А другии местаа со детска облекаа? од Тетово сум одам за Ск специјално за облека за малечкава па ми требаат и адреси ...крај на јануар ми е термин..во тетово нема избор на квалитетна облека за бебуш
Карамел на бит пазар. Таму ќе најдеш шпикозни, тетра, боди бенкици, ќебенца, се што ти треба за почеток. Вајкики нешто ми се погодило нешто не. Окаиди исто, а цените се повисоки. Прошети ги во Сити мол и Зара,Елва , Картерс. И во Енци меци имаш облека на Чико. Во Бисер мислам беше Хелоу бејби, имаат комплети за бебушки на Би бејби, исто памук кој не е лош. Почнуваат попустите па пушти се во шопинг.
Каде во Скопје можам да најдам ефтини ластици за глава со машнички и слично декорации за женско бебе? Сепак се само декоративни, не ми се дава по 300денари...
И шпикозни со патент наместо нитни дали сте виделе? (не можам да едитирам во претходното, морав да пишам ново мислење)
По локални продавничиња има стегачи со машни за на глава по 50 денари. Во кисела вода имам зимано, карши флатирон зградата кај пиљарите. Сигурно има и во други продавничиња. И во локо кроко има шнолички и туфки по 60 до 100 денари. Јас од картерс имам вакви на патент. Најубаво е со патент. А имам и од Гап, ама не се од МК.
Еве повели види дали ке ти отвори: https://m.facebook.com/CartersMk/ Инаку имаат продсвница во Веро џамбо во скопје, и во сите поголеми молови, дел од Крш се. Гледам сега имаат и попуст. Јас кога ги купував мислам дека околу 700-800 беа без попуст ама стварно се многу практични, оние на копчање ми се смрт. Позз
Od policiskata stanica nakaj dukandzik. Na edno 500 metri e ima bel golem znak so teget bukvi. Utre rabotat do 2. p.s malku gi imaat kaceno cenite, se zanel chikata.
Имаш во бутик Манела голем избор, имаат прифатливи цени и убав квалитет, и преслатки работи пред сѐ. Имаат на ФБ, разгледај нема да згрешиш
Caramel забегале со цените. Од ракав тресе, мислиш којзнае кај купуваш, а не на пазар. Не стапнувам повеќе.