Ги има и овие на тие штандови. Пред два дена ги видов во Vero Jumbo. Мене ми се гледаат исти како и сите други гумени. Тие што јас ги зборам Nike беа далеку помеки од овие. овие се имитација на Crocs пак е гума.
Еве ме Не му се потеше ноџето ич, удобни, меки за мерак. И многу убаво се оди со нив. Деновиве одиме по нови
Ti li bese vikas ne se poti a. Mene toa me buni deka gumeni. Za udobni ne sumljam pri dopir se super sigurno i na nodze. Joy joy mozes li slika da stavis od tie nike da gi vidam kakvi se
Ние лани имавме од ова моделче на Ипанема: Исто така сум ептен задоволна, ниту се потеше ниту плускавци се правеа, зашто јас бев ептен скептик.
и ние 2 пара износивме од овие, едни бели едни вакви..ептен сум задоволна, башка што преубаво мирисаат
Немам близначиња ама имав мало бебе со 2650 излезе од болница. И 50ки му беа големи. За жал во нашиот град неможев да најдам 46ки, а ја пратив мајка ми да бара. Првите две недели во се пливаше. А ич не сакам облека да виси.
Што мислите за кондурчињата на Кеги шуз,оние што се како со патентче на средина (ги викаат за проодување,ама на моето му е рано,8+ е) Имаше убави како сандалчиња,ми се допаднаа,па дали да земам. Па за проодување нови после
Дали знаете некоја продавница за бебешка облека во Солун во центарот негде? Викендов планираме на шопинг да одиме натаму обично на Цимитски улицата пазаруваме па ако некој знае дали има нека ми каже.Фала.
Немам појма кое за што е , само видов во потребни работи за новороденче.значи шведски се за широк повој и не ми требаат а од тетрата колку парчиња ќе ми требаат и за што точно се користат?
За миење газе, за легнување, да дадеш на друг кога сака бебе фа ти фати, ти да си ставиш за да фатиш бебе, за во транспортер, за количка, за покривање...
Najmnogu gi koristam za mleko koga pie zs dosta i tece od usta. Inaku za bukvalno se sto ke ti tekne. Zemi 10 za pocetok. Pa ako ti se malku vo sekoe vreme kje pretrca nekoj da ti kupi
^^ тетра има 1001 намена, колку и да купиш ќе ти фалат, најискористени ,,парталчиња,, се За во старт имав 15тина, сега имам 40тина, секој ден фрлам за перење 10тина, па кој што прави јас пелени перам. Кога ќе прашаат за што ги користиш, јас викам чекај да ти кажам за што уште не. Без 2-3тетра ние ни од дома не искачаме
Што препорачувате да се купи за почеток? Ич немам осет што би ми требало , кога ќе се родат валда ќе добијам идеја ама сега ...
Купувал некој од mothercare од Софија? Страната им е во изработка, па некој ако знае како се со цени, избор нека пише совет или два. Дали е исто со кај нас?
Мој совет ти е да си купиш облека/шпикозни само од фирмата Карамел за почеток, најмало бројче мислам дека им е 50-56, така стои бројот, дали има баш 50ка не сум сигурна.. Како модел се доста тесни, ќе им бидат големки ама и кај рачињата, вратчето тесно ќе им стои, ниту ќе им се вртат низ тело, ногавици. Мало се роди и бебе мое, дома дојде со 2.600г-47см имав неколку од Карамел ги изнаноси, само тие не му висеа/вртеа иако големки, да знаев само такви ќе зедев. Памукот им е преубав, квалитет беспрекорен, 100% памук, цени на шпикозни од 400-650ден. Имаш и комплети дводелни, со ќебенце, имаат и бањарки и тие се убави, чорапи, лигавки, капи.. се им е прва лига, ниту се изветвело, ниту боја сменило. И не прашувај што се ти треба ако ти кажеме нема да е интересно, зарем сакаш единствена да си што не си купила неколку (куп) непотребни ствари ^^имаш таква тема, од повеќе мислења ќе стекнеш впечаток што се ти треба и по колку, и секогаш имај на ум дека и откако ќе се родат се купува, не се трупај како некои (како мене де ).
Вакви некои слични беа лани тие што ги купивме (не ги купивме во МК) https://www.sportvision.mk/obuvki/5363906-sunray-protect-td Имаш Prenatal на Цимиски односно во тој како мал шопинг центар каде што е Манго. Исто така по улицата нагоре и надолу има неколку продавнички за бебешка облека и играчки (од плоштадот нагоре). Скоро сите брендови имаат бебепки оддел за облека.