Јас вежбам секое сабајле и плус двапати неделно одам на јога, а и сакам да си носам спортски градници за по дома, па затоа барав поевтини, за да можам да си ги менувам. Ќе ѕирнам во H&M на наредно излегување негде надвор од Македонија, фала
Кога вежбам,најчесто носам хеланки и некоја маичка по кратки.Кога е лето,тогаш носам кратки панталончиња и рамбовка.Патики имам едни специјално за вежбање.
Јас си имам облека која ми е само за теретана. Тренерки, дуксер и патики и нив само на теретана ги носам
Девојки сакам да прашам каде можам да најдам вакво како што вежбаат тие нешто како бејби дол е денес барав во еден бутик и ми даде нешто стварно како бејби ми рече дека е како спортски граДНИК и ми покажа таму едни и сеа сакав да прашам дали се вежба на тоа или има посебни блузи кратки како градник што вежбаат на нив...И каде да ги најдам одприлика колку пари се ...Како да ги барам? Благодарам однапред ...МОжеби прашањата ми се смешни но не се разбирам баш баш...
Jas vezbam vo helanki i maicka so rakavcinja crni,komplet si gi kupiv nike orginal specijalno za toa debelo gi plativ ama smrt nemat prekrasni se i mn komotni,a gi meuvam so trenerki dr.den mi treba uste eden komplet...
Тоа ти е спортски градник, ги има по спортските продавници, цената колку за ориентација на Адидас е околу 1500, Најк се скоро дупло поскапи. Има девојки кои вежбаат во него, но јас лично не би можела зашто сепак под него не се носи ништо, и досега сум го носела само со маичка одозгора.
Многу вложувам во ова затоа што сум спортски тип. А да престанат Најк и Адидас да летаат во облаци со цените не би било лошо.
А што во врска со долната облека, какви гаќички се најдобри за вежбање ако користиме хеланки? Јас си носам памучни, без ластик по рабовите, некако ми се најсоодветни за потење. Е сега малку се познаваат линии ама за танга не помислувам, ми се чини дека ќе се изгњавам до крајни граници. По странски форуми читам дека некои и не носат гаќички под хеланки за вежбање, незнам дали се тоа некои специјални па си имаат свои внатрешни
Каква танга, не бидете луди И јас носам памучни без ластик на рабовите, не се познаваат скоро ич. Па и да се познава некоја линија, пак е минимално, ништо страшно.
Јас не би можела без да носам долен веш, посебно не без гакички. Секогаш си носам килоти, само ги избегнувам моделите со поизразена чипка за да не ми се познаваат. Со или без рабови, не ми менува многу, ретко кога ми се познавал раб воопшто. Инаку, порано постојано вежбав во тренерки. Толку ми станаа антипатични и ми се асоцијација на досаден час по физичко во средно, што дури и по дома не носам тренерки, не памтам кога последно сум купила нови и немам ниту намера. Најчесто сум со хеланки, но од оние понормалните, не сакам претенки хеланки. Си ги купувам од секаде, не ми е воопшто важно да бидат некој бренд, затоа што и онака брзо ми се деформираат и шират кај колената зашто имам изразени ковчиња таму. Имам два поквалитетни пара хеланки од Најк кои ги облекувам само за трчање, зашто не се претенки за да се прашувам дали нешто ми се познава и многу се комотни. Задолжително го тргнувам градникот и си носам спортски, а одозгора облекувам било каква поширока и подолга маичка. Кога вежбам по дома, посебно кога е потопло, си седам само на спортскиот градник. Ниту ми мрдаат градите, ниту пак се познава нешто. Ги држи доволно цврсто за да бидат на место, а сепак да не бидат така стеснети како со класичниот градник. Најчесто вежбам боса, а патики за трчање си нарачав непланирано од Алиекспрес, благодарение на линковите кои ги постираат девојките кога врие од попусти. Баш ми се погодија, подобра зделка немав направено многу време.
јас си имам маичка дали кратка дали со долги ракави сеедно само спортска ,шорцеви ,тренерки или хеланки патики за вежбање секако под маичката имам уште една и појас за потење и коа ке завржам со вежбање го вадам и цела долна маица тотално си ја цедам од пот ахахха
Во каква облека вежбате пилатес? И каде да си купам простирка (чергиче, подлога) за пилатес (ама не ептен скапо)?
Κаде може да се најде споρтсκи гρадниκ, а да не е маρκа(т.е да не е од оние адидас, најκ)? И овие хеланκите за потење, hot slim shapes(незнам точно κаκо се) што ги ρеκламиρаат, дали ги има неκој, има ли ефеκт?
Ja obozavam oblekata za vezbanje i cesto ja kupuvam,gradnici za vezbanje,helanki,maicki i sl. ... Za fitnes nosam obicno helanki ili pak vo leto sorc so maicka ili pak gradnik za vezbanje. Vo ovoj stil ... I patiki udobni,fleksibilni vo koi nogata dise i ne se prepotuva.
Случајно во Xintima во трговски здогледав,имаат спортски градници т.е. повеќе е беби дол но мислам ќе ја врши функцијата.Цената не ја запамтив точно,но мислам беа околу 300 денари.
Спортски градник, по некоја случајност ми е препорачан од доктор пластичар е во Лиска спортс бра 1300 ден е, не е нешто убав, нормален бел и црн има, памучен. Мнг добар за вежбање ( а и за спиење богами ) се изненадив, никогаш веќе обичен прслук не облакам за вежбање. На пазар има имитации околу 300 ден, ако немате големи гради и тој е ок. Барајте беби дол со ластик.