Оградиците сите одат со 3 страници за на креветчето? Со 4ри нема? Ај ве молам предлог за добра оградица која после перење ќе биде во првобитна состојба? Зошто сум видела ко омекната и висната на креветчето стои
со 4 не не треба да бидат(ако прашуваш за сите 4 одеднаш да ги ставиш) ,затоа што воздух низ креветчето мора да струи за да не дојде до загушување на бебето.
Ние купивме постелнини ама без меки огради, бидејќи сакав бела ограда да земам за да ми одговара со сите постелнини, но ми нема логика на две страни да ставам ограда, го разбирам тоа дека треба да струи воздух, но која е тогаш улогата на ограда од само две страни, нели една кај главата и една лево или десно од бебето, пошто сите огради се такви. не ми е јасно, сериозно, демек на другава не може да се удри, па сега се мислам и дали воопшто да купувам, или ќе купам, ама понатака, кога ќе почне да се врти сам, па да ставам од сите страни, еве ако знаете поучете ме што да правам. ЕДИТ: или само во форма на буквата ‘‘П‘‘ ги ставате кај главата?
јас лично не ставав никаква,и не се десило бебето да се удри.Едната страна од оградицата ми беше спуштена и поврзана со спалната моја.На останатите страни немав ништо.На почетокот е мало нема шанси да се удри. реално таа над глава што ке ви е? не ке се гура со нозете нагоре и да се удри.Таа страна што ти е споена со твојот кревет (ако ти е таков распоред) исто не ти треба затоа што ноќе не ке можеш да го гледаш додека лежиш.Што знам повеќе ми се како украс за на креветчето него ли да имаат некоја ултра корисна намена.
Работата е дека јас не сакам да го спојам креветчето, не сакам да го научам да спие до мене, бар сега таква ми е замислата и планот, кој не знам дали ќе го остварам, се надевам да издржам и да го научам дека треба да си спие сам, имам околу мене еден куп такви примери и сите дечиња научија дека се спие сам, па би сакала и јас да успеам, затоа прашував за оградата. А и ова да прашам, на почеток да го покривам ли со јорганче или да го ставам само во вреќа за спиење?
ако станува за доење верувај полесно ке е да е до тебе инаку ке мора на секои 30 мин да стануваш и да го земаш(како јас на почеток ) на крај ја зедов до мене неможев веке нонстоп да станувам а зима беше.Крај краева за се има одвика јас ги покривав и двете со јорганче иако врекичка е подобро
Јас сум ужасно емотивна, мене за кучето ми е жал, срцето ме боли што не и давам веќе во кревет да ни се качува затоа што ќе имаме бебе, па да е почисто нели, а не па за бебето, ќе ми се искине срце, ама сакам да успеам да не го земам до мене, макар јас била ненаспана и преморена, и пак ќе речам, така сега планирам, а колку ќе успеам да издржам не знам, не од гледна точка на умор, туку од жал.
Спие во креветче. Се буди обично на 2,3 часа за цицање. Одма до мене е залепен со креветчето. Не сакам да го учам до нас иако маж ми пробува. А и полесно се расонувам. Утринава заспав дури цицаше во нашиот кревет легнат. Види како ќе биде дали ќе цица или ад, ти да си најдеш полесен начин. Од енци менци е со 4. 4тата не ја користам да го гледам бебе и залепен е некогаш до мене. Што фајде кога уште сега се врти и ги става ножињата меѓу решетки, ја има доближено главатабскроз до решетки, а има месец и пол не па коа ќе порасне. Во монтажно нејќе да спие. Оградиците деф. се за украс
@pile30 јас имав оградица за сите 4 страни иако никогаш четвртата не ја ставив. Беше една долга која опфаќаше три страни (двете пократки и едната подолга) и една пократка само за предната страна. Сто пати ги перев во машина и не се смени ништо, исти си останаа.
@RedRevolution Јас имам ставено само на две страни - годе и према ѕид. Страната што е према спалната е без оградица за да го гледам ноќно време. И мене не ми е залепен за спална, на некој пола метар е од мене и така ми е полесно мене да се расонам пред цицање. Инаку за мрдање, како што кажа и ели од прв ден мрда. Се научил, ги поткрева нозете зема залет и се извртува целосно, и оградицата го спасува во тој случај да не удри со главчето. Целосно не може да ги заштитиме, ама колку толку. и ако ништо друго зимоска нема да му зрачи ладно од ѕидот. Исто како тебе и јас сакав да си биде во креветче, така и јас не сум на штрек да не го притиснеме (особено мм зошто незгодно се врти), а и он си се навикна да спие сам. До сега само еднаш или два пати дали го имам земено да спие со нас во кревет и тоа наутро. Се гушкаме ноќно време на цицање, а и по цел ден ќе се гушкате. Убаво е што планираш, ама нема да знаеш додека не се роди како ќе си бара и детето сепак они се шефови откако ќе се родат
Золва ми ги зела од некоја продавница од бит пазар. Ама јас ги имам гледано и по продавници како стружанка, памук пале (оние трикотажа, такви).
По мое мислење најдобро е да се научи да спие во креветче. И за бебчето побезбедно и за мајката тие неколку саати што ги краде да ги отспие како што треба. Одморена мајка е во корист и на бебето. Преку ден ќе може подобро да се посвети на бебуш без нервози од ненаспаност. За галење и емоции имаме на располагање цел ден.
@pile30 јас си земав од ЈУСК постелнини вчера, многу се убави постелнините, пази на димензиите само ако гледаш и ти од таму, поголемата е со димензии на јорган 100X140 а помалата е со димензии на јорган 70x100, по нашите продавници домензиите на јорганчиња се 90X110 што значи дека ни една не би ти одговарала ако имаш јорган од Стружанка и слични продавници, па затоа јас си сошив јорганче, односно си смалив од единечен јорган и си го направив по димензии на постелнините 100X140, и супер ми излезе, ептен сум си среќна
Taa nad glava bogami najveke rabota vrsi. Nie samo so taa sme sega. Mojot koga spie rsum pravi niz krevetceto a najvise se butka nagore i vo eden kos spie pa da ne bese taa ogradica sve so dzumki ke bese.