епа тебе не ти се погодува @emkaemka има едно девојче што носи за плус 15% од нејзе нарачувам . а толкав рабат не сум сретнала ама можно е. Муабетот ми беше за членката , ако нешто ептен сакаш има полесен начин ...
Se slozuvam za kvalitetot.Ne mora da znaci se sto e od tuka deka e zagarantiran kvalitet ,a od Skopje deka ne e. Ne moze ova da se tvrdi deka 100% taka, vo nikoj slucaj. Imam mnogu raboti od Skopje koi seuste mi traat i nitu malku ne mi se ostetile ,a imam i raboti od tuka sto mnogu brzo go pokazaa svojot (ne)kvalitet.I obratno sekako. I ne samo vo sporedba Amerika-Makedonija,tuku mislam deka denes sekade niz svetov nikoj ne garantira nekoj poseben kvalitet kako sto bilo porano. No vo vrska so pamucnite raboti ne bi se slozila bas. Ovde mnogu vnimavaat na toa i site brendovi za bebinja sto se ,isklucivo 100% pamuk e se vo ponudenoto. A i organskiot pamuk na mnogu mesta moze da se vidi i se poveke i toj preovladuva tuka za bebinja/deca. Imam nekolku raboti kupeno so organski pamuk i razlikata od obicniot e voocliva.No kako i da e i dvata izbora se super.Zborot mi bese vo mnogu prodavnici vlegov za bebinja vo posledniov period,a mnogu raboti i onlajn poracuvav i ne se sretnav so drug sostav osven toj.
Ги гледав вчера во МДК, не се скапи, сите комбинации со 3, 7 или 10 лигавчиња доаѓаат по 100 до најмногу 170 денари лигавче, што е далеку поевтино од Окаиди на пример, но не земав зошто барам еднобојни без никакви апликации, и да се како марами, бидејќи не сакам да покрива голем дел од облеката што ја носи, сакам да се гледаат алиштата ПС: ако некој знае каде има такви какви што барам нека ми пријави, фала
Имаш на Карамел, има нешто во Енци, но на Битпазар верувам поголем да е изборот и поевтино. Имаш во Бисер во полно продавници, имаш во Тила во Капитол, Картерс исто, Вајкики.. Јас некогаш ич не ги гледав како практични, имав 2 во старт и ми делуваа како глупост. Ама од истата причина од која сакаш и ти, ставам и јас такви, да му се гледа облеката, особено кога шетаме И што броеви зеде за летната гардероба?? Не се помисли да можеби дур стаса да ја носи ја надрасне, па и за зима демек си испазарила Јас се пофаќам за полно летни ствари, ама ми е страв да зедам било што ради големината, конкретно од Окаиди сега на 4.5м носи за 12м, тренерки за 18м, па не би да брзам и да купам нешто што може нема ни да облече или што ќе носи само јуни..
Okaidi i carters se uzas so broevite. Na malata alista za 6m sega tocni. Minijatura se Zara ttenercinjata se odi so plus brojce, se drugo e taman
Eмче 67цм е синчето мое, се вртка околу средната граница и за висина и за тежина според табелите. До 6м во Окаиди се 68мици, така да сега веќе му се кнап 6ките и уште ги носи, а таман му се и тие за до 9 месеци што ги имаме земено, па и некој сантим вишок дури. За лето земав 12ки, му ги пробав и имаат уште простор за бебе во нив , а за зима 18ки, до сега расте точно според броевите на Окаиди, не верувам дека другата зима ќе треба 24ки да земам, мислам, да е жив и здрав, ако треба ќе купиме и поголеми, ама не верувам, он е таман на почеток на зима роден, октомври, и миислам дека 12-18 ќе бидат ок, ако не, барем за поголемиот дел од зимата.
Од практични причини, не се купува за бебе една па и две сезони однапред. Единствено со дете над 3 години можете така да калкулирате.
1050 денари се 7. @RedRevolution јас ги земав овие заради тоа што се со мушама од доле, за додека цица. Цица со силиконска и многу пати другите лигавчиња не ми вршат работа, цел е мокар. Еднобојни марами имаш во Тила. Јас покрај лигавчињата од Окаиди(ги обожавам) пред скоро време земав и марами од таму ама ептен се малечки некако. Поназад имам постирано слика со марами од Тила (не се лоши + со две лица се). Инаку сите ствари од Окаиди се преубави, со здравје да се носат. И на моето му одговараат бројчињата од Окаиди а и од Картерс, барем сега засега, ама сепак ми е страв да купувам однапред. Додека бев бремена купував многу (разни бројчиња) и имам дебели тренерчиња кои ќе му бидат точни негде јуни/јули
Знам, затоа и потенцирав од Окаиди (двете го напаѓаме ), за од Картерс не ми спомнувај од пред 3м он носи алишта што се за 9, сега тие му се веќе кнап, ама пример од Ориџинал од 6-9 си носи сега и му се комотни.. Не ми е бебе толку напредно, шкљ се броевите во повеќе продавници знам @RedRevolution што сакам да те изненади мали
Фала уште поубави да му купите на бебе Oд Тила имам две марами земено уште кога бев трудна, ама после тоа кога бев се шаренки беа, ќе одам пак, ич не ме носи патот натаму, ама специјално ќе отидам, во Ваикики нема без апликација, вчера гледав, ама си добив идеја да си сошијам на машина сама од смалените алиштенца на син ми . И јас имам купено од Картерс два комплета за 9 и за 12 месеци, тие за до 9 му се уште комотни, има надоле место уште 3-4 сантими, а 12ката му е баш голема. Нека расте душе, ќе докупиме во август и нови ако има потреба, само да е жив и здрав, ама еве се стоплува а немам летна гардероба, и прееска му ги пробав баш овие што ги купивме 12ки и се губи во нив, големи му се, јас се плашам дека во мај - јуни уште многу ќе му шлапаат, сега веќе не растат толку нагло во овие месеци.
@RedRevolution јас баш ти реков Тила дека гледав еднобојни и јас не сум по шаренила, барем од едната страна се секогаш еднобојни, има и уште видови.. Спојлер: Лигавки Еве ти од Бисер од Хелоу бејби.. Спојлер: Лигавки Картерс ми се многу големи, бебе е уште мало за нив, ама имаш и таму убави. Од ХМ јас планирам да набавам кога ќе идеме
Денес идам во Тила го наканив маж ми, му се темни кога го гњавам за шопинзи пустиот, ама што да праам кога е вакво времето, башка далеку ми е Фала ти многу, многу ми се свиѓаат
Окаиди и Картерс врска немаат со броевите . Мојот од Окаиди носи од 3-6. И веќе му се кнап. Готови се да ги дигнам. Сите фирми си имаат некој свој крој и кај сите е различно. Мадркеар ми се по ок. Бар на мојот бројчињата му одговараат досега. И памукот исто им е супер.
Не е до броевите, секогаш може поголеми или помали да се купат, се си зависи од детето, не се развиваат сите исто, некои се поголемки некои помали, ете за споредба, ако моето бебе е некоја средина, минатиот викенд запознавме едно девојче кое е цела глава помало од син ми и слабичко ни буте ни обравче, јас мислев дека има 3 месеци, а оно еден месец скоро поголемо од син ми.
Може е големо детето, па и веројатно подобро него да е помало, искрено сега, но сите на крај ќе си пораснат, само живи и здрави да бидат