек и оп дошло 7 саат а нели се они саат од нас по напред а ние тоа го изумивме и додека да се свтриш поминало времето.Ќе се изедев жива :@ што неуспеав и други работи да купам ама тоа е!
     
  6. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Koстими има во Атлантик комерц не знам што ти треба видов Снежана жирафа тигарче
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Каде можам да најдам детски куфери по нормална цена?
    Пред некое време гледав во Просветно дело и колку што ми текнува беа по 6-7 илјади, а толку не планирам да дадам за куферче, на друго место не сум видела.
     
  8. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Каде да купам детска постелнина и какви пелени ми требаат и колку за новороденче? :?:
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050

    Во кинеските продавници(Гари) има розови, цветни .... шарени, мислам дека беа по 600-700ден. Ако мислиш на патни.

    Детска постелнина имаш низ сите бебешки продавници. Јас лично пазарев од магацините на Бит пазар, има огромен избор и се многу поефтини. Постелнина долно чаршавче, јоргански чаршав и навлака за перниче за 250ден. (ако мислиш на ваква постелнина).
    Пелени ти требаат тетра(мој совет 2 пакувања, едно има 10пелени, зошто за се ќе ти се најдат, не само за преповивање) и шведски(ако планираш да ставаш широк повој. Не се препорачува, но некои(и јас) ги ставаат до првиот ортопедски преглед на кој се прави на 30дена).
    Други пелени ти се еднократните, од тие најмало бројче, а од кои ќе земеш на тебе останува(моја препорака babylove од ДМ).
    Значи и да ставаш и да не ставаш широк повој тетра земи си обавезно, многу ќе ти се најдат, јас до ден денес си ги користам. Сега ми се практични кога јаде каша, да ја покрија(освен лигавчето) и да ја бришам со нив, наместо со влажни марамици.
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Имам тие некои шестици што ги викаат 7 парчиња.И сега ми требало и некои осмици.Значи да докупам уште 5/6 шестици и 10 осмици?Доволно ми е?
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Искрено немам појма кои се 6ки кои 8ци :)
    Значи тетра и шведски(овие претпоставувам дека се осмици? :?: ), во секој случај од тетрата ти требаат повеќе.
    Еве тетра пелени
    [​IMG]

    еве шведски
    [​IMG]

    Заедно двете
    [​IMG]
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Тие се :lol: Фала ти :)
     
  13. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Каде можам да најдам оградица или тоа мора да биде кош некој друг вид на оградица а да не е многу скап или не постои такво нешто
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Па оградиците, кошевите се од 3000ден нагоре. Ги имаш низ продавнициве за бебешка опрема.
    И јас сакам вакво нешто но некако немам каде да го ставам,па се мислам на земја да и импровизирам нешто. :?:
     
  15. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    MeU, можеш со овие подлогите за бебешка гимнастика.
    [​IMG][​IMG]
    Или нешто вакво, налик на шаторче.
    [​IMG]
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    јас земав 20 тетра и 10 осмици
    што се однесува за постелнина и оградици за креветче си земав од џамбо не се скапи а се убави
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски
    Од золва ми имавме оградичка, таа стоеше кај родителите на мм, ама малиот не сакаше да седи во неа. Дома му импровизирав простор за играње, со тоа што ја тргнавме трпезариската маса во еден ќош и се ослободи доволно простор да ставам на земја дебело ќебе, одозгора со шарено бебешко јорганче и од околу заградено со перници од гарнитурата за седење. Малиот максимално уживаше така со играчките, се превртуваше, правеше се што може и за брзо време седеше стабилно самиот. Помага и детето да почне да лази.
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ние добивме вакво кебенце на поклон за 1 роденден :tmi:
    поклон кој не ми е веке потребен , за наредното дете ке се најде
    Јас кога Бела беше помала и ставав кебенце доле на под и си лежеше околу неа перници Куууп

    Исто добивме и небо за креветЧе
    исто го тргнав за другото дете пошо ова се плаши од него :lol: :lol:
    [​IMG]
     
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Maмички,ајде да ве информирам.
    Во Софиленд има пролетен попуст.Случајно поминував и видов.На кое детенце му треба ново,нека поминат мајките,може и ќе најдат нешто.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Ви благодарам за советите. Ние имаме вакво , но никако не ми текнало да го искористам, уште денес го ставам во употреба.
    Се надевам ќе ни помогне и за седење, зошто тешка мрза е, се нервира кога правиме вежби, а сака да стои на нозе и да скока. За седење никако да и текне, ме загрижува зошто ортопедот ни кажа ако до 6,5м не седне обавезно да одиме на преглед :?: :worried:
    Со ова се надевам ќе ја стимулирам да почне да се исправа сама.