@victoria @pepapa еве линк од страницата имате подоле во постовите објаснето се, си бирате производ од линковите и во инбокс пракате линк и величина и она порачува, нема дополнителни трошоци за испорака и сл, 1 фунта -100 денари, ако пример некој производ е 3 фунти ке ве чини 300 денари и толку нема други трошоци, се срекавате со неа и ви ги дава. https://www.facebook.com/MMbabyclothes17/
Според мене не се за многу минусни температури. Околу 0 е добро ама -10 и повеќе е танко. Јас денес му купив дебел скафандер бидејќи заладува. Тие од H&M само на изглед се дебели.
Од надвор се рунтави, внатре постава, измеѓу нема ништо, не е тенко-тенко, ама далеку од дебело. За ова време се супер, за поладно тоа и плус со ќебе да се покрие мора
Многу е убаво со здравје да си го носи . Од C&A ли е? Знам дека некаде го гледав ама не сум сигурна каде.
Да мила од C&A е таму имаат најубави скафандери и не се многу скапи овај е 25€ и е многу дебел ќе бидам барем мирна нема да мислам дека ќе му студи за разлика од тој од H&M Инаку во H&M има исто вакви дебели скафандери ама се 40€ и по ништо не се разликуваат од овие од C&A.
Знаам, гледав Штета што немаме тука C&A, па ни во Солун не сум видела Гледав на нет и во Marks and Spеncer има исто убави а не многу скапи, треба да се провери
Јас порачав деновиве од странава,супер е жената се одговара на време и достава и после тоа ме праша дали сум задоволна.И да може да си порачате што било од страните
На што зима провизија , не зима провизија на ништо колку ја рачуна фунтата толку, 3 фунти 300 денари и нема други трошоци. @pepapa може било што од сајтот да порачаш.
Леле 100 денари фунта. Плус и брендовиве не се ништо посебно. Искрено се се тоа ланци на супермаркети од кои продава (освен Маталан ама и тоа ниско буџетна продавница). Држете се до тоа што може кај нас да се најде и осети со рака.
Па кај нас едно боди обично бело од тритекс 150 денари, овде имаш 10 бодиња ѕа 850, 5 бодиња за 400, се исплати и тоа како, а бодињава сите се шарени таквите во тритекс и стружанка се многу поскапи.
Не се разбравме убаво. Пример сакам џемпер од 10 фунти да нарачам. Тој реално колку што е фунтата чини околу 700 ден, а таа ја рачуна фунтата 100 ден, и ми го рачуна џемперот 1000 ден,плус 100 ден провизија. Значи според неа џемперот ќе ме чини 1100 ден. 400 ден плус што реално е многу. Тоа сакав да кажам
Ама не зема провизија,моето чинеше 14 фунти ми го наплати 1.400 ден фустанче од george.Ова за во Ск,по другите градови праќа по Карго е тоа ти е плус ,може на тоа мислеш за провизија. Инаку и те како се добри англиските брендови,посебно Метилан,Некст...