Каде наоѓате непровидни хеланки за вежбање, ама поголеми бројчиња и подолги малку? Еве XL и XXL. До кај 1500 денари. Гледав вчера у дефакто и у ваикики, ама многу некако нерастегливи, пробувам и до пола бутка ми влегува, со тешкотии нагоре Тренерки не е проблем, наоѓам, ама хеланки тешко...
Види и во Sportex Aerodrom, пребарај ја вака продавницата на карта, ќе ти ја даде. Од таму земав неколку работи периодов, убав квалитет и многу достапни цени.
Страшна работа да ти кажам… не се квалитетни а 1200ден се и провидни по онлиме продавниците. Единствено нема да згрешиш од BeFit ако си порачаш. Мене L ми се таман од нив растегливи се и поцврсти и не се провидни. Дури може и M да нарачам следен пат бидејќи високи ми се малку во струкчето иначе се топ. А замисли исто L број нарачав на хеланки од друга продавница too hot мсм се викаше и ги нарачав од “истиот” модел и иста боја, личат као пижами за спиење како торба се прешироки, јас сум крупна девојка со задник и бутови но не чинат воопшто а 1200 ден ги платив. А во BeFit се 1450ден малку поскапи но се квалитетни и убави. Можеш слободно нормален број да си порачаш ем се тегнат ем се проспособуваат врз телото оформуваат и не се провидни
Да прашам и тука Дали сте правеле замена на нарачани работи од sportvision? Нарачав хеланки од страната и големи ми се. Можам да ги вратам во некоја од нивните продавници да ги сменам за помал број? Или ако нема бројче да ми вратат пари? Немам фискална, фактура ми испратиле.
Од каде да најдам памучни тренерки кој што нема да ми се рашират и станат вреќа уште од второто носење?
Нарачувала некоја од sportex? Морам да нарачам онлајн ама чудни се бројките, пример за L пишува 44/46, дали се така и во продавница?
Епа земи со сега кратки таман иди лето, јас никеот ги остајв на мене омилени ми се и се како ко ги купив освен јас со си го менуват телото ама се адаптираат растегливи се за разлика од едни од безвезе материјал како да замрзнале
Девојки, за колку време отприлика ви стигаат нарачките од Superstacy? Една недела помина, никаков абер, ништо. Колку обично сте чекале?
Пиши им на инста, јас еднаш нарачав од сајтот и не ми стигна, им пишав и ми вратија дека ја немало таа величина па ја откажале нарачката (иако јас кога нарачував ја имаше)
А ти пуштија потврден мејл дека нарачката е одобрена или? Два мејла имам јас, вториов е демек нарачката е одобрена, дрн-дрн, треба да стаса до тогаш и тогаш. Ај што сум нестрплива, ама стварно цела недела помина и некако не ми се остава на веројатност. Фала ти инаку, ќе им пишам.
Ми стигна само мејл за направена нарачка колку што се сеќавам, а не ми стигна дека е одобрена/одбиена. Пиши им сепак најдобро, може се пратени ама зафрлени некаде по каргото. И тоа се случува
Откако земав хеланки со странични џебови од Superstacy пред 5 год., сфатив дека не сакам да имам хеланки без џеб. Премногу ми олесна кога имав каде да си ги ставам телефонот, парите и клучот додека трчам.. Ги утепав од носење за секоја пригода и минимално ми се имаат распарано, само на 2 места меѓу бутките, а и тоа одма се среди со игла и конец. Сега пак си нарачав, имаат доста поскапено во последниве години. Си го најдов мислењево во темава, во 2020 биле 1200, сега ги платив 1750 Сепак мене лично ми вреди зашто ретко купувам и мислам дека ќе можам да ги носам уште 10 години.. Доколку има на друго место хеланки со џеб за нарачка нека пише некој Инаку HUMN се нови на пазарот и ми се допаѓаат, ама уште немаат модели со џебови и над 2 илјади се.. А верувам дека материјалот е добар.