Имам кученце мало и сакам да му купам облека за да му ја ставам. имам слушнато дека негде има да се продава ама јас не можам да најдам. од битола сум иначе. ако некој знај каде можам да најдам таква работа ве молам да ми пиши. а ако не знајте за битола можи и за скопје да ми кажите па ко ке одам натаму да му купам од таму. ама сепак за битола ако некој знај повеќе ми ми користело. фала однапред.
Абе ти облекувај си го ако сакаш,но јас сметам дека луѓе кои се зависни од мода,розе боја или едноставно им е досадно,не треба да им се дозволи да имаат кученца,особено не од малите раси. Јадни суштества,при нивно крзненце,природна облека,да го малтретираш со машни,капутчиња,панталончиња,врагови...грев е.Си вика пустото,како ли јас да пораснам,па да ја проголтам во еден залак. Точно,да некои се осетливи раси и треба да се облекуваат на ладно,НО тоа е друго,потреба,иако сепак тие се салонски кученца кои не се шетаат за мода,ниту имаат потреба од секојдневно шетање како големите раси.Како и да е и да му натнеш капутче,тоа сигурно нема да го стопли,зошто и како,судете сами,зошто е куче и оди на 4. Парис Хилтон гадно ги зезна животинките.
женска не те прашав јас за мислење дали да го облеквам или не.... прашав дали знај некој..ако знајш пиши ако не не ми давај ти мене мислења шо да прам со кучето... а и не напишав шо раса имам куче.. мене ми треба облека за да не му студи а не за мода. ако знај некој нека кажи..сепак фака однапред.
Уфф...не знам кај беше точно продавницата за облека за домашни миленичиња, ама мислам дека е кај 7ца у центар...побарај
Облекавај го како сакаш,јас си кажав мислење,а по твојот став,јасно е дека малата чивава ќе пати. Кутра чивава...чисто се сомневам дека шарпланинец ќе се дрзнеш да облакаш.
малечко пекинејзерче е мешано со чивава ама мн малце крзно има и надвор ко ке е поладно стално се треси и зал ми е затоа сакав да му купам нешто шо ке го топли. а лилит се лажи дека го малтретирам кучето...напротив претерано се грижам за него како дете мое си го гледам. затоа барав облека за миленичиња а не за да го третирам како барбика..... или да сум модерна.... стално кога ке го покријам со нешто кефој е дека топло му е а ко ќе нема ништо на него се треси ко ќе е ладно.....
Јас на моето му имам купувано од Буњаковец,ма да скоро по сите продавници за миленици има и облека....позз
Е ова би го забранила со закон! Толку ми е напичено и препичено и одвратно! Зарем животинките немаат крзно ,па ајде да ги почовечиме и да ги облечеме во облека каква што носиме ние ! Мизерно! Па тоа е едно обично малтретирање на кутрото животинче ! Зарем не е гревота?!? Се некои глупави моди им истекнуваат на овие фациве ...којзнае до каде ќе дотера светов !
Мене ми е препорачано од еден од најдобрите ветеринари во Скопје да си го облекувам ѕверот мој во зимските месеци. Прво бев голем скептик, ама откако му ја купив првата јакна (да напоменам, не му пречи во никакво обавување на кучешките работи по надвор) престана да се тресе и сега ретко кога настинува. Во други ситуации ни на крај памет не би ми текнало да го облечам. Помодарство со кучиња не се тера. ПС. Пекинезер е.
Јас на мојот малтезер му купив облека. Ја купив Скопје кај Грчка амбасада. Побарај во Бруно дог шоп, кај Мелита, таму сигурно ќе најдеш нешто подобро, мада пекинезерите не се облекуваат. Тие се малку поголеми и не знам дали ќе му најдеш соодветно бројче. Инаку, јас на мојов му купив облека за во постудено време, а му купив и чевлички за кога врне да не му се валкаат шепите. Баш убаво му стои. П.С. ако сепак му купиш облека немој да си му облекла на лето, ќе зорвие во неа!
Моето бушавко нема шанси облека да му облечам, тоа ужива на минусни температури, а снег обожава го јаде, скока во него, спие на снег, на плочки спие, секаде каде е ладно. Самојатче, зимско куче. Видов во прилично висока температура пролетна самојад како го шетаат со јакничка. Алоо јакничка? Замисли се ти на 25 степени со дебела бунда природна и одозгора плус јакна. Луѓево немаат мозок, ги малтретираат животинчињава и тераат мода. Не сум против облеката, ама за мали кученца, за оние со кратко влакно. Тие со долго си имаат природно топло бундиче
Апсолутно сум против терање мода со миленици и искрено да ви кажам ни на крај памет немаше да ми текне на мојата лабрадорка да и купам јакна која штити од дожд и снег. Од многу мазење и пазење почна да ни се разболува често и секоја зима обавезно ја поминуваше со воспалени крајници и што ли уште не. Минатава зима и го купивме јакничето и супер ја помина. Да знаев дека тоа ќе заврши работа уште одамна ќе и земев уште 2 јакни со парите што отидоа на лекови и инјекции Како и да е, воопшто не сакам беспотребно „дотерување“ и малтретирање на милениците.
И јас сум од бт ама кај нас не верувам дека има.Пробај во ветеринарна аптека прашај или во Веро во Тинекс ако има случајно, а во ск мора да има во Бруно
О мај гад, свашта има. На самојед јакна... Аман, да не смрзи... Можда мислат дека на Сибир е потопло па затоа му облекле...
Точно така, покрај нивното крзно, уште облека , јас сум против тоа, зошто сепак самата природа се погрижила за нив и нема потреба да се облекуваат ете евентуално за оние осетливи раси.Па греота е, ем крзно, ем облека...не оди
Братучед ми има пинч, едно малечко, слатко, живо... Му има купено јакна и уште нешто друго, не се сеќавам што беше, ама никогаш, никогаш не го облекол. Мислам дека е греота да се облекуваат животните, да требало немаше да се раѓаат со крзно. А Парис Хилтон треба да ја казнат доживотно, да ја носи најдебелата бунда што постои цел живот и никогаш да не смее да ја соблече, да види таа како е.