Докторката рече малава моја ќе биде мало бебе,заостанува во мешето 2 недели па тука губи на килажа.Имам боди 50 за почеток друго ништо толку мало,неможев да најдам 50 шпикозни сите беа 56 и нагоре.Ај си викам ќе се снајдиме
Дали ги перите во некаква мрежичка чорапчињата и ракавичките? Или само ги пуштате во бубањот? страв ми е дека се малечки да не навлезат во бубањот И дали на Беби програма и на колку степени?
Купи си онакво специјално за чорапи. Не дека ќе загинат, туку многу се мали и редовно неколку ќе останат на гумата и непрани ќе ги извадиш Инаку, јас се нејзино перам на беби програма, барем за боите не му се думам така.
И јас перам во вреќичка. Ова поучена од другарка ми. Нив им се запуши одводот од залетнато чорапче. Додека открија што е проблемот
Нема беби програма на мојата перална. На колку степени пере таа програма? Јас ѝ ги перам некои на 60, некои на 90.
Ај да прашам дали некоја знае освен преку Али Експрес дали некаде низ продавниците можам да најдам новогодишни шпихозни за синко?
Некои бели на 90 ги перам, а другите на 60, ама се зезнав еднаш. Имаше едни розе пижами и пуштиле малку боја, едни панталонки ми извапцале. На почетокот првиот пат на 40 ги исправ,што ми текна на повисока т да перам.
јас се перам на 40 .Само постелнината и белите бодиња /маички и гаќи перам на 60.За чорапи користам вреќичка од џамбо купена
И јас немам беби програма перам се од 40-60. Само тетра пелените на 90 и тоа не секогаш. И јас барав и гледав. На крај решив да си правам. Купив црвени пантолончиња и црвен бело или црвено (ќе видам кое ќе го искористам) боди. Ид али само апликација за пришивање нарачав и ќе го дадам бодито на печатење. Само тренерчиња како тие на ики се мислам попладне да одам да купам.
Има во ДМ такви вреќичи/мрежички Јас на бебе програма ќе перам - има дополнителен процес на плавење и тоа што читав на нет поарно е. 40-60 степени планирам, зависно од материјалот. Секако ќе оди во сушара и ќе се пегла, па мислам доволна стерилизација ќе е
Има во Енци менци преубави плишани новогодишни шпикозни Ние од таму ќе се дотераме, веќе и бендисав кои, само беба да се роди да знам точно бројче и одма зимам
Да, само во Молот имаат продавница во СК, ете и Картерс е карши па види и таму, пиша погоре членката дека и они имаат