Мајки ако некој видел вакви панталончиња со трегери да ми пишете,сакам за роденден на малиот некои поинтересни панталони да му земам или кратки или долги. Во Зара немаше бројче а и не ми праве кејф на друго место не видов ништо слично.
Во City Moll гледав во продавниците за бебешки работи, точно која продавница беше не се секавам ама знам на излог беа ставени во кутија
И јас шетав во Сити Мол ,ама освен во Зара не видов на друго место ,ај деновиве пак ке разгледам. Во ГТЦ да не има нешто да не бил некој?
Бертони има во БејбиБлу, тие се главни застапници на Бертони, имаат продавница во Сити Мол и во Аеродром спроти Бисер, порано имаше таму и Енци Менци. Чиполино има во Локо Кроко, во Анжи, сум видела и на друго место ама не ми текнува сега каде.
Ние го земавме овој релаксатор што е до 18кила и кошташе 4150 со вибрации без музика имаше уште еден што беше до таа килажа само плус музика и беше 5800, значи 1650 денари повеке само затоа што имаше мелодии и се одлучив за поевтиниов пошто и така имам сраунд дома а за разликата од 1600 купив подлога за пресоблекување еве ја сликата
Па јас сакав овој..тој ми вика има и музика и вибрации ... ама јас се решив за обичен затоа што музика ке си пуштам а вибрациите не ми се баш нешто убави да ја дрмат така..
каде можам да најдам од оние како сандалчиња за бебе ама се во вид на лента како трака и се врзуваат околу ножето
Малава не истера цело лето со еден број сандали, мали и се. Да ми кажете каде можам да најдам ама некоја продавница што работи во петок за празникот. Значи Рамстор, Сити мол или некоја друга сугестија. Кеги шуз освен во ГТЦ има ли на друго место? Дајте некој предлог, освен Пеко, не ме бендисуваат а и доста соленки се.
А да ги видиш сандалите на Ипанема, јас ги гледав за малата, не се многу скапи, ама не знам дали се анатомски, она уште не оди па не ми е битно. Ги има на штанд спроти Carrefour во Сити Мол и во Kegi Shoes (има и во Сити Мол на втори спрат до Froddo па Теа колорс). И во Froddo има убави сандали за поголемки дечиња.
Ископав кај мене во нас. во локална продавничка платнени патичиња од Мат-Стар. Има некоја искуство со нив? Свитливи се и лесни.
Немам искуство со патичиња од Мат Стар, ама малиот има сандалки, ептен му се погодија. Баравме некои полесни, засега се покажаа добри. И онака само за излегување ги носи, по дома цело време е или бос или со гумени сандалки за плажа. Мислам дека Мат Стар е бугарска фирма, ама не сум сигурна. Во секој случај, ако ти фаќаат око, земи ги за малата, и онака за брзо време ќе ги израсне. Син ми летово рипна од бр. 22 на бр. 24, така наеднаш, ама зависи од калапот, пошто имаме сандали 24 кои му се точни и сандали 24 кои му се големи. По кој терк се правени... не знам.
За новороденче најубаво од Стружанка, Анжи, бодите од Џамбо се супер.. туку 62ка до кога се носи? Точно е тоа дека до 6месеци или пак како 56ките максимум 1 месец, а се до 3 месеци???
Ние стасавме за чевли, уште не оди но, паткаме , а немаме што да облечеме на ноџињата. Засега бр.19 ни се точни, па мислам дека ќе ми треба 20-21, иако незнам колку брзо растат ноџињата во овој период(11м), мислам дека бр.21 ќе ни биде добар, со оглед на тоа дека зимоска ќе имаме хулахопчиња + чорапки... Што препорачувате, каков модел да земам(патичиња, чизми, балетанчиња, стартки)???