Дали знаете каде може да најдам поголем асортиман на PUMA патики и облека за вежбање? По поголемиве спортски, слабо избор.
Да не случајно купи од сетовиве,и јас сакам да нарачам ама некако онлајн за спортска опрема шубе ми е дали ке ми се погоди материјалот,дали се dry fit??
Сакам да си купам убава и квалитетна облека Освен по спортскиве продавници што се нуди најк, адидас, шемпион... на инста ми излегоа овие брендови... дали некој има искуства како сте задоволни дајте предлози
Зошто воопшто ви е потребна посебна облека за вежбање? Не мом да разберам... Било кои хеланки, тренерки, памучна маица се ок.
„Посебната облека“ е мотивациска рамка. Замисли, облекуваш „посебна облека“ и ВЕЌЕ си, во дел, телото што сакаш да бидеш, откако вежбањето ќе заврши (колку и време да ти треба), колку и минимално да е тоа. Значи, си на правиот пат и вежбаш „исправно“. Облеката за вежбање е референтна точка.
Со ова се согласувам. За мене и тренерки, хеланки, ми се доволни, со маица, само да ми е удобно. Исто ми е зашто знам дека облеката ми е за вежбање, истиот психолошки момент го добивам кога се подготвувам за вежбање и доволно ми е. Дома пак, сама кога вежбам, само на гаќи и градник, толку.
Ако тебе те мотивира да имаш САМО кој било пар хеланки за вежбање за да се мотивираш GO ON! Остави ги тие што сакаат да „трускаат пари“ во конзумеризам за да се мотивираат како сакаат. Важно е да вежбате и работите на вашето здравје и тело. Win-Win. Плус, ете, ќе имате основа за меѓусебно оговарање хаха, па ќе ви биде и интересно.
Здраво девојки, може ли предлог според ваши искуства најудобни патики за трчање, пешачење, вежбање.. Фала ви.