1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за вежбање

Дискусија во 'Фитнес' започната од marama, 4 април 2012.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    91.330
    Пол:
    Женски
    Чинам дека немаме тема за облеката која ја носите додека вежбате. Дали имате посебна облека на која намената и е само за вежбање или носите нешто старо?
    Дали внимавате патиките да се специјални за вежбање или си носите какви имате дома?
    Дали ја разликувате облеката кога вежбате дома, во теретана и на патека?


    мислам дека посоодветна е оваа категорија за темава од мода
     
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    И дома, и надвор - тренерки или хеланки! Спортски градник обавезно! :)
    А патиките ми се многу битни. Оние за шетање низ град, не се ни малку удобни за трчање.
    Па затоа, за трчање - имам од оние малку поскапите и многу удобни, Саломон :P :)
    Исто така играм веќе долго време, па кога имам проби сум со лесни платнени патичиња, скоро како балетанки, многу се меки и ми одговараат на ногата :)
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не носам нешто старо, туку вежбам во хеланки и во маичка или дукс, зависи од сезоната.
    Сум одела некогаш и со тренерки, ама со нив потешко се вежба, паѓаат, па кога се крева ногата во воздух ногавицата се спушта надолу и не се чувствувам удобно.
    Ајде за пилатес некако и се издржува во тренерки, ама на аеробик, на тоа скокање нема ништо подобро од хеланка.
    Носам спортски градник, бидејќи мака мачам со обичен, а патики имам само за вежбање, чисти :emo: а не се некоја марка, туку одбрав некои што ќе ми бидат удобни.

    Па тоа би било тоа :)
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    4.553
    Пол:
    Женски
    Хеланки , некоја блуза / дуксер , и некои патики по дома што ги имам
     
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.446
    Пол:
    Женски
    Супер тема специјално за облеката, бидејќи често налетувам на прашања „каде да најдам овнаква маичка за вежбање, каде онакви патики“, епа еве ни соодветно место. :)

    Кога џогирам на кеј, обавезно во тренерки горна и долна плус маичка на кратки одоздола.

    За теретана менувам, кога како. Некогаш со хеланки и маичка, некогаш тренерки потесен модел комплет и одоздола со рамбовка, некогаш други тренерки со собран долен дел кај глуждот (кои ми се омилени бидејќки не се креваат) и рамбовка, некогаш хеланки со дуксерче потенко...Тие ми се комбинациите кои ги носам..

    Важно ми е материјалот да е солидно памучен, и гледам да не е од оние кои по 2-3 перења ќе се направат со топченца, лесно примаат мириси или се собираат.
    Тренерките ми се најчесто од Калиопе, Бершка, Стружанка, хеланките од пазар, маичките и рамбовките од Бершка, Манго, Теранова, Калиопе- и тие се стриктно за вежбање, не ги носам во други комбинации и прилики.

    Патики досега носам од оние мали форми на патичиња (незнам колку е правилно ова кажано, така јас си ги викам) и ги купувам од Пул & Беар, Бершка и Страдивариус, и за 10 евра ме тера одлично еден пар, уште ми се ок сите, иако ги менувам ради боја и модел и за да ги зачувам.
    Планирам да си земам Нике Аир Мах , и овие да ги заменам со нив, ми изгледаат како најсоодветни за вежбање, а и по она што сум слушала , важат и за квалтетни и удобни.

    Спортска облека не користам за вежбање, не сум тип што би дала 40 евра на Нике тренерки долни, 25 евра на горна маичка, 50 евра на дуксерка горна Нике, и уште 2-3 маички за менување по 20 евра, а ако го фатиш ова оро, нормално и торба соодветна спортска ќе мораш, и уште 25 евра за неа...
    Кога би била спортски тип секако дека пре би за сево ова, отколку за неколку пара чевли и чанти, меѓутоа елегантен класика тип сум и облеката за вежбање не ми е слабост, туку чиста потреба. :)
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Трењерки или хеланки, спортски градник и стартки патики. Инаку кога трчам надвор облакам и бела маица по кратки ракави :)
     
  7. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.034
    Пол:
    Машки
    Ниски патики што сум ги износил и застариле малце,тренерки и блуза некоја за во теретана,а за трчање кратки доле наместо тренерки :D
     
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.188
    Пол:
    Женски
    Обавезно носам хеланки, до под колена, некоја блуза долга со куси ракави, и одозгора дуксерка, ко ќе ми ми станва жешко ја слеквам одма неа.
    А на нозе ги носам најудобните патики шо ги имам. :)
     
  9. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Летото на одмор влегов во огромна продавница специјална за спортска опрема, имаше над 10тина марки од ефтини до поскапи, опремена со се можно, од облека до предмети за сите постоечки спортови.

    Таму начекав за добра цена патики фила за пешачење/трчање и вежбање и тие до пред месец дена ги користев за вежбање на орбитрек, пошо дотогаш не ги имав искористено за надвор. Сега веќе кога затопли ги користам за пешачење.
    Исто, тогаш најдов една марка што дотогаш не ја ни познавав, (а впрочем ни сега не и го памтам името а ме мрзи да барам по алиштата, на д почнува...) и од неа имаше феноменална спортска опрема, матријалот подобар и од најк и адидас, баш ги споредував на исто место таму, а во цената овие беа дупло поефтини. За околу 30е купив долни тренерки (3/4 а на изглед се како хеланки, матријалот е неверојатен мек, не се прават ни бубулици ни коленици, на себе не ги осеќаш а стојат залепени) и една маичка рамбовка од ист матријал.

    Овие изгледаат како комплет и намената летото им беше за возење ролери, а сега кај и да е ќе ги користам за пешачење, исто возење ролери, трчање ако ми текни некогаш. За дома несакам да ги користам бзв ми е да ги износвам за џабе, а мака ми е ја нема кај нас маркава па да се накупам нови, а богами се покажаа добри.

    Дома за вежбање на орбитрек најлесно ми е по хеланки, тесна рамбовка и тренерка - која кратко стои и онака на мене :)

    Е да, ми остана за купување добар спортски градник, се зезнав што не си зедов летото уште ми е мака за колку добри цени имаше... :tmi: препорачајте некој добар а да не е премногу скап. Мака мачам се стегвам со некои ефтини налик спортски градници, па со тесни рамбовки и триста чуда :^)
     
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Вежбам и со хеланки и со тренерки. Ако имам хеланки носам поширока маица, а ако носам тренерки кратко маиче. Истите што ги носам за низ дома.
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас си имам навика да си купувам спортска опрема, најчесто најк иадидам ама смешно е што всушност не ја користам за вежбање :D

    Си земав едни хеланки со дукс од најк, од колекцијата dri-fit која е за наменета за трчање, материјалот е многу добар ама ги носам само кога возам ролери или пак шетам некаде со другарки така рекреативно. Не ги носам секојдневно на фитнес и аеробик зашто ги платив скапо и си мислам дека со секојдневно перење ќе ми отидат :D
    Исто и тренарки купувам ама и тие ги носам така за шеткање или кога идам по гости кај другарки :D

    Ич наменски не си ја користам спортската облека.
    Само патиките што ми се за трчање си ги носам за вежбање. И спортските градници.

    А вака секојдневно си вежбам во хеланки и маички. Гледам да се памучни и обично кога начекувам рамбовки низ теранова и сличните бутици за по 200/300 денари, си зимам за таа намена.
    Инаку конверс имаат многу квалитетни хеланки, имам два пара, веќе повеќе од 2 години ги користам за секој ден, цело време прење и ко нови се. И најбитно ми е што не се прозираат ако се наведнеш или шириш нозе :)

    Дуксовите што ги зимам за вежбање ми се машки, број-два поголеми, зашто така ми се многу пошироки и поудобни. Нема нешто што обожавам да носам повеќе :) Башка и адидас какви машки дуксови има, неможеш да оддолееш
     
  12. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Облеката за вежбање ми е само за вежбање, всушност и не може да се носи за друга прилика.
    Имам 3 пара спортски хеланки за вежбање, едни долги и другите две се 3/4. Горе носам или маички за фитнес одоздола што имаат и како градник или пак најобична еднобојна рамбовка (ги имам во повеќе бои и ги носам строго за вежбање) и спортски градник.
    Патиките ми се купени специјално за фитнес и не ги носам надвор. Сега кога веќе запролети може да трчам со нив.
    Не можам да вежбам во тренерки, имам само едни кои ги носам ако хеланките ми се за перење или се сушат, ама и тие ми се скроз тесни, долу со ластик. И не можам да вежбам со дуксер или тренерка на мене. С'клет ме фаќа, одма.
    Најчесто си купувам на попуст од Солун од адидас, најк, пума и едвај чекам да дојде времето за попусти па да си ја обновам фитнес гардеробата.

    Е сега малку ќе бидам офф-топик каде можам да си најдам убав спортски градник, а цената да не е астрономска? Последниот си го купив од Пикокс ама ги нема веќе.
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дома најчесто носам тренерки, а за вежбање секогаш носам хеланки и рамбовка. Најпрактична ми е таа комбинација. Од спортски патики немам некоја потреба, затоа што на пилатес вежбаме боси. А не сум многу по џогирање или пешачење за да ми требаат некои добри, удобни патики.
    Кога возам точак обично носам тренерки, затоа што не се чувствувам баш удобно ако излезам надвор по затегнати хеланки :tmi:
     
  14. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    За на лето секогаш носам рамбовка, а долу или тренерки или хеланки (ама не прозирни), а сега кога е малце поладничко исто тренерки или хеланки и одгоре блузичка со куси и дуксерка или горна тренерка. А за патики обавезно си носам удобни за трчање и не знам како да кажам ама баш спортски патики си носам..и најчесто носам црна, сива и бела боја :lol:
    Еве вака нешто за хеланки и патики
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  15. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    јас за вежбанје носам хеланки како оние во постот на sweety-m, патики за вежбанје имам 4 пара едни се од тие што се криви одоздола како на сликата не се некои многу одобни џабе си дадов 50 евра, имам и два од адидас и еден од оние во горниот пост ( да ме отепат сега нема да ми текне како се викат :D ) а горе носам маица памучна и дуксер :)
     

    Прикачени фајлови:

    • superge.gif
      superge.gif
      Големина на фајлот:
      49 бајти
      Прегледи:
      822
  16. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Облеката за вежбање ми е само за вежбање, всушност и не може да се носи за друга прилика. Koга вежбам ви зима носам тренерки и маица а во лето хеланки и маица.
     
  17. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Кога трчам и возам ролерки носам спортски градник и потесна маичка а над неа поширока маичка со кратки, хеланки 3/4 и патики кои ги купив од runners. Дома исто така вежбам во оваа комбинација. Не се осеќам пријатно во тренерки, вака стегнато ми e поубаво, знам се си е на свое место :P :D
     
  18. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Хеланки и маичка и најлонските хеланки одозгора кога си вежбам дома,а кога одам во фитнес салонот тогаш во тренерки :)
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    За во теретана најчесто носам обични маички, наједноставни со ракави. Тренерки до под колена, или долги - во зависност од времето и нели патичиња. :) И обавезно црвеното шишенце за вода што мора секогаш да ми одговара со облеката. :P
    Извинете ако се пронајде некоја, ама многу мразам кога ќе ми дојдат во теретана стокмени како за искачање. Тоа е исто како во дискотека да се појавиш за на вежбање. Нешто што не иде - не иде. :)
    Патем, најчесто носам црна облека. :D
    [​IMG]
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    За вежбање носам или комплет тренерки со ниски лесни патичиња, или хеланки кои ги комбинирам со црна или бела рамбовка кои си ги имам купено специјално за на вежбање...