http://fashiongroup.com.mk/brendovi/okaidi/ Окаиди е за од 0-14г Обаиби се за новороденчиња/бебиња и помали деца, а Окаиди за поголеми деца.
Ми стигна порака од Окаиди дека имаат попуст на колекцијата есен зима до петок. Па може и на попуст ќе се начека нешто
Дали некој бил во Тила во последно време, имаат ли конечно донесено нешто за мали бебиња до 3 или до 6 месеци, пошто скоро па ништо немаше а бев 3-4 пати откако е отворена продавницата, за машки бебиња жими еден два компплета и толку, само за девојчиња имаат и за поголеми бебиња/дечиња. Jас баш се мислам за каде ли ќе му го облечам, никаде не идеме уште, кај и да е јака зима ќе фати, а тие од ХиМ и не се толку дебели, сепак скафандер си е скафандер или јакна, освен некаде во затворено ако одиме, а каде, нема каде освен по моловиве, шо нема шанси да го носам таму. Многу ми е жал што изгледа дека воопшто нема да му го облечам.
@RedRevolution ние си го носиме. За сега е таман До лекар, прошетки низ населба , на кафе шема Почнавме од минатата недела
Супер , мислам дека еден месец се разлика нашите, и ние планираме веќе од викендов да излеземе малку, ама надвор на отворено, до парк, а каде на кафе идете ме интересира, внатре си седите во затворено или на терасите, никако не ми иде кај е побезбедно, внатре кај шо има куп народ у затворено или надвор на тераса кај шо се пуши хахахах.
Седиме внатре, одиме порано кога нема гужви. Ама кафе-мафе нема како порано пиеме макс пола саат и толку Пример во Дукат одиме нонстоп на чорба, ајде да се дружиме
Aјде да се дружиме ќе си пишеме викендашки како ни се плановите во ЛП, па ќе се погодиме за дружба, каде, како и што да правиме
Во Анжи имаат нови медо-скафандерчиња прееееслатки Кој бара може да види таму. И кој бараше топлинчиња, мислам @RedRevolution беше. https://www.facebook.com/kristina.anzi Еве симнав некое сличе:
Изгледа ќе мора и јас да купам за да бидеме во тренд , а така успешно го одминав во Х&М последниот пат.