Оти хулахопки на машки деца? Јас не сум облекувала на моиве, освен првата недела кога си дојдовме дома. Малово ми е годинка, ланската зима не му облекував хулахопки, ни сега не планирам. Носат вашите, не се бунат? Моиве ни чорапи не сакаат, не па хулахопки да им облечам.
моево носи, уште од бебе, еве и сега му купив поголемки и гледам не се буни Инаку јас зимав едни од стружанка беби хоп по 250 во кутија беа спакувани, имам земано и едни по 110 исто од таму, а сега во маалско продавниче зедов по 120 многу поубави и поквалитетни од стужанка.
И мојата носи од 4 месеци. Јас не можам да си ја замислам зимата без хулахопки ептен сум зимурлива па и неа си ја научив, може лоша услуга ама... Баш сега пред некој ден од сабајле облекувам јас хулахопки и она ми вика "мамо облечи ми и мене, ладно ми е" Мене мајка ми ме научи на хулахопки јас неа, наследно ни е
И јас сум зимурлива, ама хулахопки не поднесувам. Никогаш не носам под панталони. Да носам сукња или фустан во зима, ок, ама под панталони не можам, се' ме чеша. Ок штом не се буни, терајте. Ама еве не можам да замислам машко со хулахопки, ѕиврички можеби ако е ептен ладно. Ама во глобала машките не треба да се наоблекуваат многу, особено во нозете. Нели се големи с'клетчии.
Ако нема хулахопки многу му се ладни нозете, дома ламинатот ни е премногу ладен, а он е цело време на земја и морам да му облакам, а и некако мене практични ми се, кога беше помал си спиеше само по хулахопки, купувам поголемки и порастегливи за да му се комотни.
Јас имам земено за синко од кауфланд бугарија 2 пара за 150 денари а за кввалитетот супер се покажаа имам земано и од бит пазар исто добро се покажаа зависи како ќе ги переш на колку јас на 60 се перам и не се собраа никогаш.
Море каков е болежлив, има да седи облечен и да не се буни. Ладна ни е куќата. Планирам кога ќе е ептен ладно да облакам, сега за сега не.
И јас му облекувам. Чорапите ги вади така што спасот е во хулахопките. Се буни малку пробува да ги извади ама гледа неможе и се откажува. Сезонава не сум почнала да облакам ама кај и да е ќе биде.
Купив топлинки од матстар. На глужд тесни одвај влегуваат а на стапало големи. Груби некако. Такви треба да бидат?
па не би требало да се такви, имаше и синчево едни такви.. внатре на нога широко, а горе груби и тесни (малку повисоки беа и сега избегавам да купувам такви), а беа Кеги, и дека ноџето му шеткаше внатре, а ваму тесно и ранички му направија горе дури... сега зимам се во стил на сандала, подоле да се закопчува...
Фала Ели. Ти број 1 нарача? Дали е ок големината? Јас нарачав два пара чевлички за малава бројче 1 и стигнаа ептен големки.
@Luna91 @eli25 Друг пат кога нарачувате од Али бебешки чевлички барајте каде бројчињата ќе бидат 10,11,12... и пишува см, за да можете убаво да го одберете бројот и должината, а ако се 1,2,3 ќе ви стигаат секогаш многу големи, по мое око 1ца може да бидат ни за 1год туку +.. Искуство
Ако има некоја членка од ПП да ми каже продавница со убави бебешки алишта, по можност и фб страна да имаат. Фала.
Мамички каде да најдам јакничка за бебе до 6м? Во ваикики немаше , во зара не ме бендисаа. За машко бебе.