И ние исто ги изнаносевме 56-ките. Се роди со 3360 и 51 цм и ич не изгледаше мал во споредба со другите бебиња, баш беше таман. На почеток дури и некои 56-ки му беа големи. Имаввме две 50-ки и тие за почеток му беа баш таман. Окаиди најбрзо му станаа тама бројчето 3 месеци зашто кројот им е помал. Зара и Ваикики имаат баш големи кроеви. Инаку роден е во Јануари а од Февруари натаму штом се крена маглата секој ден бевме надвор, плус знаеше често да му пропушти пелената додека не му падна папчето или да се намоча при менување пелена (кај женски не е проблем, ама кај машки ако се мочковцки знае да биде) и нормално да намоча се наоколу така што често менувавме се на него. За почеток имав 7-8 бодиња и шпилхозни и докупував плус. Мојот беше и бљуцкач. Првите месеци само менувавме облека. Имав неколку комбинации за надвор како одење на лекар, гости евентуално ако дојдат или одиме. Другата гардероба што ја докупував беа се памучни поефтинки работи за да имам за често менување.
Вреќите за спиење која цена се движат и каде ги има? Некое.искуство со некои конкретно како ви се покажале? 4 месеци сме ама уште сега шета по креветчето па сакам со време за зимово да земам. Фала ви, убав ден
Јас купував од Анжи подебела лани мислам дека беше околу 1000 денари. Потенки купував во Беверли трговскиот во Памук Пале за околу 400 денари. И двата вида беа памучни и немам забелешки.
земи си само бодиња и шпилкозни или долни памучни како тренерчиња. И онака најчесто ќе сте дома вака најудобно ќе му биде, а и полесно за облакање. Ние и на контроли така го носиме - евентуално тие пошаренките кои личат на тренерчиња. Јас имав купено за почеток две комплетчиња маички со пантолончиња, уште не се облечени. Се мислам да му ги облечам за сликање барем, да не излезе дека не сме ги облекле
Потполно се сложувам, така и правам и планирам само тоа и да докупам, а не ни имав намера новороденче да облекувам во фармерки, пантолони, кошули, само по едно џемперче имам земено за од 0-3 и едно за од 3-6 и планирам да ги искомбинирам со шпилкозни или евентуално да има по една комбинација со пантолони, што викаш ти за сликање само , инаку за алишта кои не ми изгледаат практични пари не давам
Другарка ми зимаше од Манела, таму имаат бебешки работи, сетчиња со повеќе работи, баш за новороденчиња, а онака и за деца поголеми. Иначе ако си во декември земи си нешто што би било величина од 0-3 месеци, јас знам така зимаше другаркава, и супер ѝ се погодуваа, и ти ко што викаш ќе си ги носи со ѕиврички и ќе може да си ги носи подолго Ајде со среќа понатаму и прати слика што си му купила
Нас тие за дотерување пак ни беа памучни потенки работи и евентуални плишани. Имавме од Окаиди тоа за од болница што беа, всушност шпилхозни ама изгледаа како мачка со панталони и едно плишано исто од Окаиди со маичка и долен дел со затворени стапалчиња за по лекари, гости и слично. Мене најпрактични ми се покажаа комплетчињата со маички на преклоп и долен дел со затворени стапалчиња. Под маичката боди а долу чорапчиња па долните. Така бевме по дома во стан со градско парно. Такви имав што пар купени што распар околу 5 различни. Исто од kanz купив шпилхозни со прерамки и одоздола менував маички. Така ми беше најспастрен. Се на се имавме околу 10 дневни облеки и 3 пижами и машина пуштав на три дена. Некогаш од мерак и до ма си го дотерував чисто колку ете сме износеле работи. На 40 дена првпат му облеков кошула и панталони затоа што ги доби на поклон ама само за сликање. Среќа беа поголемки па за првиот Велигден ги носеше. Такви работи во принцип добиваше на поклон од други луѓе. Ние првата година од животот се памучно и лесно за носење му купувавме.
Ве молам само за еден совет од искуство, скафандерот на сликата што е од Ваикики, е за од 3-6 месеци,, бебето би требало да ми се роди околу 20ти Октомври, а имам и уште едно скафандерче од 0-3 месеци, но какво ви е искуството со облеките од Ваикики, дали да го менувам за поголемо од 6-9 или да си го оставам ова? Мене прилично големи ми личат од Ваикики стварите, ама пак да прашам еве што мислите вие?
Јас немам искуство со скафандери, броеви од ваикики, нека помогнат поискусните, само кажи ми колку пари го купи и дали има друга боја? Ок, видов
Јасно ми е дека во тоа од 0-3 еднаш или два пати ќе го облечам, но за ова од 3-6 што е прашувам дали да го менувам за поголемо, од 6-9, зошто веројатно би го носел до Март месец некаде, а тогаш ќе има 5 месеци.
јас мислам дека ќе ти е во ред. мојот се роди 3 кг и нешто и одеше баш по бројките на ваикики до седум месеци. потоа наеднаш извиши и сега е 18-24
Ваикики имаат големи броеви! Не се соодветни за возраста. Имав јакниче 9-12м го носевме до втората година. Рачунај дека скафандерчето ќе биде како за поголемо бебе.
Супер ако е така, јас па си мислев за поголемо па да го мењам, а гледам некако големки работите, ама ај си викам да си прашам прво
Нашето е уште поголемо 74 , со реков ај оздоле ќе носи секако облека.Здравје некаде јануари ќе го облекуваме.
А кога треба да се роди??Моето декември средина-крајот,па мислам до март да не не му е точно,а не пак порано.