Од страницата бутик Пиколино дали имате нарачувано? Имаат од 220 ден долен дел тренерки до 390ден па се мислам дали се ок со материјал.
Мене ми донесоа на поклон комплетче од таму, добро се покажа. Ми се допадна ластикот на долниот дел, баш за бебе направен. Многу други панталончиња од друго место не ги ни облече зошто го стегаше ластикот на мешето.
вчера бев во тоа Caramell на битпазар после полицијата што е ич ништо не ми се допадна и не беше ич ефтино! секоја реченица на тој продавачот му беше абе ова како за вас може за 500 ај,друго ај за вас може за 700... абе ајде бегај до сега најмногу ме бендисаа работите во Waikiki
Јас пак сакав од Битола да идам за тоа Caramell, од толку фалби што читав за памукот за таму. И јас најмногу од Waikiki си купувам засега за бебка.
Па и јас исто се сполетав дека ефтино кажуваа... сакав да земам повеке облека бидејки сме кумови ќе одиме на повојница другава недела и земав само две бодиња 450 денари ми рече за двете такви најобични розевки друго ништо не ме бендиса и како што кажав скапо ми беше сега нормално секој си има свој вкус ама...требаше да ви сликам не ми текна тоа фустанчињата мнг наџинџурени светкави... и ти викам за се ми викаше тој ај ова 500 нека биде ај ова 700 глупости Најубаво Мила нека појде некој твој ако имаш во Ск,нека ти сликне да си видиш
Ако се џиџани и пуфкасти со чипки и машни, поарно ич нека не ми сликиаат. Ако на такви мислеше дека се. Сакам едноставни и памучни работи, а сакав да одам оти демек од таму памукот бил најубав. Мене и од H&M ми се многу убави работите и памукот пишува дека е органски. Па ќе видам како ќе се покажат.
Јас мислев дека сум единствената на која не и се бендиса ништо од Карамел. Еден ден специјално одев за Ск, за Карамел (и тогаш многу го фалеа овде), бремена 8ми месец, едвај ја најдов продавничката, кога внатре разочарување, се натрупано, продавачот не беше расположен да покажува, а и цените што викаш не беа баш ефтини. Едно боди само земав мислам.
^^ во Карамел се најдобрите шпикозни кои ги имав купено, башка бебе ми беше слабо, само тие не се вртеа околу него, памук перфектен, не мрднаа. Чорапите од таму се најдобри, само тие не го потат. Лигавчињата им се преубави, нежни, речиси сите на бело. Бањарки. Памучни ќебенциња. Постелнини. Тетра пелени, големи, мали, за покривање.. За од Бебето исто, комплетите со по 5/10/15ствари им се преубави. Фустаните да им се кичерај исто и машките тракаташки, ама шпикозни ниту на едно друго место нема толку убав памук, а да се плус со таа цена. Вајкики може вода да им носи за квалитет!
ете исто мислам нема во Мк сеуште отворена,баш се зачудив викам да не отвориле да не незнам одсекогаш сум си наоѓала убави работи таму
За квалитетот не можам многу да зборам, имам 2 лигавчиња на Карамел, триаголници, ама ги купив од Енци Менци и навистина се прекрасни, ама воедно и најскапо ги платив, околу 300 денари мислам 1 беше, додека обично истите се по цена од 100-150 денари. За Ваикики се сложувам, немаат многу квалитет, мене досега најпогодени ми се работите од Н&М и за цена и за квалитет. @Bella* нема во Мк H&M, најблиску во Солун и Благоевград.
Грешка, лигавките во Енци се 340/360ден По 80ден јас ги зимам од Карамел ХМ да и јас се сложувам дека се убави, квалитетни и ефтини
@Bella* @Milaaa991 секој си има различен вкус. Јас од дното на душата сум им благодарна на членките што ми го покажаа Карамел. Пред Карамел врв ми беше Ваикики. 1. од карамел префраерски се работите, само бањарката што ја земав (500 мкд) и капче едно преубаво (100 мкд) заштедив 1000 мкд кои во Енци менци истите беа 1600 мкд. 2. Пред 3 дена ги перев сите алишта на бебе за да се спремам, имам алишта купено од: Карамел, Ваикики, Ангротекс, Стружанка, Окаиди, Картерс. Се перев на 30 степени и после во сушара со цел да не ги пеглам. Сите алишта искочија туткани и мора да се пеглаат освен тие на Карамел. Исто така сите алиштенџца се со огромни етикети што моравме да ги сечеме освен тие на Карамел и Окаиди. 3. Памукот на боденцата и шпихозните не може да се спореди колку е мек. Јас што не се разбирам у материјали па ја осеќам разликата. 4. Јас во Карамел потрошов 5200 денари а купив: 11 тетра пелени, 4 кебенца со различна дебелина, 4 капчиња, 4 лигавчиња, 3 пара шпихозни, 2 пара пижамчиња комплети, 7 боденца, 1 бањарка. Во било кпја друга продавница минимум дупло ќе ме фатеше. Така да јас едвај чекам да имам можност да одам пак. Ставив слики за дел од работите што ги земав.
Ете гледаш, уште поскапи биле, ама сум заборавила, пред скоро 2 години беше ова. Може уште еднаш ќе му дадам шанса на продавничето, зошто пак велам до самото продавниче е што не можев ништо да си изберам, не е од што облеката на Карамел не е добра.
Епа такво е нафрлано, ама со списоче во рака застани во едно место и на дечкото само кажи му што сакаш се ќе ти исповади или кружи и прашувај, па он ќе вади, ти бирај Јас еднаш и со бебе бев, ми даде столче да седнеме и ми носеше пред мене
да баш те прашав тебе каде се наоѓа продавницава зошто сите работи на сликичкиве ми се допаднаа...и затоа летнав да видам што има ама искрено ништо вакво немаше..и затоа се зачудив ја не спомнав квалитет...само фустанчињата дека беа по така...... а и за се што ќе се фатев не беше ефтно затоа споделив
И јас не сум била досега во Карамел, ама треба да ја обезбедам Неда со есенска гардероба па ќе одам и таму да видам што има. Она е 9м ама уште носи 6-9 величина.
Знам ти верувам не сакав ни да те нападнам само пишав мое мислење. Може фустанчињата биле крш не знам Ти да не не си била во Карамел? Натпис имаше пред дуќанот бел со тегет букви? Ме чуди што вака пиша искрено..
Па може ко така да се врати продавничево на списокот места кои треба да ги посетам пред да се породам кога ќе го правам финалниот шипинк. Ако има нешто такво како што сум тргнала со купување до сега. Инаку кога сме кај етикетите ете баш сега сум со ножици во раце и ги сечам. Читам горе долу се се пери на 30. Е сега ме интересира плетените ќебенца дали ги перевте во машина и како со центрифуга или?