Нема да згрешиш. Сите бодиња од таму што ги имам се топ. Имам и понови, ама имаме и наследени од внукот и не се мрднати.
А со бројчиња како се дека знам од внук ми се растегнуваа па ние сега од Тритекс носиме 74ка веќе па од х&м да земам 74ка или 80ка? Дека тој е сега 66цм па да му се комотни. Скафандер земав 68ца и 3пати го облековме зимата а беше 63цм па да не се зезнам повторно ми е...
Мајки, во која продавница во Сити Мол, можам да најдам убави бебешки алишта? Конкретно ми требаат бодиња на куси и маички. Фала ви
Во Сити мол убави бодиња на куси имаш во Зара, по 5 во пакување се околу 1.000ден е пакување, исто и Картерс имаш, таму се наоѓаат и пошаренки/поџиџани, Ориџиналс имаат по 2 во пакување, преубав памук ама не се баш евтини и во Вајкики за убава цена по 2 одат, супер се Маички на кратки вањда бараш, Окаиди, Зара, Вајкики, сигурно има и ОВС ама не сум влегла да ти кажам за сигурно какви се што се..
Тритекс не се баш ОК бројчињата, бебе мое сега носи 80ка и му се лабавки, 74ка му се кнап, море и примали. 74ка од ХМ ти треба по мое, комотни ќе му се и мислам цело лето ќе мине во нив, 80ка ќе ви бидат огромни. Поголем е калапот сме кажале. А за скафандерот најверојатно дека дебел па затоа и брзо омалел @mal.ecka успеа ти мечето да го облечеш на бебе?? Барем за 1ви април да не ја дотера за сликање
За скафандерот мака ми беше многу затоа не сакам да се зезнам... Моево уште влага во 68ца на тритекс дека се растегнуваат ама до сега не ми се рашкембиле... Од Зара 3-6м ги носиме сеуште но во должина веќе се кнап... широки се многу ко калап не ми се свиѓаат а памукот им е топ...
Ние ги доносуваме 68(4-6м), и активиравме 74(6-9м). Ако не се лажам сме малку подолги од вас, што значи би требало и вас доволно да ви е 74. Имам 80 едни шпикозни како вреќичка и плива во нив, ногавичките му висат сигурно 10 цм. Кога го гледав во нив жал ми паѓаше, ама ај и онака глумеа вреќичка па ги поносевме и така големи ги пензиониравме.
Нас Зара како модел ептен ни одговараат, пошироко е моево во мешко Ме прашуваше пред некој ден за од Мадеркеар и тие се поширочки некако како модел Јас од Тритекс веќе не купувам, едвај го облакам во стварите, ептен се тесни и уз тело кај бебе мое, да се испотиш дур му ги протнеш
Како да знам кое бројче патичиња да нарачам? 3+ сме и имам 3 пара 18-19 тие беа најмали кај што купував, едните се поклон. Сепак ни се големи доста, сега све така шетаме по чорапчиња. Најдов онлајн па сакам да нарачам ама па да не утнам?
Мислам дека од некои модели во спортскиве продавници најмало бројче за патичиња е 16, но дути и тиа бројче не може да го носи бебе од 3 месеци. А нема ни смисла да му ставиш такви патичиња да му тежат. На син ми патичињата се број 18,5 и од 7+ навака му се онака баш таман да не му паѓаат кога ги носи. Претходно од кај 5ипол месеци стоеја на ногата колку толку. Сепак кој број кога ќе му е таман зависи и од анатомијата, градбата и гените на детето. За мода земи му конверс полесни се за на нога, а и дека повисочки помали се шансите да му паѓаат. Или од спортскиве продавници некои патичиња со мека подлога. Инаку измери колку сантиметри му е долго стапалото на бебе и прогуглај на кој број одговара таа должина. Така ќе знаеш за онлајн порачка.
Денес прв пат ги облековме патичињата од Зара и приметив дема се 26, а спортските патики и од хм и се 25. Миже случајност, ама ете, еден број поголеми од другиве.
@RedRevolution гледам си била Окаиди. Да не ги забележа овие од летната колекција, ќе праќам маж деновиве. Благодарам. Спојлер: Сликче
Уште немаат донесено такви маички и кратки пантолончиња како тренерчиња, не видов такво нешто, а имаат нови производи инаку.
Ги има како ги нема @RedRevolution Дуфи маичката ние ја имаме, пред некоја недела ја купивме, сите боички ги имаше тогаш, ама вчера ич не ми паднаа во очи да се тука, па може ги раздигале, треба убаво да се провери, а панталонките ги имаше
Емче не видов ништо од тоа, видов од тој тип на маичка ама на скроз друга колекција, со поголема апликација на неа, а и бев отидена по друго, гледав само маички едноставни и целосни летни памучни комбинизони, па може и ми промакнале баш тие.