Најдобро се чувствувам кога вежбам со хеланки и тесна маичка без ракави. Бидејќи не одам во теретана немам гајле дали некој ќе ми буља во задница или не, дома ми е фино и комотно и не се замарам. Доле носам старки кои ми се само за таа намена бидејќи ме болат табаните ако скокам или возам на Орбитрек боса. Понекогаш ставам и греачи (или како и да се викаат оние што се ставаат кај глуждот долу) ама сега временските услови не го дозволуваат тоа. Кога ролам на стаза носам припиени тренерки или пак хеланки само што обавезно врзувам нешто позади. Горе маичка без ракави, ранец, собрана коса и тоа е тоа.
Надвор од дома најчесто носам 3/4 хеланки, рамбовка и патики. Се уште не сум пронашла патики во кои ќе се чувствувам најудобно додека вежбам, така да.. Или ме стега нешто, или ми се премногу тврди, или лизгаат . Дома кога вежбам носам што ќе најдам. Дали било кратки памучни шорцеви и блуза некоја, дали биле хеланки, не ми е важно воопшто.
Домашно вежбање изведувам во долна тренерка и удобна маица. После долго потење и тешко дишење на Орбитрекот, ја расфрлам маицата и вежбам по секси слабеечки фитслук, во I'm sexy and I know it атмосфера. Патики стандардни за трчање, безимени, а доволно удобни. За пешачење или џогинг надвор носам исти патики, хеланки под колена, маичка со должина под задник и горна тренерка или дуксер.
Ја вежбам во таква маица спортска за вежбање, со беби дол што се, ги знаете де и памучни хеланки. Се во тоа, пошто кога ќе завршам ги исперам и до следното вежбање се суви. А ролери возам во шорцеви и маица било какви.
Вежбам дома и не се замарам многу што ќе носам. Најчесто кратки памучни шорцеви и маица без ракави. Кога возам велосипед хеланки или тренерки
Ако сум дома, спортски градник и хеланки а така може и да отидам и во фитнес центар. За џогинг, носам хеланки, тесна блузичка по прерамки и патики за трчање или старки. Старките ептен си ги сакам ама гледам да ги избегнувам, напорни се. Би носела и спортски градник ама јбг, ги деконцентрирам тие околу мене.
Па вака во хеланки.тренерки,спортски градник панучна маица... Па за патиките најважно ми е да се ниски и најчесто носам стартки или класични патики... значи не ја разликувам но едно е сигурно и каде да сум мора да сум во спортски градник и хеланки и многу ретко во тренерки.... и секако патики
За низ дома, по кратки пантолчиња и спортски градник (комплет ми се). Вежбам боса. За на трчање крај езеро (иако ретко се случува) обична маичка и кратки пантолони, а ако дува сабајле и тренерка. За на фитнес носам рамбовка и шорцеви, или пак хеланки до колена со подолга маичка по прерамки. И удобни патики. Се мислам да одам по спортскиот градник, ама некако не ми е згодно зашто има и повозрасни мажи, па не сакам да ме гледаат. Плус, никоја од женските не носи.
За дома си имам за во лето хеланки и спортски градник, а за во зима тренерки, доле си носам обични удобни патичиња
Каде има низ Скопје убави спортски градници? Обичниве не ми се пријатни за вежбање, а инаку најкомотно ми е во тренерки и пошироки маички. Кога би била во подобра форма би одбрала убави спортски хеланки.
Јас на кеј кога трчам или возам точак/ролерки сум по хеланки маичка со кратки ракави или рамбовка и дуксер....а сеа другарками си купи потполно исто вакво http://smallbustbigheart.com/wp-content ... ke-bra.jpg и кога вежбаме заедно ( трчаме на кеј )она е само по тоа и хеланки А да и секако патиките ги заборавив ...обавезно ама обавезно Пума патиките кои сто ми се посебно наменети за трчање
па тренерки дефинитивно, или некои шорцеви Ако не ти се допаѓа девојката во тренерки, тогаш не ја заслужуваш ни во венчаница.
Вежбам исклучиво дома, па ако сум сама и нема кој да ме начека, си љубам да си вежбам по маичка и хулахопки Звучи смешно, верувајте така и изгледа, ама поудобо се чувствувам отколку во хеланки.