Ќе можеш ли да прикачиш некоја слика од работите или да ми пуштиш во порака, да знам дали ќе ме бендиса да доаѓам или барем да ангажирам некој да ми купи, па по карго да ми пушта.
Немам ништо до мене во моментов,дома се бели и чисти па оставив се кај моите. Минатата недела бев @Lavica2016 . Мила нешто не можам да те тагнам,верувај ми дека цените вредат за да одиш. Тетра за 500 денари 10 си земав
Два дуќани се блиску еден до друг, едниот позади пазарчето Буњаковец, другиот позади автобуската "Ким"(првата постојка после Соборна црква).
Не сум шетала одамна за точно да те упатам, но од мое искуство со дуќани за бебешка/детска облека можам да ти предложам да побараш во Картерс или во Софиленд. Во овие два имам наоѓано гардероба во "нестандардна" боја за бебиња. Имам едно бебешко боди баш црвено и баш на долги ракави од Картерс, но од минатата зимска сезона.
Фала ти. Најдов во Waikiki, баш какво што сакав, но во машкиот дел го најдов. . 2 боденца, едно црвено, другото темно плаво. И за тоа ќе се смисли комбинација.
Мајки најголемо бројче од боди 104 ли е ? Веке ни е кнап, а секаде овде каде што побарав ми кажаа тоа е најголемото, во Скопје дали има поголеми, и каде ? Ич не сум за маичка наместо боди, син ми е премногу активен, маичката веднаш би ја извадил а веке и ладно фати, незнам како би поминале со маичка .
Некоја нарачувала од овде? Сте купувале? Како сте задоволни? Бројчињата ок се? https://www.facebook.com/mangokidsprilep/
Јас имам купено. Не се нешто нај нај во живо. Јас гледав за новороденче и некако шпикозните чудни бројки ми беа. Купив 76 бр, а се најмалите шпикозни што ги имам. Помали се и од 56. Таму дефинитивно ги видов најмалите шпикозни во животов за кои продавачките ме убедуваа дека се таман за новороденче, ама мислам дека ни на мечето нема да му чинат. Нема некој квалитет и избор, пола од ова што го има на нет го немаше таму.
Да ви кажам викендов бев во карамел пошо читав дека беше фалена продавница на форумов. Воопшто не сум задоволна, скапо беше а понуда 0! Шарени тетра 650 ден за 10, бањарки по 650 ден, шпикозни и тренерчиња по 700, капчиња по 200 ден. Дезените па хаос! Чипки, бисери и турски натписи везени со сребрен и златен конец.. Му викам обични бели пантолонки/ѕивриња со стапалца, продавачов вади розеви везени... Катастрофа, за џабе малтретирање по жештините да најдам паркинг.
Abe devojcinja da ne ne go pogoduvate istiot dukan? Valjda nema dvojni arshini za razlicni musterii. Majka mi bese vo nedelata, tetra sarenite peleni bea 500 za 10. 650 bile u dukanot karsi karamel. Znam sigurno posto zema za mene. Kapcinjata po 100 denari gi zemavme. p.s ne znnaev deka banjarka za 650 e skapo, posto obicna u struzanka koa.prasuvav imase 950 i 1250 denari.
Незнам со големи букви пишуваше карамел на продавницата, во редот од почеток на тезгите на бит пазар кога одиш накај женски пазар.. чудно ми е да има два дуќани.. Бањарки мислам на обичните крпи со капче, во ваикики беа по 550, ваму 650.
Не бил тој, нешто си утнала Велиш од почетокот на тезгите гледано од кај Зегин? Едниот дуќан што го зборат сите е на Дуќанџик улицата после полициската станица, а има уште еден што држи роба на Карамел, спроти театарот. Во тој првиот како за девојче немаше баш некој избор, ама овој спроти театарот имаше преслатки работи, некичерајски