Јас кога бев мала моите само црвено ми купуваа, дури и детска црвена ми направија ( кој ме прашува нели) Ја мразев бојата, ама карма ис а бич, ќерка ми изразито е најубава во црвено, нема кој не ми рече, а и сама гледам Инаку, спонтано без причина, скоро сите алишта се лилави или сиви. Поклоните, пак, розеви се знае Од ќеф имам купено и доста работи тегет и морнарски, со мм најмногу ја сакавме таа комбинација
Мајки ајде просветлете ме...по не знам кој пат се обидувам да отворам страна на C@A да си порачам нешто,не ми успева... Конкретно C@A Србија. Не онлајн порачки,ќе идат луѓе натаму па еден список за во продавница да им врачам
& https://www.c-and-a.com/de/de/shop https://www.c-and-a.com/rs/sr/corporate/company/o-ca/prepoznatljivost/online-nagrade/
Полиестер пишува , сега видов пошто ме праша, а ќе се кладев дека е памук, ама мекано е ептен, убаво е
Како ќе топли ако не е од полиестер Инаку, вакви скафандери не се за јака зима, туку баш за ова преодно време. За во зима ви треба некој импрегниран (или како и да се нарекува) кој нема да пропушта воздух/ветер.
A се мислам дека нема многу да ги користам овие дебелите ќебенца, туку само тоа едно тенко памучно, па ќе треба да си земам уште едно барем мислам, зошто ќебенце ми е за дома, а дома ни е топло, за надвор скафандерче секако, леле појма немам што и како ќе биде. А инаку како го облекуваш ти на пример дома бебето, јас имам земено долни бодиња како маици, и одозгора со долги боди и патолончиња памучни со стапала, и + евентуално чорапи, не знам дали ќе треба и дуксер да му облекувам одозгора ?
Во право си, овие скафандери се за вакво време и некој степен поладно. Бев јас во Ваикики и малите броеви ги раземале Отидов до Локо Кроко да видам, ама пак не се за зимно време. И нарачав од ХМ баш дебели за зима. Скапички се ама ќе се искористат. Нарачав 3-6 месеца.
Еве едно инфо, може на некоја од вас ќе и биде од корист, да се надоврзам на мојот постар пост за постелнината од ЈУСК, за димензии на навлаката за јорганче 100Х140. Ако сте купиле или сакате да купите од таму постелнина за бебе, јорганче со тие димензии можете да си порачате преку ФБ од Сомниа Шоп за 490 денари https://www.facebook.com/somniashopcom/ . Ако пишува дека е 100Х135, јас го порачав, и јорганчето е кнап, таман за навлаката. Нарачката ми стигна за еден работен ден.
Ќерка ми кога беше зима имаше 6-7 месеци, а дома топло, па сум ја облекувала само со шпилхозни подебели, чорапчиња и едно боди на прерамки одоздола,евентуално ако било поладно сум облекувала боди со долги. Во принцип нешто слично како јас што сум била облечена. Ако твоето биде апла бебе, тогаш едно алиштенце плус од тоа што си ти облечена Дебели скафандери за бебиња видов во Софиленд ако му е на некој од корист. На него висат додаток ракавички од истиот материјал и патичиња.
Да, на први спрат во пролазчето до Виктор Шевињон и Ексклузив (мислам така се викаше) за кондури. Но мислам дека дуќанот во Лептокарија е многу поснабден од овој.
Женски сакам од H&M да порачам ама не се снаоѓам со броевите зашто сегде се различни. 62 е од 3-6 или 68? Негде гледам 62 е од 1-3, а 68 3-6. Негде 62 е 3-6, а 68 6-9. Тие што имате купено од H&M може ли да ми кажете како се таму броевите? Да не утнам бројчиња( ќе ми значи зима/пролет)