Препорака за добар градник за средно-големи гради кој ќе ги држи на место градите посебно при вежби со скокање? Буџет до кај 1000-1500 макс
Од кај можам да најдам хеланки за вежбање а да не се полиестер? Да е или памук, модал, мерино волна.. Мерино волна успеав да најдам, но и двата модели некако не ми се допаѓаат. Знам дека Декатлон имаат, но овде ги нема.
Во PolleoSport Ист Гејт да прашаш, имаше спортска облека знам или пак на сајтот нивни. На крај краева, ете ти го Temu
Јас обично од Oysho си земам, за топче може да се најде модал или памук, проблемот ми е за хеланки, а не сакам полиестер да носам околу полови органи, не е воопшто здраво во такви материјали по саат два да се потиш... посебно не за таму доле.
Од бутици и слични неспортски продавнички. Во стриктно спортските се' е полиестер.Јас и во њујоркер имам купувано памучни хеланки и шорцеви, океј се.