Добро е што има попуст, кај нас само во една продавница ги има и се дупло поскапи од окаиди пример, попуст никогаш. Една марама 13,90 тренерчиња долни 16,90
Добро утро мајки прашањево не е за тука ама незнаев кај да го поставам дали некој има искуство со овие чорапки кај нас е ептен лизгаво и без теписи па дали овие ќе ми завршат работа?
Е фала ти многу сега е во фаза на проодување падна неколку пати се исплаши и сега цело време раче бара.Се мислев дали да ги купам да не му се соблекуваат од ноџето па џабе парите да бидат
Јас за поголемата ќерка се пробав, спасот го најдов баш во овој модел. Имам многу позитивно искуство во фазата на проодување а и потоа.
Блузата се мики маус ја земав 9 или 10 фунти не се сеќавам. На намаление истиот модел и материјал само друг дезен е 6 фунти. Пижами без намаление 10 фунти едни. Ама во некст обично се земаат распар па ти комбинираш. 2 пара хиланчиња 10 фунти 2 блузи 10 фунти. На намаление се пола цена обично. Патичиња 5.50 без намаление. Не е до толку скапо и без намаление а со намаление е екстра. Со оглед на тоа дека на секои 2 месеци има намаление се исплаќа тогаш да пазаруваш. А има роба и модели не е да речеш дека нема избор при намаление. Ако зборуваш за некст. Тој квалитет не се споредува на пример со другите.. @iki26 @joy1 следен пат ќе им спомнам за макдонија во бутикот и достава. Ете ќе дадам абер дека има многу луѓе заинтересирани за нивната марка. Чисто да знаат. Јас добив ваучер 20 %офф бидејки пазарував повеќе. И така..
Скапечки се ама вредат. Не знам колку пати се перени и гумичката уште држи. И втората ќерка ќе ги доизносува. На нив има бројчиња. Ориентирај си се спрема бројот на обувките.
Примерот беше за поскапа продавница наведен, еве ќе кажам цените им се исти со s. Oliver. Пред некој ден долни тренерки баш гледав и на едно и на др место, иста цена, додека во окаиди беа 10 евра. Тоа ми беше муабетот, а за квалитет нема збор, имаме и ние неколку ствари од таму.
Колку се отприлика цените во Јуск? И дали има нешто на крем или на сивко? Пушти сликиче од твојата постелнина и која димензија зема ти?
@danichap неможам лп да ти пратам. ај прати ми линкови за онлајн шопинг за бебе . имам другар таму па да ми донесе
Mи прегоре сијалицата тука, немам убаво светло хахаха, ама се гледа Двете содржат навлака за јорган 100X140 и навлака да перница стандардна малечка, не ми текнува која димензија е точно, ама одговара на бебешкиве перничиња. Цената им е или 890 или 990 денари и тоа точно не памтам. Чаршави со ластик бели си земав, тие посебно им се продаваат и се 590 денари. Дезени има разни, мене ми се допаѓаат ептен, модерни а бебешки ми се, не како оние на кои сум навикната да ги гледам
Еви линк од нивната страна http://www.matstar.mk/ Најдоле има напишано каде во Скопје и во другите градови имаат продавници.
И јас бев во Сарафешн, многу грди дезени, само со коли и со грди маша и медо, да не зборам дека беа боите бљак. За машки нема ништо, за женски има поише избор.
Кај нас беа овие од сликава машки,додуша и не знам баш,пошо се со срценце едните, со коли не начекав, а искрено не ни ми е многу битно за под тренерчиња какви се...Инаку се согласувам, за женски беа многу поубави
И тоа што викаш, з под тренерки, ама кога има мајка перфекционист, не ми дава срце да купам и толку, ќе ме јаде.
Јас лани исто едни од гари земав ама лош квалитет, се направија со топчиња. После тоа земав од една локална продавничка, мислам по 100 дека беа и супер квалитет излегоа. Сега баш треба да му ги пробам да видам дали се уште точни ако не ќе барам други.