Мојата беби програма е на 60 и 95 степени. На помалку не може да ја подесиш. Значи на исто степени како тебе перам. Додека беше мала тетри користев и задолжително на 95 степени ги перев. Исто и крпите. Затоа претпочитам бели работи.
Мами, едно прашање. Кој број на облека всушност соодветствува на 12 месеци? Треба да купам подарок. Ми рекоа дека носи за 12 месеци гардероба па освен каде што е означено по месеци, не знам на кој број одговара тоа?
Од искуство секогаш купувај едно бројче поголемо, ако сега му е големо ќе му биде точно за 2-3 месеца.
И јас така правам за мојот, ама овој пат сме кумови и ќе му ја облечат веднаш гардеробата, не ми иде некако да е поголема
@kukla21 да не ја полниме таму темата. Од каде го зема волненото ќебенце? На моето преодно зимско-пролетон бебе ќе му биде ли потребно? Палто зимско веќе шкртнав од список. Ако реши да дојде во март здравје, нема да ни треба, за понатаму би му земала некое пролетно. Се мислам за скафандар. Прво одлучив да земам. А сега се мислам и за тоа. Би го користела многу малку, дали две недели, после ќе запролети. Ништо не ми е јасно.
Зедов од Анжи волнено ќебенце. Од едната страна е обложено со меко памучно делче за да е попријатно на допир. Јас не земам скафандер за одма. Дур го облечам, па излеземе од дома, низ болница, во кола бебе ќе зоврие. Секаде е топло, а дека ќе шетаме по студот, тешко. Поарно две ќебенца ќе ставам, отколку да го мачам така натунтано.
@duffi јас земав од Enci menci од едната страна волнено од другата плетено, ама ептен е дебело, не знам дали ќе ти треба. Класичен скафандер и јас не купувам, земав од Картерс од тие како мече што се . Не се дебели многу ама па пак може само неколку пати ќе му го облечам. Ако ти е терминот во март мислам дека немаш потреба, освен некое пролетно скафандерче (тие се како подебели шпикозни) (јас од Окаиди земав такво).
Мешиња имам многу бебешки алишта од сестра ми од нејзиното бебе, кои се нови, сакам да ги преперам заедно со новите кои ги купив.Пералната моја има бејби програма ама таа е на 90степени. Има алиштенца во боја. шпикозни, нели е многу 90 степени за нив? Програмата за памук ми е на 60 и 90 степени.
Нели може да ја намалиш температурата? И кај мене по дифолт кога ќе пуштам бебе програма е 90, ама после намалувам.
@macalavica гарант се намалува температурата. Пробај. И кај мене по дифолт е 90. Јас перам на 40. Досега се било беспрекорно.
Од она што гледам на нет би требало да има. Има и подебели како скафандери и како за дома 9само овие вториве не се баш нешто многу практични зашто не се памучни).
Создравје да си ги носи и да си се валка во снег годинава. Дај Боже да имаме само снегче Сигурно ѕирна и остало во дуќанот. Имаат многу убави и тренерки.
I jas se nakaniv utre da odam (duri od gjorce)radi pantalonive ama dali ke se snajdam e druga rab Plus bebe ke vleckam so mene