Многу од на али експрес го нарачав за 10 евра сега ќе нарачам од германија таму се 1800 Мечето скафандер што бројче е треба да ми донесат од х&м
Дај мамички кажете како одат детскиве бројчиња на облеката од новороденче па понатаму, кое бројче е најмало а кое е до година дена?
50ka најмало за новороденче. 56 -за од месец дена до 3. 62 за понатаму. Јас така ги протумачив. Ама пак зависи од бебето и не сите фирми имаат исти димензии на бројчињата. Искусните мајкички нека кажат.
На синко 56 му беа мали кога се роди, во два комплета целосни ноџињата му беа свиткани и не ги ни облековме. Дводелните 56 ги носеше 2-3 недели. Најмногу зависи колкаво ќе се роди бебето, 62 му беа таман за почеток.
Јас колку што знам 50 новороденче 56 е до еден месец 62 до 3 месеци 68 до 6 месеци итн. И точно, секоја фирма различни димензии, на пример од Окаиди за до 6месеци доаѓа иста големина со од Тритекс 62 (до 3месеци)... Од некои продавници не пишува бројче туку до 1,3,6... месеци.
50 е за новороденче, 56 е максимум до месец. 62 го водат 2-4, реално е до 3 месеци, за малечки бебенца може и 4. Потоа 68 е 4-6, реално докај 5 а веќе следните си одговараат: 74 е 6-9, 80 е 9 до 12итн. Инаку ова искуство на мајка (читај:јас) опседната со величини на бебешки алишта (тоа и го работам де )
Затоа реков искусните нека кажат. Оти јас врска немам. Орентационо купувам. Имам и 50ки. Значи на 62 да се префрлам.
Моите од почеток се со 62. Може покрупни беа децата. Ништо 56 немам купено. Имав само едни шпикозни од братучедите 56, и скоро да не ги искористив. Не можеше нозете да ги исправи во нив. Имај во предвид и дека малку се собираат на перење.
Земај си бодиња поголеми брзо растат а и ако носи широк повој 50 ќе му се кнап и за една недела ќе треба нови да купуваш
Ја немам 50ки, сето почнува од 62 и 68. Вчера една продавачка ме збону многу сакав да си купам плиш шпикозни 74ка бр и ја прашав до колку месеци, и ми вика ако е големо бебето ни до 3 мес нема да ги износи, и си реков кизнај што имам купувано до сега но еве најверојатно ќе се во ред. Фала ви на сите
Јас не знам колкави бебчиња ќе родите, моите беа двете, 50, просечно. 50 воопшто немавме. 56 ги носеа едно 2 месеци сигурно. Првите недели и овие им неа огромни. Нема ништо полошо од мало бебе на кое облеката буквално му клапа и виси од сите страни. 62 повторно околу два месеци.(2-4) 68 почнаа некаде 5 месец.(5-6) 74-80 носи малово сега, на 9 месеци. Зборувам за големини на облека од хм или лидл. Боди и да е поголемо не пречи, се останато ќе плива бебето внатре.
Вистина. На моево 50 ѝ беше огромно на раѓање, се губеше во него. Дури сега на месец и пол ѝ го облекувам.