Да те разочарам До 12м е се, помал калап и потесен, бебе мое јесте да напредно ама 12ката ја носеше на 7м, на 8 веќе мало му беше. Штета, баш штета што нема поголеми броеви @Bella* таму за фустани не се иде
Епа едно е ваљда Карамел на тоа место aјде кога ќе се вратам од работа ќе пуштам сликичка од бодињата што ги земав ќе ја видиш етикетата
Важи, ја па чекам некој да пише дали стигнала нова роба по есенско/зимска да праќам мајка или некој друг.
таму? имаше ќебенца плави розеви и бели не беа лоши 500 денари и тренерки ама мене не ми се допаднаа другите работи беа летни
А во Локо Кроко сте пазареле ли? Се мислам сега да се прошетам па да не одам за џабе дали имаат асални работи.
ние бевме во Илинден во тоа локо кроко и на маж ми само таму му се свиѓало се зборам за опрема...колички игрални (креветчињата не толку зошто се со апликации) транспортери убави се види си ги на нет...јас ги иам на инстаграм мислам и цени пишува
Од тоа што имам гледано што постирале членките купено во Карамел, сѐ ми се допаднало, но до сега не сум била и не им ги знам цените. Но ако Ваикики ви е евтин, тогаш погледнете гардероба и во Анжи, на сите им го препорачувам продавничево. Дури и кога немав деца тука купував преслатки работи за подарок. Има бодија по 150-200 ден, или на пример панталонки со стапалца за 120ден а памукот ептен мек. А во Ваикики два пара вакви со стапалца ги платив 500.
Потврдувам,Анжи имаат одлични работи и ефтини се.Јас таму си купувам подароци за родендени,крштевки и сл.
Дали си поминала и до Бебето дуќанот што е спроти Полициска Бит Пазар таму имаат многу убави работи за бебе и квалитетен е памукот.
Истите лигавчиња се до 100 денари во Карамел. Неколку пати пишавме дека дуќанчето е растурено. Се изнапикано на мал простор. Трпение и да копаш по стварите. Гарант ќе се најдат убави работи. Му се спремам сега јас за ќебенце и чорапчиња Покич фустани нема на друго место. Мене свеки ме потегна да купи на дунде. Ко ги видов у несвест ќе паднев Бебето е ок, ама има еден напорен лик што работи таму, плус поскапи се работите што ги има од други дуќанчиња, меѓу кои и карамел. Имам тетри на бебето купени во карамел по пониска цена од бебето дуќанот. Нема логика, нели?
Памукот на Карамел е класа над Вајкики. Далеку подобар, мек и не се развлекол. Со Вајкики нешто се погодило нешто и не баш. Потврдувам и јас за Карамел, се што имам се износи и уште во супер состојба. Не е развлечено, како да се носени сто години. Од турските брендови барајте Карамел, Бебето, Идил и Мамино. Јас се што имам од нив сум задоволна. @monik55 купи се од сетовите, ќе видиш колку на почеток бебка ќе ги носи. Јас имав неколку на почеток. Практични ми беа за облекување , Плус мекички и таман на дебелина, ги утепав од облакање на малиот. Видете ја и оваа во Косово на фб има куп сетови на Карамел, плус и попусти. Праќаат карго. Линк имав ставено некаде низ темата. Едит: https://m.facebook.com/Caramell-KidsBabyShop-1677558265892134/ Имаат и колички , други тракатанции
Јас се заљубив во овие https://www.facebook.com/1677558265892134/posts/2028659544115336/ https://www.facebook.com/1677558265892134/posts/2029930427321581/
Јас ќе се согласам со @Lavica2016 ,@kukla21 и @emkaemka. 3а Карамел прочитав тука и го посетив. Разликите во цените кои ги забележав меѓу други продавници и оваа се движеа и до 300 денари. Претходно ги поминав Тритекс (каде обично бело боди беше 300 денари, а за шарите немам никаков коментар). Од материјалот воопшто не бев задоволна. Во Бебето не ми се допадна услужливоста на продавачот (може имав таква среќа). Дел од работите ми се видоа доста скапи. Карамел не може да се пофали за ред. Факт е дека е мало продавничето,натрупано,но јас отидов со список.Вработениот трчаше да ми донесе се што ќе побарав. 3а цените немам коментар! Поефтино место со пониски цени јас немам посетено. Од кебенца,преку бањарчиња па се до шпилхозните кои ги земав за 250 денари. Памукот мек,мек,милина! Од сега си реков кирија не им плаќам на другите!!! Само во Карамел ќе си купувам