Луѓе каде да најдам хеланки асални? Само не sportm, sportvision... Имам 6 пара адидас, 4F, Nike.. Ништо не ми трае, само за два месеци и толко. Квалитет 0, а цени до плафон.
И јас го имам истиот проблем. Кај нас квалитет скоро и да нема. Од странство купував само oysho, најдобри комплети кои ги имам. Болна сум за да си нарачам и сега, ама немаат shipping до овде. Имам некои hummel хеланки, тие најдобро се покажаа у споредба со овие nike и adidas. Едниот пар го носам веќе трета година, а баш се on a budget солуција. Имаа и попусти во Д спорт кај Гратски парк, цените им се од 700 па нагоре, само малку е фрка за бројчиња.
Јас од Ваикики земав два пара лани, едни за 600 и едни за 450, удобни се и добри се покажаа досега. Ама само црни имаше тогаш.
Имам два чифта Champion хеланки три години немаат мрднато, ликрени(лизгав материјал). А ги перам секоја недела. Дај им шанса, плус за нијанса се поевтини од nike и adidas. Oysho имаат супер облека за вежбање, особено градници, ама тоа по отварање на граници
Нема достава, дел се од инди текс(Зара, Бершка, Страдивариус групацијата) така да Солун или Софија најблизу за шопинг.
Ако имаш прилика и пристап Marks&Spencer. Презадоволна сум, три години ги користам интензивно, и не се мрднати. Плус имаат модели секакви, мене тоа ми беше битно зашто сакам со висок струк што претходно не можев да најдам. Адидас се никакви по мене, имав земено од Германија пред неколку години, ни три месеци мислам не издржаа, од тогаш јок Адидас. Од други истото го имам слушнато и за Најк. За тие трите цртки/ штиклираноно не вреди. Champion мислам имаат се за нијанса подобари, и на допир се осеќа дека материјалот е поубаво ткаен, имам едни кои не се толку интензивно користени само зашто е пренизок струкот за мене. Ама од тоа носење за пилатес, јога и планинарење во ред се.
@LadyR И јас би ти предложила да ги пробаш Champion имам и јас 2 пара скоро 2-3 години не се мрднати ни попуштено ни обелено, а ги имам купено не повеќе од 1500 ден сигурна сум.
Какви патики за вежбање користите? Јас моментално користам едни од Скечерс, ама мора да ги заменам. Барам предлози патики за трчање (на асфалт и земјен пат) и за сала.
Јас користам на најк за трчање, со стелка од мемори пена. Добри се, модел не можам конкретно да кажам, не се сеќавам, а фискалната не ми е при рака сега. Наредно сакам да ги пробам тие на скечерс, имаат добри ривјута, но не би можела да направам споредба меѓу нив и најк.
Јас од Скечерс земав пред три месеци. Ги користев во сала речиси секој ден периодов, ама откако почнав да вежбав високо интензивни кардио вежби минатиов месец, се покажаа доста неудобни при скокање. Фала ти за споделеното искуство, ќе разгледам баш добро пред да купам.
На мене пресудно ми е пробувањето, ако моделот ми е комотен на стапалото на пробата, обично и подоцна ми одговараат. Затоа и кога доаѓам до таков модел, веднаш го земам. Значи не ме стега никаде, убаво легнува стапалото на подлогата, прстите ни ми удараат напред кога ќе пробам да скокнам со нив итн. Затоа и веќе не земам обувки без проба. Мој совет е да отидеш во продавница, да разгледаш и да пробаш пred да земеш Моделот го купив мината есен за некои 45 долари, 2 пара, и со нив трчам на отворено, а сега покрај пандемиава кога вежбам дома нив ги носам, и немам проблем. Проверив сега на и-меил дали ја има фискалната, ама не можам да ја најдам.
@SV1911 јас ги користам на Adidas Galaxy 4. Мислам дека се од поевтните кај нас од патики за вежбање. Ги користев за вежбање по дома и пешачење (просек +15км) и можам да кажам дека се одлични. Нозете имаат одлична потпора, а не се замараат многу. Ми се чини дека моделите на Nike се малце по лесни, по празни, разгледај си и од нивните модели.
https://www.instagram.com/superstacy.mk/ Види овде дали нешто би ти се допаднало. Турски бренд е ова. Материјалот е полиестер, ептен се цврсти и квалитетни. Јас сум презадоволна. На некои модели странично има ептен дискретни џебови, совршени за вежбање надвор. Испораката ја прават за 2-3 работни дена. 1200 денари се (плус испорака 150 ден.)
Девојки, дали носите спортски градник иста велилина со обичните градници, или еден број помал? Јас носам 85В, а гледам на спорт М скоро сите им се до 75В.
Дали ги имате пробано овие сетови од nasto? Каков е материјалот, дали горниот дел е цврст и дава добра подршка?