Бебе хом и тоа имаат 30% попуст на сите производи на Дифрах. Не знам колку ќе дојде без попуст (израчунај) ама со, двете ствари се 540ден
Само да знаете дека странава на фб ги порачуваат од алиекспрес и ги продаваат за многу поскапи цени ,отворете на алиекспрес и побарајте ја официјалната продавница на картерс и порачајте си сами ,и од фб да ги порачате посекако ќе треба да чекате 1 месец за да го добиете производот .
И јас ова си го помислив, ама она што @Seduction го имаше постирано не сум го видела во нашиот картерс.
@elcezelce @kukla21 @joy1 На страницата не се само алишта на Carters. Тие што ги имам јас постирано се на George и задоволна сум од квалитетот, не мирисаат на кинеска облека.
A квалитет не е којзнае што. Имаат штосни работи и тоа и ме "излажа" да купам неколку работи, тренерките пример се потпросечни во однос на материјалот а од шпихозните сум задоволна. Баш ќе нарачам од али , верувам дека е истото.
Јас имам некои работи од картерс што ми ги праќала золва ми од австралија. На изглед се сите преубави, ама од квалитетот не сум баш најзадоволна. Некои се со супер материјал, ама повеќето се прават како торба по само едно носење. Дали се истите како овде не знам оти од овде немам купувано, искрено.
Точно. Јас нарачав од официјалната веб страна на Картерс, ќе ми донесат, боди 3 за 14$, шпихозни 8$, комплетчиња 3 во 1, 10-12$. Тука кај нас цениве изгор, во Сити Мол 3 пати поскапи истите работи.
Не можеш да го замениш? Инаку јас нели планирав да нарачам од H&M, ама вчера ги видовме во Картерс (има бели и сиви) и си купивме бело од таму.